Јавна трибина за аерозагадувањето во Скопје и инспекцискиот надзор

Јавна трибина за аерозагадувањето и инспекцискиот надзор над загадувачите во Скопје ќе биде одржана денеска во Општина Аеродором во органзиација на Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Зелен институт".

Трибината е во рамки на проектот „Платформа за координација и граѓанско учество во инспекциски надзор врз загадувачите на воздухот" имплементиран во Градот Скопје и четири пилот-општини (Карпош, Центар, Аеродром и Гази Баба), а поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Организаторите истакнуваат дека аерозагадувањето во Скопје е на високо ниво и неопходно е да се прошири обемот на досега спроведените мерки, а особено во однос на инспекторирање на индустриските загадувачи. Предлагаат повеќе мерки, меѓу кои и подигање на капацитетите и координацијата на инспекторите за животна средина во Градот Скопје и општините и вклучување на граѓаните во инспекцијата на изворите на аерозагадувањето од индустријата.

Во проектните активности спаѓа и обука на инспекторите за животна средина од сите скопски општини, заедно со оние од Градот Скопје, за покоординирано и поефикасно работење. Предвидено е во секоја од општините и во Градот Скопје да се одржат панели со различни општествени актери кои можат да влијаат врз квалитетот на воздухот (инспектори за животна средина, советници, градоначалници, граѓански активисти, претставници од изворите на загадување, медиуми и др.), за да се изнајдат начини за намалување на загадувањето.

Искуствата од овој проект ќе можат да се применат и во други општини, со крајна цел – максимална мобилизација на целото општество во борбата со опасното загадување на воздухот и заштита на животот и здравјето на граѓаните, велат од „Зелен институт". /МИА

Се огласи човекот, чие шише го погоди Ѓоковиќ: Мислат дека ова го направив намерно (ВИДЕО)

По големиот инцидент кој се случи по натпреварот од второто коло на Мастерсот во Рим, а кој Новак Ѓоковиќ го реши во своја полза, се огласи човекот кој беше актер на целата ситуација.

Во прашање е извесен Марио Фери Фалко, инфлуенсер кој се огласи на социјалната мрежа Инстаграм објавувајќи видео на кое прво се извинува за сѐ што се случи.

-Сакам да се извинам за тоа што се случи на турнирот во Рим откако Ѓоковиќ го заврши својот меч. Моето шише со вода се лизна и падна врз главата на Ѓоковиќ. Многумина мислат дека тоа го направивме намерно, но шишето само се лизна - рече тој, па додаде:

- За жал, вакви работи се случуваат. Се надевам дека не е повреден. И јас му се извинив. Сакав да им кажам на оние кои ме навредуваат, дека тоа не го направив намерно, туку случајно.

За среќа, со Ноле сѐ е во ред, па дури поминал без конци на главата и го одработил тренингот пред мечот со Алехандро Табила.

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата средба со ВЛЕН

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. 

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети

Во Скопје се одржува прв Меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети. Целта е преку размена на искуства овие студенти да напредуваат во кариерата, но се дискутираше и за појавата на вештачката интелигенција и нејзиното влијание.

Техничките професии се едни од најценетите во светски рамки. Кадарот од електро-техничкиот сектор е еден од најбараните во индустријата, каде забрзано се користат иновативни решенија.

Студентите од техничките факултети велат дека поседуваат квалитет за нашите компании. Тие веруваат дека земјава ќе го искористи нивниот потенцијал. Во спротивно, заминување во странство не е исклучено како опција

Преку вмрежување, до подобри знаења и усовршување во кариерата што следи. Тоа е главната цел на годишениот прв меѓународен конгрес на студенти од техничките факултети кој се одржува во Македонија.

Студентите од земјава се почесто пројавуваат интерес за сопствен бизнис, од кој, како што велат, бенефит ќе има и самата држава.

Преку креирање на мерки, земјава мора да најде начин како квалитетните студенти од техничките факултети ќе ги задржи тука, со цел да се сопре одливот на мозоци од државава.

Вештачката интелегенција е една од темите на годишениот конгрес, и студентите велат – таа нема да не уништи како човештво, туку значително ќе ни го олесни животот.

На конгресот, кој завршува утре, студентите од земјава и регионот ќе имаат можност да проследат покрај предавања на актуелни теми од сите области на електротехниката и информациските технологии, и теми поврзани со длабоко учење, невронски мрежи и хибридни комуникациски системи.

притисни ентер