Јаревски: Помина првата фаза од Законот за работно ангажирање на лица предложен од ВМРО-ДПМНЕ - Канал 5

Јаревски: Помина првата фаза од Законот за работно ангажирање на лица предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Вчера на пленарната седница помина првата фаза од носењето на Законот за работно ангажирање на лица предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а подржан од повеќе парламентарни партии.

Јаревски: Помина првата фаза од Законот за работно ангажирање на лица предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Законот ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, сузбивање на неформалната економија и подобра контрола на спроведување на трудовото законодавство. Со овој пропис се регулира начинот на воспоставување на работни ангажмани со или без прекини кои ќе имаат значајна улога за вклучување на одредени категории лица во рамки на формалната економија.

Остварениот паричен надоместок на работно ангажираното лице, не влијае врз губење или остварување на права стекнати согласно прописите од областа на социјалната и детската заштита, старосна и семејна пензија, по основ на осигурување во случај на невработеност и невработените не се бришат од евиденцијата на невработени лица, Студентите не ги губат правата стекнати по основ на посебните закони од образованието и на други права утврдени со посебни закони.

Законот дава можност и заштита за ангажман и за средношколците односно за лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос;

Овој Предлог на Закон за работно ангажирање лица ќе ја поедностави постапката на работно ангажирање преку воведување на поедноставен систем за регистрација, кој ќе биде управуван од Агенцијата за вработување на Македонија. Даноците и социјалните придонеси ќе се обработуваат и плаќаат преку системот кој го администрира Управата за јавни приходи, а важно за нашата држава е што јавните институции нема да подлежат на трошоци за надградба на информациските системи и обуката на јавните службеници.

Ќе се поттикне фер конкуренција, осигурувајќи дека сите работодавачи ќе можат да ангажираат работници под исти услови, особено во периоди со зголемен обем на работа, создавајќи поинклузивен и подинамичен пазар на труд.

Дополнително, оваа правна рамка ќе помогне во надминување на недостатокот од работна сила, ќе ја зајакне економската стабилност и ќе го подобри спроведувањето на мерки за работа со овие категории граѓани за јакнење на нивните вештини и капацитети правејќи ги конкурентни на пазарот на трудот.

За крај, имајќи го предвид фактот што ова креативно законско решение за првпат во изминативе 30 години регулира опсег и опфат што досега не беше регулиран, имајќи ги предвид нашите заложби и одговорен пристап дозволете да го најавам одржувањето на јавната расправа за Законот на која ќе бидат поканети сите засегнати страни и сите кои имаат желба да допринесат со своите забелешки и размислувања, рече Тони Јаревски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Мадона објави видео на „TikTok“ со нејзиното момче Аким Морис.

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата Принцот од Бел-Ер додека свири песната „Anxiety“ од раперот Доечи. Во ова видео Мадона нема шминка на лицето.

@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety - Doechii

Таа е лежерно облечена во широки панталони, преголема кошула и јакна, додека Аким е во спортски костим.

Овој танцов тренд започна минатиот месец кога Вил Смит рекреираше сцена од серијата со поранешната колешка Татјана Али.

@willsmith Waited 35 years for this dance to trend. Ib: @Mimii ♬ Anxiety - Doechii

Аким, поранешен колеџ фудбалер, ја запозна Мадона во август 2022 година, иако ја потврдија романсата две години подоцна. Мадона ја објави нивната врска во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.

Двојката неодамна беше фотографирана на покривот на лондонскиот хотел „Бродвик Сохо“. Пејачката и нејзиното момче биле облечени лежерно и се држеле за рака. На Мадона во еден момент и пречеа фотографите, на кои им го покажа средниот прст.

Извор: Индекс.хр

Алкараз трет полуфиналист во Барселона

Вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона, откако попладнево во два сета го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 7: 5, 6:3.

 EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Алкараз до триумфот над седмиот играч на АТП листата дојде по еден час и 39 минути.

Шпанскиот тенисер освои четири гемови на сервисот на противникот, дозволувајќи му на Де Минор два брејка.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Циципас-Фис.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Хачанов и Руне.

Фото: ЕПА

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

 Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп.

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на вистината“.

- Речиси 60 години по трагичниот атентат на сенаторот Роберт Кенеди, американскиот народ за прв пат ќе има можност да ја разгледа истрагата на федералната влада благодарение на раководството на претседателот Трамп, напиша Габард.

Управата за национална архива и документација на САД објави околу 229 датотеки што ги содржат тие страници на својата веб-страница.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите федерални документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Во средината на март, американската влада почна да ги објавува преостанатите доверливи документи за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година во Далас./МИА

притисни ентер