Јапонците не сакаат да се одржат Олимписките игри - Канал 5

Јапонците не сакаат да се одржат Олимписките игри

Повеќе од 70 проценти од јапонските испитаници бараат откажување или ново одложување на Олимписките и параолимписките игри во Токио, покажало истражувањето на јапонската агенција Кјодо Њуз.

Јапонците не сакаат да се одржат Олимписките игри

Анкетата покажала дека 39,2% од нив сакаат да ги откажат Игрите, а 32,8% сакаат да ги одложат. Само 24,5% од испитаниците сакаат најголемиот спортски настан на светот да се одржи според предвидениот рок.

Дури 92,6% од испитаниците стравуваат дека одржувањето на ОИ и POИ може да предизвика нов бран на пандемија на коронавирус, а околу 60% се незадоволни од напредокот на вакцинацијата против ковид-19.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и јапонските организатори мораа да ги одложат Олимписките игри во Токио 2020 година за една година поради пандемијата на коронавирус, а церемонијата на почетокот на Олимписките игри е закажана за 23 јули.

Токио во понеделникот започна едномесечен период на поостри мерки за спречување на четвртиот бран на инфекции со ковид-19. Откако ќе се подигне нивото на тревога, гувернерката на Токио може да нареди скратени часови за баровите и рестораните, заедно со казни за прекршителите и обештетување за оние што го почитуваат тоа.

Таа ги повика жителите да избегнуваат патувања што не се потребни и да се придржуваат кон социјалната дистанца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја продолжи вонредната состојба за Западен Балкан

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Трамп ја продолжи вонредната состојба за Западен Балкан

Според објавата во федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.

Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ Буш 2001-ва година, со извршна наредба која овозможува замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот. Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Гевгелија

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Гевгелија

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

20 Гевгелија, 14 Претор, 4 Тополчани, 3 Скопје Петровец, 1 Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)

Два разорни  земјотреси ја потресоа Венецуела загинаа најмалку 32 лица , а најмалку 700 се повредени,се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен.

Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)

Земјотресите соборија голем број згради. Луѓето во урнатините бараат помош. Во Каракас прогласена е вонредна состојба. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според рихтеровата скала. Главниот аеродром во Каракас е затворен, возовите не сообраќаат, обемот на штетата сè уште се проценува, но се верува дека е огромна. Зградите се без струја, а метрото е целосно затворено, јавува Ванеса Силва од Би-Би-Си од Каракас. Земјотресите, можеа да се почувствуваат дури до Богота, Колумбија. Венецуела славеше национален празник , а многу луѓе биле дома кога се случија земјотресите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер