Јавна дебата за нацрт-стратегијата за развој на културата 2018-2022 - Канал 5

Јавна дебата за нацрт-стратегијата за развој на културата 2018-2022

Министерството за култура денеска во Музејот на современа уметност од 10 часот ќе организира јавна дебата за нацрт-стратегијата за развој на културата на Република Македонија за периодот од 2018 до 2022 година.

Јавна дебата за нацрт-стратегијата за развој на културата 2018-2022
Дебатата ќе има општ воведен дел во кој е најавено обраќање на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, а советникот Златко Теодосиевски ќе ја претстави подобрената верзија на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој 2018-2022.

Потоа, сите присутни во неколку панел групи по дејности ќе може да ги споделат своите идеи околу идната стратегија во културата за наредните пет години.

- Покрај дебатата, за сите апликанти на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во областа на културата за 2018 година ќе има инфо-штанд каде што заинтересираните ќе може да ги споделат своите искуства и да постават прашања за апликациите, соопшти Министерството за култура. /МИА


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 09.09.2026 година (среда) на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Прскањето ќе се одвива на водни површини.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Алтернатива за Германија  извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт, далеку пред главните ривали. Пренесува Би-Би-Си.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Прелиминарните резултати покажуваат дека не успеала да освои апсолутно мнозинство, но AFD вели дека добила мандат за влада.

Крајнодесничарската AFD обезбеди 43,8% од гласовите, а конзервативната CDU 17,2%, според прелиминарните резултати на покраинската изборна комисија. Харизматичниот лидер , Улрих Зигмунд, рече дека тоа е „сензационално“ и дека сакаат да започнат со управување што е можно поскоро.ниту една крајно десничарска партија не ја освоила контролата врз германска покраина од втората светска војна, а управувањето на покраинско ниво би значело овластувања врз полицијата, локалното образование и културата. Саксонија-Анхалт има мало население од 2,1 милиони жители, а AFD во покраината е оценета од домашните разузнавачки служби како „десничарски екстремистичка“, класификација што ја отфрли 35-годишниот Зигмунд. ФД се залага за строги ограничувања за имиграцијата, обновување на врските со Русија, намалување на поддршката за Украина и напуштање на еврозоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби

Денеска треба да продолжи судскиот процес за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој еден од обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Денеска продолжува  судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби

Во предметот обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, кои најавија изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци. Според обвинението Артан Груби и уште седум лица се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари. На обвинетите им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Првообвинетиот, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, и натаму е недостапен за органите на прогонот, додека за Груби обвинителството бара продолжување на мерката куќен притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер