Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
ТехнологијаЈапонците со трет неуспешен обид за лансирање ракета во вселенатаЈапонскиот приватен стартап „Спејс Уан“ го прекина летот на својата ракета „Каирос бр. 3“ кратко по полетувањето од вселенскиот центар Кии во префектурата Вакајама. Тоа беше најновиот, трет неуспешен обид на компанијата да го стори тоа. Ракетата на цврсто гориво, долга 18 метри и тешка 23 тони, носеше пет сателити што им припаѓаа на Тајванската вселенска агенција и јапонските стартапи, објави „Кјодо“. Летот беше прекинат откако се сметаше за премногу ризичен за продолжување на мисијата во вселената, а досега не се пријавени жртви или штети од паѓање на остатоци, според локалните власти. Основана во 2018 година со поддршка од „Канон Електроникс Инк“, „ИХИ Аероспејс Ко“ и други партнери, „Спејс Уан“ има за цел да стане првиот приватен субјект во Јапонија што ќе лансира сателит во орбитата. Компанијата се соочи со низа неуспеси: во март 2024 година, ракетата „Каирос бр. 1“ експлодираше, додека ракетата бр. 2 не успеа да стигне до орбитата и се самоуништи. Првично планираното лансирање на тристепената ракета бр. 3 во февруари оваа година беше одложено три пати поради временски услови и технички фактори.Тагови: вселената ракета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНа Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентитеНастапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите. Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението. Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција. „Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда. „Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението. Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ. Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини. Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00