Јанушев: По ваквите снимки и изјави, потребно е итна акција од ЈО

Зоран Заев има милион причини за нелагодност. Ништо ама апсолутно ништо нема да биде во ред се додека Заев и октоподот владеат во Македонија.

Со Заев и октоподот на СДСМ правдата е мисловна именка. Се додека Јанева е на слобода, а не во притвор и додека Русковска обвинителството ги крие вистинските организатори од врвот на власта, граѓаните ќе бидат ограбувани, а рекетарите ќе се шетаат со Луј Витон торби полни со милиони евра.

Катица Јанева може да се заканува колку што сака, но слушнавме како таа лично ветува дека се она што Боки 13 го зборува се остварува. Јанева лично дава ветување за прекинување на истраги.

Снимките кои излегоа во медиумите се доволна причина Јанева наместо на плажа да биде во притвор. Дополнително обвинителката Стефанова, денеска во изјава за медиуми потврди дека и било наложено токму од Јанева да ги затвори предметите, за осомничените да не одат во затвор.

По ваквите снимки и изјави, потребно е итна акција од страна на ЈО, но и одговорност за досегашното неделување и потенцијално прикривање.

Русковска со своето неделување и овозможи на Јанева период за прикривање и уништување на докази. Русковска мора да одговара за пропустите во истрагата. Вилма Русковска нема кредибилитет да го овој води случај. Потребно е случајот „Рекет" да биде преземен од друг кредибилен Јавен обвинител и да биде проширена истрагата. Веднаш да се определи мерка притвор за Јанева и да се испита колку се предмети на СЈО биле користени за рекетирање.

Рекет од вакви размери не може да се случи без знаење на врвот од власта. Зоран Заев мора да понесе одговорност. Власта треба да одговори и каква е замешаноста на Радмила Шекеринска која се споменува во видеото и дали таа знаеле или можеби и учествувала во милионскиот рекет.

Се наметнува и прашањето дали и други лица од власта биле во релација со Боки 13 и која била нивната улога?

Одговорност мора да има. Сите ќе одговараат! Сите кои се огрешиле пред законите ќе одговараат, и извршители, и нарачатели, и оние кои ги штитат!

Одговорност ќе има и тоа безкомпромисно, неселективно!

Зоран Заев и владата мора да дадат оставка. Заев не смее да остане премиер, со него на чело на државата ниту правда ќе има, ниту правна разрешница. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори.

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер