ЗдравјеЈапонија ја условува употребата на таблети за контрацепција „ден потоа"Во Јапонија наскоро ќе може да се набават таблети „ден потоа" без рецепт, но, за да ги добијат, можно е на женските лица да им треба дозвола од партнерот.Јапонскиот закон од 1948 година наведува дека потребна е согласност од партнерот за хируршки абортуси, освен во исклучителни ситуации. – Во принцип, веруваме дека согласноста на сопружникот е неопходна, дури и ако станува збор за медицински абортус, изјави Јасухиро Хашимото од Министерството за здравство, иако користењето на таканаречената таблета „ден потоа" е итна контрацепција, а не абортус. Граѓани бараат да се исфрли правилото за писмена согласност од партнерот. – Согласност од сопружникот станува проблем, кога постои несогласување со него, или лицето ја присилува жената да раѓа против своја волја. За жените, присилување на бременост што не ја сакаат, е насилство и вид мачење, смета Куми Тшукара, активистика за право на абортус. Јапонски медиуми информираа за случаи, каде лекари одбиле да одобрат абортус за сексуално злоставувани жени. Од Министерството за здравство му пишаа на Јапонското медицинско здружение со цел да објаснат дека согласност не е потребна, доколку станува збор за силување. За активистите, неуспех е тоа што Јапонија го нема одобрено лекот, веќе долго достапен во над 70 земји. На Јапонија ѝ беа потребни девет години за да ја одобри оралната контрацепција, но, само шест месеци за да ја одобри вијаграта. Јапонија, каде во 2020 година извршени се 145 илјади хируршки абортуси, е една од 11 земји што за абортус, бараат согласност од партнерот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерствоСо средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката. На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностВремето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и НовациВо изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00