Јанушев: Заев е лично засегнат и ја држи во криминално заробеништво целата партија

Секој ден се потврдува дека пречка за правдата во Македонија е токму Зоран Заев, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е човекот кој посакува уште една амнестија за сите криминали и рекети во оваа државата. Имаме премиер кој се плаши да му се испита потекло на имотот.Тоа е така зошто Заев е нечесен човек.

Нема друг пример на премиер кој создава подлога за амнестирање и се плаши да му се испита потеклото на имотот.

Стравот е последица на тоа што имаме премиер до гуша заглавен во криминал и корупција.

Фарсата со судењето во РЕКЕТ покажува дека главата на октоподот е сместена во зградата на Илинденска. Имаме признание на очевидец дека судии, обвинители и една министерка од владата на Заев биле гости во домот на еден од обвинетите откако случајот излезе во јавноста. Сега е и сосема јасна нервозата на власта зошто први сакаат да ги прочешлаат и обезбедат доказите од аферата Кеш за да ги покријат траговите кои одат до владата и нејзиниот прв човек.

Поминаа два дена, ВМРО-ДПМНЕ бара директни одговори од Зоран Заев, без заобиколување:

Дали Заев се плаши и се противи на нашиот предлог да нема амнестија за политичари, и политичари да не бидат амнестирани затоа што тој самиот сака уште една амнестија бидејќи е фатен во тешки криминали?

Дали Заев не сака испитување на потекло на имот, кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага, поради фактот што милионите на Заеви немаат оправдување за легалноста со која се стекнати?

И дали Заев со неприфаќањето на предлогот за истакнување на кандидат мандатар и јавно признава дека ќе изгуби на изборите, па не сака да се откаже од пратеничкиот имунитет?

Времето минува, а молкот на Заев потврдува дека имаме премиер што заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот, и кој не се откажува од пратенички имунитет зошто така мисли дека нема да одговара пред законите.

Се потврдува дека Заев е лично засегнат и ја држи во криминално заробеништво целата партија.

Јавно го повикуваме, барем еднаш отворено и чесно да каже зошто не ги прифаќа барањата кои ВМРО ДПМНЕ ги предложи.

Франција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во СЕ

Франција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во Советот на Европа, објави Албаниан Пост.

Франција, на која и се приклучија Германија и Италија, бара да се одложи одлуката за кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа на мајскиот состанок на Комитетот на министри, пишува тирански Албаниан Пост, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според истите извори, утре во Стразбур се очекува последната средба на амбасадорите на земјите членки пред состанокот на министрите на кој се очекува да биде донесена долгоочекуваната одлука за Косово, пренесува Бета.

Како што дознава Албаниан Пост, се очекува утре на дневен ред на мајскиот министерски состанок амбасадорите на земјите членки на Советот на Европа да не го вклучат прашањето за членството на Косово.

Според порталот, иако германската позиција досега не беше јасна, сега се чини јасно дека и Германија зазеде став дека владата на премиерот Албин Курти мора да преземе конкретни чекори во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) за да добие членство во Советот на Европа.

Франција, Германија и Италија веќе се на став дека членството на Косово во Советот на Европа треба да се одложи до моментот кога Владата на Косово ќе ја докаже својата посветеност на спроведувањето на ЗСО со испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд.

Во написот се додава, дека ваквиот пристап не е поддржан од Обединетото Кралство, според кое прашањето за ЗСО како производ на бриселските преговори не треба да се меша со прашањето за членство во Советот на Европа.

Сепак, и покрај политичката реторика на косовската Влада, која постојано го нагласуваше фактот дека Косово ги исполни сите услови потребни за прием во Советот на Европа, дури и според мислењето подготвено од Дора Бакојани, земјите со одлучувачко влијание како Франција и Италија одамна го информираа Курти дека почетокот на значајни чекори кон имплементација на договорот за ЗСО е непремостлив услов за членство на Косово во Советот на Европа.

Во меѓувреме, Германската амбасада во Приштина денеска соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори кон создавање ЗСО. Германската амбасада соопшти дека Квинта групата и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесоа приштинските медиуми.

Реакција денеска пристигна и од Амбасадата на Франција во Косово, која соопшти дека со испраќање на нацрт-статутот на ЗСО до Уставниот суд, Косово ќе добие поддршка за прием во Советот на Европа. Во одговор на прашање поставено од kohe.net, од амбасадата велат дека овој нацрт-статут е најдобрата основа што се нуди за формирање на ЗСО.

„Испраќањето на нацрт-статутот на ЗСО на евалуација до Уставниот суд се споменува како еден од јасните чекори што Косово мора да ги преземе за да обезбеди поддршка во Советот на Европа, но премиерот Курти изјави дека Косово не го прифаќа тој план како одвоен од целокупниот план (Брисел и Охрид). Испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд на евалуација би бил добредојден чекор за да се обезбеди поддршка за членството на Косово во Советот на Европа, се наведува во одговорот на амбасадата.

Состанокот на Комитетот на министри за надворешни работи на СЕ, кој ќе се одржи во средината на мај, е последниот чекор кон конечното членство на Косово во оваа организација, што беше препорачано од Парламентарното собрание на СЕ врз основа на усвоениот извештај на известувачката Дора Бакојани.

Засега се уште не е сигурно дали гласањето за препораките на ПССЕ и приемот на Косово ќе се најдат на дневен ред на Комитетот на министри на 16 и 17 мај. /МИА

Македонскиот атлетичар Вандевски собори државен рекорд од 1975

Македонскиот атлетичар Леонид Вандевски го собори националниот рекорд во дисциплината 2.000 метри стиплчес на меѓународен митинг кој изминатиот викенд се одржа во германскиот град Пилхаузен.

Вандевски заврши осмопласиран, истрчувајќи ја патеката со време од 6:00.49 со што го собори претходниот рекорд на Нехат Алуи (6:16.4) од далечната 1975 година.

Нов македонски рекорд изминатиот викенд постигна и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри со пречки.

Стојоски на меѓународниот митинг во словенечки Марибор, Словенија ја истрча делницата со време од 53.65. Претходниот рекорд (55.11) датираше од 1980 година и беше во сопственост на Бранко Илиевски. /MИА

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер