Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
МакедонијаЈавна расправа по предлог измените на Законот за извршување на санкциите Подобар и посигурен затворски систем со големо внимание на правата на затворениците од аспект на образование, здравствена заштита и правото на работа.Цел на предлог измените на Законот за извршување на санкциите е подобар и посигурен затворски систем со големо внимание на правата на затворениците - од аспект на образование, здравствена заштита и правото на работа. Се прецизираат и некои надлежности на Кривичниот совет, наспроти надлежноста на Судија на извршување на санкции. Се внесуваат измени во делот на санкциите и прекшоците од аспект на „Безбеден град“, а се става акценти на обуката на сите вработени во затворскиот систем и и понатамошно запознавање со европски стандарди. Ова беше порачано на јавната расправа по Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Управата за извршување санкции при Министерството за правда и Македонското пенолошко друштво. Директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда, Александар Пандов, посочи дека работната група која работела околу година на предлог законските измени била составена од професори, судии, вработени во Управата за извршување санкции, од затворски синдикат, затворска полиција и институции, како Фондот за здравство и МОН. -Се надевам дека со овие измени, кои најверојатно ќе бидат изгласани по локалните избори ќе имаме подобар и посигурен затворски систем. Интенцијата и целта на овие измени е токму тоа, изјави Пандов. Моменталната состојба во затворите во Македонија, нагласи Пандов, е таква што оној што работи со доживотни затвореници во Идризово и оној што работи со затвореници со казни до три години затвор, имаат иста плата, што според него треба да се наметне како тема и да се направат промени. -Ќе се обидам и ќе ги кажам моите видувања на јавната дебата, бидејќи секако тоа би имало финансиски импликации, да има промена и плус мотивација... Тоа во комунизмот било ок, мислам дека сега како општество треба, не тврдам, меѓутоа таа работа сакам да ја отворам и ќе се обидам ја сменам. Луѓето кои што работат во Казнено поправни домови имаат различна плата од останатите, тука најверојатно ќе се побара форма и за Затворот Скопје, изјави Пандов. Во делот на здравствената заштита, според Пандов, законски стоиме добро, но она што не е во ред, е што има мал број здравствени работници во затворите. -Бараме од Министерство за здравство да најдат вработени кои што ќе работат во затворите, за жал моменталната состојба е многу лоша. Ако ги мериме, еден здравствен работник на бројот на осуденици, тоа мислам деке е една од ретките земји сме во светот каде што има толку мал број здравствени работници во затворите. Кај нив е направена стимулација да има плус 30 проценти додаток на ризик, меѓутоа веројатно тоа повторно не е доволна стимулација за луѓето да се вработуваат, изјави Пандов. Во однос на образованието, Пандов, посочи дека веќе има разговарано со Државната секретарка и со министерката за образование, и верува дека за многу краток период ќе се направат првите работи. -Првично во Воспитно-поправниот дом Волквија, а подоцна и во сите останати затвори да овозможиме на затворениците да имаат образование, изјави Пандов. Пандов, во рамки на дебатата, изнесе и свои видувања, дека се зацврстува статусот на интервентната единица и единицата за затворски разузнавање. -Мислам дека ќе биде од огромна помош за нас. Има таква единица во затворот Идризово и ќе гледам во следниот период да биде подобро формирана и технички опремена. Верувам дека не само што ќе добиеме информации, туку ќе се зголеми и безбедноста во затворите, изјави Пандов. Професорката Гордана Лажетиќ, која е претседателка на работната група за подготовка на предлог измените на Законот за извршување на санкциите, рече дека извршувањето на санкциите е исклучително важна фаза, финале на кривичната постапка и наша главна задача е да го унапредиме и зајакнеме целиот систем и направиме поефективен со поголема отчетност и да се воведат одредби кои ќе значат олеснување и во делот на работа на судиите, и во делот на комуникација меѓу органите и секако усогласување со измените на проектот „Безбеден град“. -Се прецизираат некои надлежности на Кривичниот совет, наспроти надлежноста на Судија на извршување на санкции. Понатаму, се внесоа измени во делот на санкциите и прекшоците од аспект на „Безбеден град“, како ќе оди извршувањето на тие санкции. Одложената примена ни е усогласена со тие примени. Посветивме големо внимание на правата на затворениците. Од аспект на образование, здравствена заштита, правото на работа и сето тоа е усогласено со измените во МОН и измените во делот на здравство, бидејќи извршувањето санкции мора да биде сублимат и усогласено со сите тие, односно положбата на осудените лица да биде на едно задоволително ниво. Посебно внимание се посвети и на обуката, на сите вработени и во Управата и во затворскиот систем, затоа што зголемување на компетенции и понатамошно запознавање со европски стандарди е нешто што е континуиран процес. Акцент се стави на континуираната обука, носење посебна годишна програма, секако сето тоа во координација и знаење со директорите на затворите, кои знаат што потреби имаат во секоја една установа, изјави Лажетиќ. Според Лажетиќ за многу прашања било дискутирано, меѓутоа се уште не е моментот тоа да биде инкорпорирано во законот, затоа што барапосистемско решение, како што се економиите во затворите, дали и како да бидат самоодржливи. Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите беше објавен на ЕНЕР и по завршување на јавната дебата и пристигнатите мислења Работната група ќе направи финални предлог законски решенија. Со Законот за извршување на санкциите се уредува извршувањето на санкциите изречени за кривични делa и прекршоци. Тагови: Александар Пандов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00