Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година
1Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
2Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
Други спортовиЈапонката Сакамото најави крај на кариерата во уметничко лизгањеТрикратна последователна светска шампионка во уметничко лизгање во 2022, 2023 и 2024, 25-годишната Јапонка Каори Сакамото објави дека ќе ја заврши кариерата по Зимските олимписки игри во Милано следниот февруари.„Чувствувам како да ми останува помалку од една година во мене. „Ќе имам 29 години за време на Игрите во 2030 година, па затоа натпреварувањето таму е невозможно“, рече Сакамото. Кога минатата година го освои својот трет последователен златен медал на светското првенство, Сакамото стана првата натпреварувачка во уметничко лизгање која го постигнала овој подвиг по 56 години и Американката Пеги Флеминг. Претходно оваа година, Сакамото се обиде да го освои своето четврто злато по ред, но заврши второпласирана зад Американката Алиса Лиу. На ЗОИ 2022 во Пекинг, Сакамото освои бронза во поединечна конкуренција, додека сребро во тимска конкуренција со Јапонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
ЖивотРека однесе мост- возачот се спаси во последен момент, снимката е морничава (ВИДЕО)Возач на автомобил во регионот Кемерово во Русија успеал да премине преку понтонски мост само неколку секунди пред да биде однесен од силна струја.Драматични снимки го покажуваат моментот кога структурата се урива веднаш откако возилото преминало на другата страна. Режим на висока тревога Видео од инцидентот што се случил на 24 ноември во југозападен Сибир беше објавено од медиумот „Известија“. Автомобилот успеал безбедно да премине, но силна струја веднаш ја одвоила структурата на понтонскиот мост во близина на селото Мајзас. Сообраќајот на мостот во моментов е прекинат. Поради штетата, воведен е режим на висока тревога, објави шефот на регионот, Павел Камбалин. Car crosses bridge SECONDS before flood sweeps it away in Russia’s Kuzbass A strong current broke apart the pontoon bridge across the Tom River https://t.co/VKCMHuxDXB — RTRussia (@RT_Russia_) November 24, 2026 Властите се на постојана дежурство Тој рече дека општинските служби и одделенијата за цивилна заштита и вонредни ситуации организирале дежурство со чамци за да можат да интервенираат во случај на итна потреба за транспорт на луѓе. Тој додаде дека во селата Мајзас и Ортон има клиники со служби за итна медицинска и акушерска нега, и дека на жителите не им недостасуваат лекови и храна. Обезбедени се и залихи со храна за училиштето во Ортон, додека надлежните служби се на терен за да проценат колку време ќе биде потребно за обнова на оштетениот мост.Тагови: Возачот мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКоњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата годинаВладата покажа дека младите се еден од главните приоритети и дека вложувањето во нивното образование, развој и подобар животен стандард е важен дел од владините политики.Од почетокот на мандатот веќе се преземени повеќе конкретни чекори во таа насока. Постојано се работи на отворање нови можности за вработување и самовработување на младите, реконструкција и подобрување на условите во студентските домови, воведување нови категории стипендии, како и намалување на дигиталната нееднаквост. Тоа се мерки што одговараат на различните потреби на младите и имаат за цел да им овозможат подобри услови за образование, работа и личен развој. Владата продолжува со нови решенија преку кои студентите ќе добијат дополнителни поволности и конкретни финансиски придобивки во секојдневниот живот. Станува збор за ново законско решение, со кое секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година. За подготовката на ова законско решение се вклучени повеќе надлежни институции, кои работат во меѓусебна координација. Во процесот учествуваат Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии. Исто така, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка. Почитувани, Нашата цел е поддршката за студентите да одговори на повеќе аспекти од нивниот секојдневен живот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки и законски решенија насочени кон младите. Преку подобри услови за образование, нови можности за вработување и дополнителни финансиски поволности, целта е младите да имаат повеќе причини и можности да ја градат својата иднина дома, рече Дамјан Коњановски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШтерјова: Нов удар на Мицкоски врз граѓаните - поскапо парно за 20%, следува и поскапа струјаКако што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување следува покачување.Од следната недела следува нов ценовен удар врз семејните буџети на граѓаните. За дури 7,56 % поскапува парното. Ова е трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%. Со новата цена, едно просечно домаќинство ќе плаќа за парно околу 460 денари повеќе месечно, во споредба со почетокот на годината. И ова не е последен ценовен шок. Од 1 јануари следната година поскапува и струјата. А секое поскапување на струјата повлекува и нови повисоки цени на храна и услуги. Додека платите на граѓаните не мрдаат. Криминалната власт нема пари за мерки, нема пари за поголеми плати, има само за криминални тендери. Со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување - во борба за опстанок. Цените храната веќе се до плафон. Една цела минимална плата 26.000 денари оди само за храна. Како луѓето да обезбедат 71.000 денари, за да покријат само за основните животни потреби. Ниту три минимални плати не стигнуваат. Каде се сметки, облека, превоз, трошоци за деца, кирија. Народот живее крпен живот. Граѓаните прават математики како да врзат крај со крај од прво до први. Наместо конкретни мерки за помош на граѓаните, владата на Мицкоски не прави ништо. Ги оставија граѓаните сами да се справуваат со растечките трошоци и не прифати ниту еден предлог на СДСМ за воведување мерки. Одбива мерки, одби да ја покачи минималната плата на 600 евра минимална плата. Со Мицкоски и ВМРО граѓаните се осудени на сиромаштија, неизвесност и секојдневна борба за гол опстанок, додека функционерите на власта уживаат во луксуз. Ова не е економска политика, ниту трета економија од бајките на Мицкоски, ова е свесна политика на осиромашување на народот за богатење на неколкумина од врвот на власта!, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31