Јанушев од Зрновци:На 15 јули да ставиме крај на оваа власт која пали коли и уништува животи, да дадеме шанса на обновата

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДППМНЕ и носител на изборната единица 3 денеска оствари посета во општина Зрновци, се наведува во партиското соопштение.

На средба со граѓаните, ги слушна нивните проблеми и понуди решенија како дел од проектот „Обнова“.

Но, она што го гледаме насекаде е дека на народот му е преку глава од оваа криминално-рекетарска банда која што ја уништи државата, кое што го продаде најдрагоценото името, идентитетот, јазикот, целата историја. Да престанеме да ги гледаме овие криминалци, лажговци како рекетираат, како палат коли, како разговараат за 2,4,6,8 милиони евра. Да ставиме крај на разнебитувањето на македонската држава. Време е за обнова, посочи Јанушев.

Носителот на изборната единица 3 рече дека она што го нудат Заев и Љупчо Николовски е продолжување со целата агонија и свитканата кичма. ВМРО-ДПМНЕ заедно со целиот тим на луѓе кој што го има ја носи обновата, ја носи разликата односно го носи се она што е добро за секој еден граѓанин. Јанушев укажа дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека заеднички во следните 4 години ќе ја обнови државата и дека ќе има повеќе за секого.

Денес овде од Зрновци порачуваме дека ќе одговараат за се лошо што направија во државата. Токму затоа и не сакаат и да прифатат Закон за потекло на имот на политичарите. Зошто не сакаат тоа да го прифатат? Поради тоа што ќе одговараат, поради тоа што знаат дека го лажеа и краде македонскиот народ, но 15 јули е за дестината дена од денеска. Народот доаѓа по своето, народот ја гледа разликата. Исправи се Македонијо. Обновата доаѓа, порача Јанушев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Заев: Среќен сум за успесите што ги постигнавме на домашен и меѓународен план

Тоа го препознаа и граѓаните и ни дадоа доверба за нов мандат.

Во одговор на новинарски прашања, претседателот Зоран Заев денеска истакна дека во изминатите две и пол години се постигнаа значајни успеси на домашен и меѓународен план и тоа претставува мотив СДСМ како одговорна партија да продолжи уште повеќе и уште подобро да работи во интерес на граѓаните и државата.

„Јас сум многу среќен после сите историски одлуки коишто ги донесовме а тоа е решен проблем со Бугарија, решен проблем со Грција, Република Македонија е членка на НАТО, Република Македонија после 15 години доби одлука за почеток на преговори и од претседавачот Германија преку канцеларката Меркел е најавено е дека до крајот на годината за време на германското претседателство ги отвораме првите поглавја. Го донесовме Законот за употребата на јазиците, ја смиривме етнички душата на нашата заедничка земја. Успесите кои што ги постигнавме на меѓународен план беа проследени со сериозни успеси на домашен план, економијата од -1,8% порасна на 3,6%, правосудството направи сериозни исчекори и тоа е нотирано не само од извештаите на Владата, на парламентот туку и од меѓународните организации како што е пред се редовниот извештај од ЕУ. Секако правсудството е нешто на коешто треба уште повеќе да работиме и тоа ќе го сториме", посочи Заев.

Тој порача дека успесите се признаени од целиот свет, но најважно е што тие се препознаени од граѓаните што се потврди на изборите на 15 јули кога СДСМ и Коалицијата „Можеме" ја добија честа и одговорноста за нов мандат.

„На крајот, успесите се дефинирани и со суперлативи од целиот свет, од ООН од ЕУ, НАТО, Стејт Департментот а најголемиот суперлатив дојде од граѓаните. СДСМ, од 2002 година, после 18 години, победи на парламентарни избори. Ова е прва победа како власт, после сите оние крупни одлуки, да добиеме чест за уште еден чист мандат да продолжиме да ги водиме институциите, заклучи Заев.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Невреме во Скопје

Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Град со големина на орев паѓа во неколку населби и делови од градот. Во други, невремето е со послаб интензитет.

УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Се очекува и намалување на темепратурите до 28 степени. /МИА

Вонредната супервизија на АЗЛП во ДИК утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) во врска со инцидентот што се случи на 15 јули 2020, за денот на изборите на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) изврши вонредна супервизија во ДИК, соопшти Агенцијата.

– Вонредната супервизија беше извршена по службена должност со цел да се провери и истражи евентуалното нарушување на безбедноста на личните податоци кои ги обработува ДИК, поврзано со инцидентот што се случи вечерта на 15 јули 2020 година, непосредно по одржувањето на вонредните парламентарни избори 2020 година, велат во соопштението.

АЗЛП утврдила повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на ДИК, бидејќи не применила соодветни технички и организациски мерки во однос на заштитата на веб страниците и информатичката инфраструктура за да обезбеди ниво на безбедност соодветно на ризикот.

– ДИК не извршила тестирање на софтверскиот систем за спроведување на парламентарните избори 2020 година на Дуна ДОО Скопје пред неговото имплементирање или по извршените промени со цел да се провери дали системот обезбедува безбедност на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци. ДИК при ангажирање на Дуна ДОО Скопје како обработувач, постапила спротивно на прописите за заштита на личните податоци. ДИК при користење на нови технологии за некој вид на обработка (во конкретниот случај софтверскиот систем за спроведување на Парламентарните избори 2020 година на Дуна ДОО Скопје), не извршила проценка на влијанието на предвидените операции на обработката во однос на заштитата на личните податоци, наведуваат од АЗЛП.

ДИК, додаваат, поставува документи со лични податоци на Google Drive и истите ги објавува на своите веб страници, со што врши пренос на личните податоци. Воедно, како што наведуваат од Агенцијата, ДИК ги користи услугите на CloudFlare чија главна инфраструктура е лоцирана надвор од територијата на Република Македонија. Оттука, посочуваат, ДИК постапила спротивно од општото правило за пренос на личните податоци.

– ДИК (како контролор) и Дуна ДОО Скопје (како обработувач) не ја исполниле обврската за известување за нарушување на безбедноста на обработката на личните податоци до АЗЛП. ДИК не ги документирала нарушувањата на безбедноста на личните податоци и немала воспоставено внатрешен процес на евидентирање на нарушувањата на безбедноста на личните податоци. ДИК не ја исполнила обврската за определување на офицер за заштита на личните податоци. ДИК не определила администратор на информацискиот систем, наведуваат од АЗЛП како дел од утврдените повреди од страна на ДИК.

За извршената вонредна супервизија АЗЛП донела решение со мерки за отстранување на утврдените повреди и рокови во кои ДИК треба да постапи и да го усогласи своето работење со прописите за заштита на личните податоци./МИА

притисни ентер