Јапонските навивачи ги исчистија трибините, фудбалерите „ги светнаа“ соблекувалните (ВИДЕО)

Јапонија сензационално ја победи Германија со 2:1 во првото коло од групата на Светското првенство, со пресврт на крајот од натпреварот, но тоа не е единственото нешто што го воодушеви фудбалскиот свет.

Веднаш по една од најголемите победи во историјата, јапонските навивачи на стадионот, наместо да се препуштаат на бурните прослави како сите други навивачи, почнаа да го прават она по што станаа познати на Мундијалот.

Опремени со големи вреќи, тие темелно ги исчистија трибините на Интернационалниот стадион Калифа од огромното количество ѓубре. Тие ги наполнија торбите до врв, му се поклонија на секого од гледачите кои им се придружуваа или го ставаа своето ѓубре во вреќата во знак на благодарност.

Ваквото однесување на јапонските навивачи ги трогна фудбалските фанови и предизвика илјадници позитивни коментари на социјалните мрежи, а истите реакции предизвика и чинот на јапонските фудбалери. Откако ја извојуваа историската победа, ја напуштија соблекувалната почиста отколку што ја најдоа, сведочи ФИФА со фотографија која стана вирална:

Германците загрижени: Се зголемува бројот на млади, кои умираат од дрога

Бројот на млади луѓе кои починале поради консумирање дрога во Германија е повеќе од двојно зголемен од 2016 година, известува јавниот сервис НДР, повикувајќи се на сопствено истражување.

„Во Германија вкупно 131 лице помладо од 22 години починало како последица на консумирање дрога во 2021 година“, објави НДР по истражувањето спроведено во надлежните институции на германските сојузни покраини.

Три деца помлади од 13 години биле меѓу оние кои починале минатата година, а вкупниот број на смртни случаи по консумирање дрога се искачил на рекордни 1926 во 2021 година. Експертите моментално не ја знаат причината за наглото зголемување на жртвите на конзумирање дрога кај младите луѓе.

"Оваа бројка, иако не е официјална, покажува дека е потребна нова насока во борбата против зависноста. Зависноста од дрога повеќе не смее да биде табу тема. На зависниците им е потребна помош, а не исклучување од општеството", рече Буркхард Блиенрт, комесар на федералната влада..

Истрагата на НДР беше покрената по неколку смртни случаи на млади луѓе на нелегални рејв забави. Според искуствата на учесниците на овие забави, потрошувачката на дрога е зголемена во последните години, како и бројот на малолетни учесници на овие нелегални собири.

Истовремено, намален е степенот на подготвеност да им се помогне на лицата кои ќе се најдат во акутна опасност поради конзумирање на дрога. Така, смртта на 20-годишно момче на рејв забава во Келн е поврзана со тоа што никој од присутните долго време не сакал да повика брза помош.

Министерот за здравство Карл Лаутербах одбил да го коментира истражувањето на јавниот сервис НДР. Актуелната влада неодамна воведе реформа на законот за опојни средства со која ќе се легализира консумацијата на канабис. Владата сака да ја легализира потрошувачката на канабис со цел да се намали криминализацијата на потрошувачите и полесно да се контролира трговијата и употребата на марихуана.

Џулија Робертс со ретка фотографија од децата го одбележа нивниот 18. роденден

Близнаците Хејзел и Финеус наполнија 18 години.

Децата на Џулија Робертс се полнолетни, а нивната славна мајка го одбележа полнолетството со ретка фотографија со нејзините деца на Инстаграм.

„18. Ве сакам“, напиша таа покрај фотографијата од минатото на која едното бебе го држи во раце, додека другото седи на нејзиниот стол.

Актерката ги роди двете најстари деца во 2004 година, две години откако се омажи за Дени Модер. Три години подоцна пристигна синот Хенри. Робертс и нејзиниот 53-годишен партнер отсекогаш ја чувале својата приватност во своите четири ѕида и ретко давале јавни изјави за своите деца.

За да се посвети на воспитувањето на своите деца, Робертс направи 20-годишна пауза од актерството. Таа води мирен и нормален семеен живот и напорно работи за да одржува рамнотежа. Нејзините деца ѝ помагаат во домашните работи како што се местење на креветот и перење алишта затоа што, според актерката, тоа се важни животни вештини.

Естетски хирург од САД, кој силувал пациентки под анестезија, е најден мртов

Доктор од Флорида обвинет за силување на две жени под анестезија додека биле на естетски зафати бил пронајден мртов во канал во близина на неговиот дом, соопшти локалната полиција.

Ерик Ендрју Салата, од Неапол, на 21 ноември бил обвинет за две точки за сексуална злоупотреба на физички беспомошни лица на возраст од 51 и 73 години.

Полицијата известила дека телото на Салата било пронајдено при претрес на обвинетиот, кој бил активиран затоа што мониторот за глуждот што полицијата му го поставила за да спречи бегство, не се помрднал неколку часа. Откако ја пронашле неговата чизма во локалната шума, полицијата го открила и неговото тело со прострелна рана во главата и пиштол во близина.

Салата, кој се занимавал со медицина повеќе од 30 години, оставил две белешки, своите кредитни картички и венчален прстен во својот дом пред да умре, се вели во извештајот цитиран од Дејли Бист. Полицијата нагласила дека неговата смрт сè уште не се проценува како самоубиство бидејќи обдукцијата не е завршена, но портпаролот рече дека случајот „не изгледа сомнителен“.

Една од жртвите им кажала на инспекторите дека Салата ѝ дал гас за смеење, кој се користи за ублажување на болката, а потоа почувствувала како ги допира нејзините интимни делови, според извештајот на Дејли Њуз. Потоа употребил повеќе гас и ѝ понудил непозната бистра течност, најверојатно текила, што на крајот предизвикало да се онесвести.

Таа изјавила дека подоцна го видела Салата како продира во неа. И друга жена во полиција изјавила дека Салата ја силувал во текот на постапката. Адам Хоровиц, адвокат на една од жртвите, изјавил вчера за Дејли Бист дека Салата „избегал од правдата“ со смрт.

притисни ентер