Јавниот долг на Албанија 14,1 милијарди евра или 54,02 отсто од БДП, најниско ниво во последните десет години - Канал 5

Јавниот долг на Албанија 14,1 милијарди евра или 54,02 отсто од БДП, најниско ниво во последните десет години

Јавниот долг на Албанија продолжи да се намалува во текот на тековнава година, кој на крајот на јуни, достигнал ниво 54,02% од БДП, наспроти 54,21% на крајот на 2024 година.

Јавниот долг на Албанија 14,1 милијарди евра или 54,02 отсто од БДП, најниско ниво во последните десет години

Ако се претвори нивото на јавниот долг во вредност, на крајот на јуни, тој се проценува на 14,1 милијарди евра, во споредба со 14,2 милијарди евра во март годинава.

Според Министерството за финансии ова е најниската регистрирана вредност на јавниот долг во последните 10 години, која во 2014 година изнесува над 72 отсто.

„Намалувањето на јавниот долг укажува на разумна фискална политика, како и на добро управување со портфолиото во целина. Но, јакнењето на лекот во однос на странските валути, исто така, имаше позитивно влијание врз оваа ситуација, оценуваат од министерството.

Во последните месеци, еврото и доларот се разменуваат на многу ниски, рекордни нивоа, што влијаеше на намалувањето на каматите за долгот на Албанија во странска валута.

„Перформансите во наплатата на приходите, исто така, имаа влијание врз намалувањето на нивото на долгот. За периодот јануари - јуни 2025 година, приходите достигнаа околу 366 милијарди леки, што споредено со истиот период, е околу 22,8 милијарди леки или 6,7% повеќе, стои во објавата на министерството.

Главната цел на Министерството за финансии ќе продолжи да биде фискална консолидација, држење на трошењето под контрола и зголемување на приходите, со цел намалување на нивото на јавниот долг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англиски репрезенативец желба на Манчестер Сити

Елиот Андерсон е цел на Сити, но клубот од Манчестер ќе мора  добро да го „отвори кесето“ за да дојде до неговиот потпис.

Англиски репрезенативец желба на Манчестер Сити

Добро познат факт е дека англискиот репрезентативец Елиот Андерсон е прв избор на Енцо Мареска за позицијата централен играч за врска во редовите на Манчестер Сити, но „граѓаните“ ќе мора да дадат се од себе за да го омекнат срцето на Нотингем Форест.

Како што објавува „Атлетик“, клубот на Андерсон ја одбил првата понуда на вицешампионот на Англија, со цел да стигне до рекордна сума за домашен играч.

Рекордот го држи фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс, кој се пресели на „Емирати“ од градскиот ривал Вест Хем за 105 милиони фунти.

Се чини дека Андерсон созреал за такво нешто, бидејќи во претходните две сезони откако дојде од Њукасл на „Сити Граунд“ стана еден од најдобрите играчи во Премиер лигата на својата позиција. И покрај значително послабата втора сезона во Форест отколку што беше во неговото деби, пазарната вредност на Андерсон не се намали.

Покрај тоа, според податоците од „Трансфермаркет“, на почетокот на овој месец таа достигна највисоки 75 милиони евра, што е за 15 повеќе од 60-те милиони колку што вредеше на крајот на минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Освоил шест милиони евра на лотарија, но заборавил да ги подигне

Со години, милиони луѓе ширум светот сонуваат за истиот момент - дека нивниот лоз, тикет, ливче ќе донесе добивка од милион долари на лотарија.

Освоил шест милиони евра на лотарија, но заборавил да ги подигне

Додека некои редовно инвестираат значителни суми, верувајќи во среќата и статистиката, повеќето играат само повремено, издвојувајќи неколку евра со надеж дека само тој мал облог би можел да им го промени животот.

Сепак, иако речиси секој сонува за голема добивка, понекогаш се појавуваат приказни кои покажуваат дека има и такви кои никогаш не ги бараат своите добивки.

Случај како овој неодамна привлече големо внимание во Белгија.

Добитникот на шест милиони евра никогаш не се појавил.

Белгиската национална лотарија објави дека од 1 јули до крајот на годината ќе го зголеми почетниот џекпот од сегашниот еден милион на дури 1,5 милиони евра. Причината за оваа необична одлука лежи во фактот дека добитникот на дури шест милиони евра, освоени на крајот на декември минатата година, никогаш не ги побарал своите пари.

Добитниот тикет бил потврден во белгискиот град Бланкенберге за време на специјалното новогодишно извлекување, но лицето кое ги освои милионите никогаш не се појавило да ја подигне наградата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Се врати кралицата на минијатурните бикини

-Познатата убавица едвај ги собра бујните гради во минијатурното бикини.

Фото: Се врати кралицата на минијатурните бикини

„Летото навистина ти одговара“, напиша еден следбеник, додека друг рече: „Итно ми треба ваков одмор“.

Членката на кланот Кардашијан Џенер, младата бизнисменка Кајли Џенер го започна летото на начин што го привлече вниманието на милиони следбеници низ целиот свет.

Познатата бизнисменка и основачка на козметичкиот бренд „Кајли Козметикс“ отпатува со своите најблиски пријатели на луксузен одмор, каде што беше организирано посебно собирање за да се прослави нејзиниот бренд.

Атрактивната ријалити ѕвезда и инфлуенсерка секојдневно ги споделува своите моменти од одморот на социјалните мрежи, но овој пат беше фотографирана од папараците додека позира со пријатели на плажа и ужива во брановите.

За фотосесијата на брегот, Кајли избра многу впечатливо бикини во камуфлажен дезен, отстапувајќи од розовата естетика што го карактеризираше поголемиот дел од нејзиното патување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер