Јавна расправа за предлог-законот за Совет на јавни обвинители во матичната собраниска Комисија - Канал 5

Јавна расправа за предлог-законот за Совет на јавни обвинители во матичната собраниска Комисија

Со оглед на тоа дека Советот на јавни обвинители меѓу другото одлучува за изборот и напредувањето на јавните обвинители, како и изборот на шефови на обвинителствата, а цел да се избегне привидот во јавноста дека има преговарања, договарања ...

Јавна расправа за предлог-законот за Совет на јавни обвинители во матичната собраниска Комисија

Со оглед на тоа дека Советот на јавни обвинители меѓу другото одлучува за изборот и напредувањето на јавните обвинители, како и изборот на шефови на обвинителствата, а цел да се избегне привидот во јавноста дека има преговарања, договарања и долги постапки предвидовме куси рокови во кои Советот е должен да постапи, истакна меѓу другото професорската Александра Деановска – Трендафиловска, која е дел од работната група, која го креираше законот, на денешата јавна расправа по предлог-законот во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Целта на ова законското решение, кое Комисијата на седница на 27 март го усвои во прво читање е зајакнување на улогата на Советот на јавните обвинители за успешно спроведување на надлежноста за гаранции за самостојноста на јавното обвинителство, во согласност со стандардите на ЕУ. Законот го предлага Министерството за правда, а Владата на седница во февруари го утврди текстот, со кој треба да се зајакнат независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.

Деановска – Трендафиловска нагласи дека овој закон паралелно е граден со законот за Јавното обвинителство и целта е со него да се зајакне улогата на Советот.

Таа истакна дека во текот на неговото градење била дадена препорака од странските партнери за депрофесионализација, но потоа и во консултација со Венецијанската комисија е утврдено дека член во Советот е неспоиво со вршење други јавни функции.

Говореше и за критериумите и начинот на избор на членови на Советот, осврнувајќи се на одредбата за избор од редовите на истакнати правници, нешто што беше предмет на различни мислења и во однос на законот за Судски совет.

Согласно предложеното законско решение во членот 6 се уредува Состав на Советот, кој е составен од 11 члена.

-Советот е составен од 11 члена, од кои: по функција член на Советот е јавниот обвинител на Република Македонија, еден член на Советот избираат јавните обвинители во Државното јавно обвинителство, од своите редови, по еден член на Советот избираат јавните обвинители од подрачјата на вишите јавни обвинителства Битола, Гостивар, Скопје и Штип, од своите редови, еден член на Советот - припадник на заедница која не е мнозинство во Република Македонија, го избираат сите јавни обвинители во Република Македонија, од своите редови и четворица членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на меѓународни судови и членови на други меѓународни правосудни тела и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија - стои во предложеното законско решение.

Професорката Деановска – Трендафиловска нагласи, член на Советот може повторно да биде избран, но не последователно, односно мора да помине период од четири години.

-Тоа е со цел да немаме луѓе, кои ќе заседнат на оваа позиција, бидејќи таквите позиции се ранливи - рече таа.

Додаде дека гласањето во Советот може да биде само „за“ или „против“, односно нема можност некој да биде воздржан.

-Никој не е избран во Советот, а да нема храброст аргументирано да го изрази својот став - рече таа.

Професорката Ана Чупеска, истакна дека преку законите треба да се врши распределување и ограничување на моќта, а според неа низ овој закон се инсталираат авторитарни тенденции во нашето општество.

-Правото не смее да биде само формална прекривка за политичко самоволие, и како граѓани и како интелектуалци имаме право да ги деконструираме овие решенија, рече таа.

Таа изнесе неколку забелешки меѓу кои дека процесот на негово градење бил неинклузивен и со дефицит на дијалог. Смета дека со него се воспоставува хиерархиска доминација, се врши политизација на, како што рече, лаичките членови, со избор со просто мнозинство, а се врши, вели, и внатрешна чистка преку спуштање на критериумите.

Професорката Ружица Николовска, меѓу другото, се осврна на составот на Советот, одосно на четворицата членови, кои ги бира Собранието од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на меѓународни судови и членови на други меѓународни правосудни тела и други истакнати правници, нагласувајќи оти е потребно да се дефинира што значи членови на други меѓународни правосудни тела.

Во однос на критеримите по кои може да се пријави некој за член на Советот, кој го избира Собранието, што е регулирано во членот 34, таа рече дека во однос на критерумите „да се истакнал со научна или професионална работа за прашања од областа на правосудството“ и “ да се истакнал со свое јавно делување во заштита на владеењето на правото, независноста на судството и човековите права“, смета дека исто така треба појасни дефиниции, со оглед на тоа што, како што рече, некои припадници на фелата се истакнуваат преку јавни настапи, учество во дебати, но дали тоа има реален импакт врз подобрување на состојбите.

Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во судот во Стразбур, пак, истакна дека многу членови во предлог-законот се делакративни и прашање е колку навистина ќе може да се имплементираат во пракса.

Таа меѓу друготот се осврна на самостојноста на Советот и што таа всушност значи.

-Советот е самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Советот во вршењето на своите надлежности соодветно ги применува одредбите од Законот за употреба на јазиците - стои во членот 2 од предлог-законот.

-Првиот дел е мошне декларативен во однос на тоа што значи самостојност, но и покрај тоа направен е обид малку појасно да се уреди самостојноста, рече таа и додаде дека тоа понатаму е мошне важно во однос на она што се дава како можност за судска заштита, односно постапка пред управни судови.

Таа зебележа и зошто тука е споменат само Законот за употреба на јазиците, нагласувајќи дека Советот треба да има предвид многу други закони.

Во однос на составот нагласи дека има напредок, но додаде дека повторно се провлекува прашањето истакнат правник, при што смета дека со закон не е соодветно да се дефинира оваа категорија и сугерираше да се стори нешто во таа насока.

Клучни измени во предлог-законот, како што посочи претходно Министерство за правда, се: детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се поведува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот; засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на државниот јавен обвинител, вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието.

Исто така, со законот треба да се овозможи зајакната транспарентност на работата на Советот преку јавност на второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци за заштита на личните податоци, угледот на странките и други легитимни интереси; воведување прецизни и јасни критериуми за избор на членови на Советот, со кои се гарантираат стручност, искуство и интегритет по примерот на новиот Закон за Судскиот совет и детално уредена постапка за разрешување член на Советот, со прецизирани рокови и јасни критериуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Група научници пронашле поврзаност помеѓу употребата на марихуана и насилството

Иако консумирањето марихуана најчесто се поврзува со релаксација, група научници откриле неочекувана поврзаност со насилството.

Група научници пронашле поврзаност помеѓу употребата на марихуана и насилството

Futurism пренесува мета-анализа на студии за канабисот, објавена минатиот месец од тим истражувачи во Обединетото Кралство во списанието *Psychological Medicine*, која утврдила значајна поврзаност помеѓу употребата на канабис и „зголемениот ризик од насилство“.

Клучен наод на истражувањето е дека корисниците на канабис се статистички посклони кон вршење насилни дела. Понатаму, студијата покажала дека преку консумирање на оваа дрога, особено жените и мешаните групи испитаници се под зголемен ризик да станат жртви на насилство.

Истражувачите не тврдат дека дрогата директно поттикнува насилство, бидејќи за тоа сè уште не постои научен консензус. Сепак, резултатите „ја истакнуваат важноста од решавање на ова прашање, како на општествено, така и на клиничко ниво“, се наведува во трудот.

Сложениот однос и бројните фактори

„Како некој што работи на клиника, имам видено како интензивната употреба на канабис може да биде еден од факторите што придонесуваат за насилство“, изјавила коавторката на студијата, Марта Ди Форти, професорка на „Кингс колеџ“ во Лондон (King's College London).

„Како што канабисот станува сè повеќе комерцијализиран и легализиран ширум светот, дискусијата за ризиците главно се фокусираше на поединецот што го користи“, додава коавторот сер Робин Мареј, професор по психијатриски истражувања на „Кингс колеџ“. „Овој преглед покажува дека насилството – без разлика дали станува збор за сторител или жртва – исто така мора да биде дел од тој разговор.“

Ризичните ситуации и менталното здравје

За потребите на оваа студија, истражувачите анализирале 63 студии за канабисот, кои опфаќале вкупно нешто повеќе од 265.000 учесници. Научниците утврдиле дека корисниците на канабис „можат да се доведат во ризични ситуации“, што би можело да ја објасни нивната „зголемена ранливост“ на насилство. Понатаму, корисниците можат да бидат изложени на влијание од „луѓе од нивната околина кои користат други дроги или се вклучени во криминални активности“. Ризикот од насилство бил поизразен кај психијатриските пациенти. Претходните истражувања покажале дека лицата кои веќе страдаат од нарушувања на менталното здравје, како што е психозата, може да доживеат „полоши клинички исходи“ ако продолжат да користат канабис.

„Со оглед на повисоките стапки на употреба на канабис кај лицата со тешки ментални нарушувања во споредба со општата популација, тие претставуваат особено високоризична популација во однос на насилното однесување“, се наведува во трудот.

Препораки за општеството и клиничката пракса

Истражувачите изнеле неколку клучни препораки. На општествено ниво, тие сугерираат дека „насилството треба да се земе предвид заедно со другите утврдени штети поврзани со канабисот при развивање стратегии за превенција, кампањи за јавно образование и регулаторни политики“.

На клиничко ниво, истражувањето ја истакнува „потребата стручните лица за ментално здравје рутински да ја проценуваат употребата на канабис кај лица кои покажуваат насилни тенденции, особено кај оние со тешки ментални болести“.

Сепак, за да се добие појасна слика за врската помеѓу употребата на канабис и насилството, идните студии ќе треба да ги „разоткријат причинско-последичните релации“ со подетално истражување како, зошто и кога луѓето ја користат дрогата. Понатаму, студиите треба „да испитаат дали намалувањето на употребата на канабис преку клинички или интервенции во јавното здравство води до намалување на насилното однесување“, заклучуваат истражувачите.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едноставен трик за поховани тиквички кои се меки однатре, а крцкави однадвор

Идеални за ручек, вечера и ужина.

Едноставен трик за поховани тиквички кои се меки однатре, а крцкави однадвор

Благодарение на благиот вкус и меката внатрешност, похованите тиквички со златна коричка се одличен избор за ручек, вечера и лесен оброк помеѓу главните јадења. Може да се послужат самостојно, со омилениот сос или како прилог со месо и други специјалитети.

Освен што едноставно се приготвуваат, тиквичките се зеленчук кое лесно се вклопува во различни комбинации. Содржат малку калории, а се добар извор на витамини и минерали, вклучувајќи го витаминот C, калиумот и растителните влакна. За побогат вкус, може да ги збогатите со рендан пармезан или омилените зачини. Со неколку основни состојки и малку време, ќе добиете вкусно јадење кое ќе им се допадне дури и на оние кои не се големи љубители на зеленчук.

Состојки:

2-3 рендани тиквички

2 јајца

шолја брашно

шолја лебни трошки

пола шолја рендан пармезан

сол и бибер по вкус

масло за пржење

свеж магдонос за декорација

Начин на подготовка:

Тиквичките добро измијте ги и исушете ги со кујнска хартија. Исечкајте ги на кругови со дебелина околу половина центиметар. Потрудете се парчињата да бидат со приближно иста дебелина за рамномерно да ги испржите. Во чинија истурете брашно, во друга изматете јајца со малку сол и бибер, а во трета ставете лебни трошки. Ако сакате тиквичките да имаат уште побогат вкус и изразена коричка, во лебните трошки додајте рендан пармезан и добро измешајте.

Секое крукче најпрво извалкајте го во брашно, а потоа натопете го во изматените јајца, на крај добро извалкајте го во лебните трошки со пармезанот. Гледајте смесата да ја прекрие целата површина на тиквичката за при пржењето да добие крцкава кора.

Во поголема тава загрејте доволно масло на средно јака температура. Потоа внимателно спуштајте ги крукчињата од тиквичката и пржете ги 2-3 минути од секоја страна, односно додека не добијат убава златно - кафена боја и не станат крцкави.

Готовите тиквички ставете ги во чинија со обложена кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло. По желба посипете ги со свеж копар или магдонос, и послужете ги додека се топли.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка монструм: Отишла во Лас Вегас да се коцка и пет дена ги оставила сами четирите мали деца (ВИДЕО)

Мајка на четири деца од Флорида е уапсена на аеродром откако наводно ги оставила своите деца сами дома со денови додека патувала за Лас Вегас.

Мајка монструм: Отишла во Лас Вегас да се коцка и пет дена ги оставила сами четирите мали деца (ВИДЕО)

Ирена Милер, 50, беше приведена од заменик-шерифската канцеларија на округот Осеола веднаш штом излезе од авион на меѓународниот аеродром Орландо во петокот.

Снимките од камерата на телото покажуваат како полицајците се приближуваат кон Милер, која носела кафеав деловен костум и шал, на мостот за заминување, а потоа ја шетаат низ аеродромот до полициското возило што чека, објавува „Дејли меил“.

Потоа таа била однесена во канцеларијата на шерифот, каде што била обвинета за четири обвиненија за занемарување на дете без да предизвика сериозни телесни повреди и е приведена во затворот во округот Оринџ.

Полицајците изјавија дека истрагата за наводното занемарување на дете од страна на Милер започнала откако добиле телефонски повик кратко по 20:30 часот во среда.

Во повикот, малолетник пријавил дека неговиот деветгодишен брат бил удрен од тег што му паднала на главата во нивниот стан на булеварот Парквеј во Кисими.

Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, пронашле четири деца, на возраст од девет, 11, 12 и 14 години, без надзор.

Деветгодишното момче било однесено во болница со брза помош и противпожарна служба поради повредите. Подоцна бил пуштен од болница.

Во меѓувреме, полицајците успеале да ја контактираат Милер по телефон, која наводно им рекла дека работи во Лас Вегас и планира да се врати дома во петок.

Истражителите подоцна дознале дека Милер отпатувала во Лас Вегас на 18 октомври, пет дена пред нејзиното закажано враќање дома.

Според нејзините објави на социјалните мрежи, Милер, професионална фотографка, изгледа работела со клиент поврзан со франшизата „Better Homes and Gardens Real Estate“.

Таа наводно им рекла на заменик-шерифите дека има дадилка која патува од Тампа секое утро за да ги подготви децата за училиште и дека дадилката ќе ги проверува попладне, но дека не ѝ треба дадилката да преноќи.

По разговорот со децата, заменик-шерифите го контактирале таткото на децата, кој ги вратил сите четири деца во својот дом.

Кога Милер слета на меѓународниот аеродром во Орландо во петокот, заменик-шерифите ја чекаа и ја уапсија на местото на настанот.

„Канцеларијата на шерифот на округот Осеола нема да толерира занемарување на деца“, рече шерифот Крис Блекмон во соопштението.

„Овие случаи ќе бидат истражени и ќе бидат поднесени обвиненија против родителите кои не ги надгледуваат или не се грижат правилно за своите деца.“

Не е јасно дали мајката-монструм ангажирала адвокат да зборува во нејзино име.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер