МакедонијаЈавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен редЈавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.-По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација што работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот. Во петок и недела дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација - соопшти ЈСП - Скопје. Од ЈСП-Скопје информираат дека Жичницата од петок до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник, вообичаено како и секој понеделник - нема да работи. -Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови - додадоа од ЈСП - Скопје.Тагови: ЈСП Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook