Јапонски борач заврши на патерици со страшни повреди (Вознемирувачко видео) - Канал 5

Јапонски борач заврши на патерици со страшни повреди (Вознемирувачко видео)

Минатата недела во организацијата ОНЕ се одигра натпреварот помеѓу познатиот јапонски борец Такеру Сегава и Тајланѓанецот Суперлек Киатмукао, шампионот на ОНЕ во мува категорија.

Јапонски борач заврши на патерици со страшни повреди (Вознемирувачко видео)

Во текот на натпреварот Јапонецот дозна зошто неговиот противник го носи прекарот The Kicking Machine. Киатмукао победи во пет рунди со едногласна одлука, а Сегава по борбата заврши на патерици.

Имено, Киатмукао со своите ниски удари му направи огромна штета на нозете на Сегава, а особено на јапонскиот борец му беше оштетена левата нога. Такеру по мечот сподели неколку фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледа како му е скината тетивата од низа тешки удари.

YouTube video

Инаку, Суперлек победи во последните 11 настапи и моментално има скор од 137-29-4, додека Сегава е познат и како единствениот кикбоксер кој ја освоил шампионската титула К-1 во три различни тежински категории и има рекорд од 43-4-0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. 

Лошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации

На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 .

Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода.

Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава

Вршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера  бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент  не му бил дозволен влез во земјава.

Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник  не му бил дозволен влез во земјава

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија.

Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден .

За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел.

Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни.

Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

На 29 септември 2026 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа промоција на книгата на акад. Таки Фити, со наслов „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“.

МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“

Книгата претставува опстојна студија за неолибералните економски модели што доминираат во современиот свет, со посебен фокус врз факторите што го детерминираа подемот на неолибералната економска филозофија, причините за нејзината криза и новите економско-филозофски размисли за изградба на прогресивно и поправедно општество.

Во книгата, во посебна глава е даден опсежен осврт на карактеристиките на македонскиот економски модел и на основните сегменти во кои тој отстапува од стандардите на економските модели на развиените земји, како и на можните пристапи за разрешување на проблемите.

На промоцијата, на присутните им се обрати акад. Владо Камбовски, уредник на изданието, а за содржината на книгата и за препораките што произлегуваат од неа говореше проф. д-р Владимир Филиповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Економскиот факултет во Скопје. На крајот на настанот, свое обраќање одржа и авторот на книгата, акад. Таки Фити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер