Јапонските навивачи повторно си ја изчистија трибината по мечот! - Канал 5

Јапонските навивачи повторно си ја изчистија трибината по мечот!

Навивачите на фудбалската селекција на Јапонија уште еднаш покажаа и докажаа зошто се  единствени на светот.Ј

Јапонските навивачи повторно си ја изчистија трибината по мечот!

По нерешениот резултат против Холандија (2:2) на нивниот национален тим на премиерата на Мундијалот , јапонски навивачи не го напуштија веднаш стадионот во Далсс по завршувањето на натпреварот.

Наместо тоа, тие останаа на трибините за да ги исчистат, да ги остават во состоја во која го пронајдоа овој простор.

Додека другите наиввачи го напуштаа стадионот, фановите на популарните „Самураите“ внимателно собираа шишиња, чаши, амбалажа и друг отпад, оставајќи ги трибините речиси беспрекорно чисти. Нивниот гест предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.

Ова секако не е прв ваков потег од јапонските навивачи.Својата култура и однесување кон сметот и ѓубрето го покажаа и на неколку претходни големи спортски натпреварувања како последните летни и зимски олимиписки игри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велика Британија ги забранува социјалните мрежи за лица под 16 години

Британскиот премиер Кир Стармер денеска објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни апликации на социјалните мрежи.

Велика Британија ги забранува социјалните мрежи за лица под 16 години

Стармер истакна дека социјалните мрежи ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ментално здравје.

„Нема да правам компромис во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, рече тој.

Стармер објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да ги спречат децата да комуницираат со странци..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го прослави 80. роденден со ултимејт фајт борби пред Белата куќа

Американскиот претседател Трамп ги прослави својот 80-ти роденден со екстравагантен ултимејт фајт настан на јужниот тревник на Белата куќа, за што беше кренат кафез висок 28 метри.

Трамп го прослави 80. роденден со ултимејт фајт борби пред Белата куќа

Трамп и илјадници други посетители гледаа како американскиот борач Џастин Гетје го победува шпанско-грузискиот предизвикувач Илја Топурија, освојувајќи ја титулата во лесна категорија.

Околу 4.300 луѓе имаше на самиот настан, а се очекуваше уште 85.000 да го следат од фан-зона во соседниот парк.

На настанот настапија вкупно 14 борачи, но само Гетје и Топурија се бореа за титула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие зад Украина и Молдавија за да го сокрие сопствениот неуспех

Христијан Мицкоски денес се обиде да се скрие зад Украина и Молдавија и да ја обвини македонската опозиција дека работи против сопствената држава.

СДСМ: Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие зад Украина и Молдавија за да го сокрие сопствениот неуспех

Тоа не е само безобразно, туку и крајно лицемерно.

Прво, Мицкоски не сака Македонија да влезе во Европската унија. Тој свесно ја држи земјата во изолација затоа што знае дека вистинскиот европски пат значи крај за неговата криминална структура која ја презеде контролата врз државата.

Додека Украина и Молдавија напредуваат кон Европа, тој Македонија ја држи назад за да се заштити себеси и своите луѓе.

Второ, наместо да ги спроведе реформите што самиот ги вети и кои требаше да бидат завршени до 1 јуни, Мицкоски нема никакви резултати. Затоа сега ја напаѓа опозицијата - за да го прикрие сопствениот неуспех и отсуството на каков било план за европскиот пат.

Трето, споредбата со Украина и Молдавија е срамна. Владите во тие земји не работат за Александар Вучиќ, не го блокираат сопствениот европски пат заради интересите на криминални структури и руски влијанија.

Тие не соработуваат со Виктор Орбан, не земаат кинески кредити преку трети држави и не испраќаат членови на владата да преговараат за интереси на Кина, додека нивните земји се членки на НАТО.

Македонската опозиција не работи против државата. Опозицијата работи против политика која Македонија ја држи надвор од Европа, која ја штити корупцијата и која личните и партиските интереси ги става над националните.

Мицкоски нема што да покаже од резултати на европскиот пат. Затоа користи секоја прилика да ја напаѓа проевропската опозиција и да го дели општеството.

Тоа е неговиот стил - стил на човек кој наместо да гради, се обидува да уништи се што не може да го контролира.

Неговите споредби со Украина и Молдавија се само евтин и неуспешен обид да го прикрие сопствениот страв од Европската унија и сопствениот политички неуспех.

Соопштение за јавност - реакција на изјавата на Мицкоски

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер