ЗабаваЈаневски: Ќе се обидеме да постигнеме добар резултатМакедонскиот шампион Вардар утре со почеток 19 часот го игра натпреварот од 3. коло од Лига Европа. Во Скопје гостува шпанскиот тим Реал Сосиедад, кој во моментов се наоѓа на седмото место во Ла Лига.На прес конференцијата тренерот на „црвено-црните“ Чедомир Јаневски изјави дека е направена добра анализа на утрешниот противник по првите два натпревара. - Реал Сосиедад е тим што сака да има посед на топката и играат да дадат гол повеќе. Со добра организација на играта и концентрација треба да ги искористиме нивните слабости и секако ќе се обидеме да постигнеме добар резултат и да ги освоиме првите бодови. Како и да е ќе зависи пред се од нас, дека ние играме дома. Реал Сосиедад заедно со Зенит се главните фаворити во нашата група за првите две места, рече тој. На дуелот со Реал Сосиедад, Јаневски нема да може да смета на повредените: Владица Брдаровски, Дарко Велковски и Висар Муслиу. На двата бараж дуела со Фенербахче напаѓачот Тигран Барсегјан беше голема опасност по голот на противникот. Тој очекува добар натпревар на неговиот тим. - Реал Сосиедад е добра екипа со добри играчи. Не очекува неизвесен дуел, а особено за нас овој натпревар е важен по двата први пораза во групата. Ќе играме да постигнеме добар резултат и ја спроведеме тактиката на стручниот штаб, истакна Барсегјан на средабата со новинарите. Фудбалерите на Вардар одржаа и тренинг на Националната Арена „Филип Втори“, каде од 19 часот ќе тренираат и гостинските фудбалери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГолем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор Управниот одбор на „Нвидија“ објави денеска дека Џенсен Хуанг, кој поднесе оставка од компанијата на 12 ноември, ќе биде повторно назначен за нејзин извршен директор.Одлуката стапува на сила веднаш, се вели во соопштението на компанијата, објави NBC News. „Управниот одбор едногласно гласаше за повторно назначување на г-дин Хуанг по серија дискусии и состаноци со него, за време на кои одборот беше задоволен од интегритетот и способноста на г-дин Хуанг да ја води „Нвидија“. Шокантниот потег ги зголеми акциите на „Нвидија“ за 30 проценти, помагајќи му на индексот S&P 500 да се отвори за речиси четири проценти. Порано денес беше објавено дека Алис Хуанг, жената за која се тврди дека имала афера со Џенсен, била во контакт и со кинески разузнавачки службеник. BREAKING: Nvidia’s board of directors has reinstated Jensen Huang as CEO https://t.co/XQnc7BjZ60 — Visegrád 24 (@visegrad24) November 23, 2026 Контактот се случил додека таа била во врска со поранешниот шеф на „Нвидија“, изјавија за ABC News извори запознаени со информациите што американските разузнавачки агенции ги собрале за случајот. Таа била во контакт со службено лице од Министерството за државна безбедност на Кина од пролетта 2025 година до есента оваа година, велат изворите. Се шпекулираше за враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Нвидија“, особено откако група вработени, како и милијардерот Илон Маск, испратија писмо до одборот на директори барајќи тој да се врати во компанијата. Сепак, компанијата соопшти дека тоа нема да се случи.Тагови: Нвидија Џенсен Хуанг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСледните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави МицкоскиВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности, но тие не се подготовка за предвремени избори, уверува премиерот Христијан Мицкоски. Тој повтори дека следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а неговиот мандат како претседател на владата завршува за нешто повеќе од една година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во ОхридПоради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона. Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook