Јапонија: Браковите без секс се нормална работа - еве зошто! - Канал 5

Јапонија: Браковите без секс се нормална работа - еве зошто!

Најнова студија открива дека во половина од склучените бракови во Јапонија брачните партнери речиси воопшто немаат секс. Во земјата во која и без тоа се раѓаат малку деца, фрапантен е и податокот за бројот на возрасни жени и мажи кои воопшто немале сексуално искуство - открива студијата на Асоцијацијата за семејно планирање во Јапонија.

Јапонија: Браковите без секс се нормална работа - еве зошто!
Студијата е направена врз основа на анкетирање на 655 мажи и жени во брак на возраст од 18 до 49 години, есента во 2016 година. Според студијата, 47,3% од мажите и 47,1 % од жените изјавиле дека последниот месец немале секс со брачниот партнер, што одговара на официјалниот критериум за тоа што истражувачите го нарекуваат - брак без секс.


Image result for japan marriage


На истото прашање во анкетата во 2004 година само 31,9% изјавиле дека се во брачна заедница без секс.

- Тенденцијата да се биде во брак без секс пораснала. За 2,6% пораснал бројот на бракови без секс дури и во споредба со анкетата од 2014 година - изјави за јапонските медиуми претседателот на Асоцијацијата за семејно планирање, Кунио Китамура.

Кога анкетираните биле прашани да ги објаснат причините зошто немаа секс, 35,2% од мажите изјавиле дека биле преморени поради работата, а пред две години таков одговор дале само 21,3%. 12,8% изјавиле дека на сопругата гледаат како на член на семејството а не како на сексуален партнер.

- Ова е прв пат кога 30% од жените изјавуваат дека се премногу изморени од работа за да имаат секс. Не е доволно да се ревидираат работните часови туку и тоа како луѓето работат - вели Китамура.

Меѓу жените, 22,3% рекле дека „сексот е премногу напорен“ а 20,1 % изјавиле дека нивната сексуална активност исчезнала по раѓањето на детето.

Image result for japan marriage

Студија спроведена од истата Асоцијација минатата година покажува дека 43% од Јапонците кои не се во брак (мажи и жени) на возраст од 18 до 34 години сеуште немале секс.

Јапонија е меѓу земјите со најнизок фертилитет. Ако продолжат овие трендови, се очекува популацијата во Јапонија од 127 милиони до 2060 година да падне на 86 милиони.

Владата на Шинзо Абе се обидува да ја промени оваа состојба - се прават напори да се смени културата на претерано работење во земјата, и се најавува изградба на повеќе градинки за мајките да можат и по породувањето да продолжат на работа а децата да им бидат згрижени.

Но, проблемот е подлабок. И покрај напредувањето на земјата, браковите сеуште остануваат традиционални. Дури една третина од браковите во Јапонија се однапред договорени, а од жените се очекува кога ќе добијат дете да останат дома и да не одат на работа.

Два феномени се особено сериозен показател на големината на проблемот - тоа се двата типа на однесување наречени „отаку“ и „хикикомори“.

Првиот „отаку“ начин на однесување го практикуваат луѓе опседнати со компјутерски игри и стрипови кои избегнуваат вистинскиот живот и „хикикомори“ - луѓе кои се изолираат од општествениот живот и престојуваат само во своите домови. И покрај тоа што многу напишано за овие феномени, не е јасно дали овие појави се причините или само симптоми на сексуалната апстиненција во Јапонија.

/извор: РТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер