Јаник Синер го напушти тенисот и стана контролор на билети- Италијанците во шок (ВИДЕО) - Канал 5

Јаник Синер го напушти тенисот и стана контролор на билети- Италијанците во шок (ВИДЕО)

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е во центарот на вниманието во последните неколку дена, а сè започна со неговиот пораз од Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија.

Јаник Синер го напушти тенисот и стана контролор на билети- Италијанците во шок (ВИДЕО)

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е во центарот на вниманието во последните неколку дена, а сè започна со неговиот пораз од Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија, а потоа и со неговата одлука да не присуствува на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри бидејќи сакаше порано да отпатува во Доха и да се подготви за Отвореното првенство на Катар. Сега вториот рекет на светот го остави тенисот настрана, ја смени професијата и стана контролор за билети во трамваите.

Секако, сè е шега, но не е шега што Јаник Синер навистина ги пречека луѓето што сакаа да се возат во Милано, и ги провери нивните билети. Присутните беа доста изненадени, но и воодушевени што пред себе го имаа еден од најдобрите спортисти во Италија, а и во целиот свет.

Да ве потсетиме дека Синер претходно предизвика хаос во Италија, кога одлучи порано да отпатува во Доха, со цел подобро да се подготви за споменатиот турнир. Затоа одлучи да ја пропушти церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри, па дури беше планирано да биде еден од носителите на факелот до крајната дестинација - „Сан Сиро“.

Исто така, Италијанците пишуваат дека причината е зошто бил поразен од Новак Ѓоковиќ, а една од нив е што се држел до ставот да го користи стариот рекет иако тренирал со новиот пред Мелбурн и играл егзибициски турнир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Премиера на претставата „Три сестри“

Претпремиерата на претставата „Три сестри“, по мотиви на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, ќе се одржи вечерва на 24 септември, а премиерата е закажана за 25 септември.

МНТ: Премиера на претставата „Три сестри“

Билетите за претпремиерната и премиерната изведба како и за првата изведба која е закажана за 5 октомври се достапни во продажба, а публиката може навреме да ги обезбеди своите места.

Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, е современо читање на еден од најзначајните драмски класици.

Претставата „Три сестри“ во режија на Нела Витошевиќ е работена врз новиот драмски текст под кој како автори се потпишуваат Васил Христов и Нела Витошевиќ. Во драмскиот текст се користат мотиви од истоименото дело на Чехов, поставени во постмодерна драмска структура - со динамичен и скоро документарно природен дијалог, суптилен хумор, разорна карактерна психологизација и поетичен драмски јазик.

Во претставата „Три сестри“ се преиспитува денешната стварност преку галерија ликови заробени помеѓу спомените, изгубените идеали и копнежот по поинаков живот. Драмското дејство е поместено на овие наши простори, во современи општествени околности. Карактерите се лица кои постепено се оддалечуваат од сопствените желби, од самите себе и од оние кои вистински ги сакаат. Семејството станува мала слика за едно општество во распаѓање, во кое старите вредности исчезнуваат, а новите сè уште не се родени.

„Три сестри“ не ја гледам само како приказна за едно семејство кое не успева да се придвижи. Ја гледам како приказна за луѓе и за едно општество заглавени во мртва точка. Сите знаат дека треба да се помрднат, сите зборуваат за промена, сите сонуваат за некаде и некогаш, но никој не успева навистина да тргне, вели режисерката на претставата Нела Витошевиќ.

Во претставата настапуваат: Дарја Ризова – Ирина, Наталија Теодосиева – Маша, Верица Недеска – Олга, Дамјан Цветановски – Андреј, Благој Веселинов – Александар, Емил Рубен – Иван, Ивица Димитријевиќ – Игор, Нина Деан – Наташа и Антонио Ташковски – Никола.

Креативниот тим го сочинуваат сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски, а извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен.

Портретната фотографија од режисерката е од фотографот: Кристијан Теодоров

Фотограф на претставата е Кире Галевски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриени детали од разговорите меѓу Лавров и Рубио: Една тема во посебен фокус

 Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги откри деталите од разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио.

Откриени детали од разговорите меѓу Лавров и Рубио: Една тема во посебен фокус

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги откри деталите од разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, наведувајќи дека страните разговарале за широк спектар прашања.

Според неа, разговорот, кој се одржа во средата во Њујорк на маргините на неделата на состаноци на високо ниво во рамките на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, бил значаен, пренесува „РИА Новости“.

„Но, би сакала да го свртам вниманието на делот од преговорите во кој се разгледуваше еден многу интересен аспект што ја поврзува ситуацијата околу Украина и украинското прашање – не само со тесната координација на режимот во Киев со западноевропските партнери, туку и со фактот дека деструктивните дејства на тој режим (кои во суштина претставуваат терористички напади и екстремистички активности, вклучително и насочени напади врз цивили и прекугранични инфраструктурни објекти) доведуваат до дестабилизација на глобалните енергетски пазари“, изјави таа во интервју за каналот „Соловјов лајф“ (Soloviev Life).

Таа нагласи дека Американците гледаат директна поврзаност меѓу нападите на Киев врз инфраструктурните објекти и флуктуациите на цените на енергенсите.

Според неа, Москва постојано укажува на тоа дека „поради некоја чудна причина, режимот во Киев одамна е опсесивно привлечен кон прекугранични енергетски проекти“, кои ги вклучуваат не само Русија, туку и Казахстан, Турција и други земји.

„Ние обрнавме внимание на ова. На почетокот, сите се преправаа дека тоа изгледа неинтересно и не толку важно. А сега се испоставува дека сето тоа е директно поврзано. И ако режимот во Киев прогласи екстремистичка терористичка кампања против глобалниот енергетски сектор, тогаш не станува збор само за ситуацијата што се развива околу руските енергетски постројки. Станува збор за многу поширока слика – онаа што ја има Зеленски пред себе“, заклучи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сензација во Торино, светскиот шампион Италија на домашен терен елиминиран од аутсајдерот Финска

Молкво Италија – сензација без на Европското првенство  во одбојка. Финската репрезентација го приреди најголемото изненадување на ЕУро, откако во четвртфиналето го совлада  двократниот светски шампион Италија со 3:2 .

Сензација во Торино, светскиот шампион Италија на домашен терен елиминиран од аутсајдерот Финска

Финците ја шокираа Италија пред полни трибини во Торино.

Финска направи вистинска сензација во европското четвртфинале победувајќи го најголемиот фавоприт за тронот Италија.

До ова чудо Финците ги предводеше маестралниот Јонас Јокела со 28 поени, додека Лука Мартила додаде 22. Во таборот на поразените Италијанци, најефикасен беше Јури Романо со 20 поени, а Џовани Сангуинети додаде 14.

Сега во полуфиналето кое е на програмата утре од 16 часот Финска ќе игра против уште еден голем фаворит за медал, олимпискиот шампион Франција.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Словенија и Полска (16:00 часот).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер