Јаневска: Вклучуваме психолози, се спроведуваат обуки, на секое барање за помош реагираме - Канал 5

Јаневска: Вклучуваме психолози, се спроведуваат обуки, на секое барање за помош реагираме

Досега до министерството за образование нема пријавено негативен случај, но има барања за помош.

Јаневска: Вклучуваме психолози, се спроведуваат обуки, на секое барање за помош реагираме

Досега до министерството за образование нема пријавено негативен случај, но има барања за помош, изјави министерката за образование, која повтори дека по трагедијата во кочани уште истиот ден се пратени протоколи за наставниците и родителите. Ова е проблем на целото општетство и не се однесува само на кризните подрачја, изјави Весна Јаневска.

YouTube video

Од 2 мај ќе се наплаќа за влез со кола во националниот парк „Шар Планина“

За влез во природа, паричен надомест. Од 2 мај, Националниот парк „Шар Планина“ започнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот.

Од 2 мај ќе се наплаќа за влез со кола во националниот парк „Шар Планина“

Доколку возите автомобил или мотор, ќе треба да платите 150 денари. 100 денари повеќе ќе ги чини превозниците на комбиња или минибуси до 20 седишта, додека пак 450 денари ќе треба да платат автобусите и тешките моторни возила. Оваа цена како што соопштија од паркот, ќе важи за цел ден.

Ослободени од наплата пак, ќе бидат жителите на селата во рамките на паркот, сопствениците на приватни имоти и хотелски објекти.

Системот за наплата како што велат од паркот, ќе се развива во неколку фази, а првично истиот ќе важи само за недопрените предели на Шара. Туристите пак, кои одат до Попова Шапка, засега не се обврзани да платат влез.

Една од најголемите причини за воведувањето на наплата во паркот се возачите на четирицикли, кои во неколку наврати ги уништуваа патеките низ планината. Пред неколку дена, вработени во Националниот парк поставија дрвена заштита со цел да се спречи движењето на четирициклите над селото Бозовце.

YouTube video

ОПМ предлага да се направи алатка за споредба на цените

Идната недела министерството за економија ќе има појасна слика дали мерката за скалесто ограничување на бруто профитната маржа и ограничување на цените на дел од производите, која завршува утре - ги дала посакуваните резулати. 

ОПМ предлага да се направи алатка за споредба на цените

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески со предупредување до трговците доколку од 1 мај цените драстично се зголемат – ќе следат нови мерки. Во меѓувреме инспекторите од пазарен редовно вршат конторли и по однос на новата законска обврска за онлајн ценовници. Ристески вели во 21 век цените треба да бидат јавно и транспаретно презентирани, не се исклучува можноста да има општа веб страна за прверка на цените, но според надлежните потребно е да помине еден месец од имплементацијата за да се согледаат резултатите.

„Колку се прегледни или не се не можам да кажам сега, тоа ќе го сублимираме после еден месец од имплементацијата. Можеби ќе одиме како да кажам на една генерална и општа веб страна која ќе биде понудена понатаму и збир на информации кои ќе дава подобри резултати да можат граѓаните самите транспаретно да ги конторлираат цените.“- Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд

До организацијата на потрoшувачи поплаки од граѓани за новото законско решение засега велат нема. Оценуваат дека идејата за онајлан ценовници е добра, но според нив треба да се доразвива, предлагаат да се направи алатка за компаративна споредба.

„Луѓето вака се бунат. Некој има намера да купи 5 или 6 производи и сега треба во сите тие списоци што ги објавуваат да ги бара тие производи, условно да оди онјалн од марктет во маркет за да може да ги најде. Кога би имале една компративна алатка тоа би било многу брзо.“- Маријана Лончар – ОПМ

Во министерството за економија финишира и методологијата за новата владина потрошувачка кошничка, очекувањата се таа наскоро да се најде пред синдикатите и работодавачите во рамки на економско социјалниот совет. Детали што се ќе биде вклучено во неа засега не се откриваат, но Ристески вели добро е што после толку години кошничката ќе ја изработува официјална институција и врз база на податоците ќе се креираат идните политики за заштита на стандардот на граѓаните.

YouTube video

На Македонија и се заканува нова епидемија од ситни сипаници

На Македонија и се заканува нова епидемија од ситни сипаници. 

На Македонија и се заканува нова епидемија од ситни сипаници

Според последниот извештај на институтот за јавно здравје вкупниот опфат со МРП вакцина за целата држава 72,7%. Под 70% e во Скопје, а најниска вакцинација против МРП е во Куманово 48,5% и Кавадарци (30,9 %). Пад има и на ревакцинацијата со МРП вакцината. Вакцината МРП во дел од скопските општини е падната и под 60 %, објаснува професорката по фармација и национален координатор за имунизација Александра Грозданова. Освен МРП низок опфат има и за ХПВ вакцината која освен девојчињата ја примаат и момчиња.

„Аеродром, Центар и карпош имаат пад на имунизација и под 60% тоа навистина е ниско и е ризик за епидемија“, вели проф.д-р Александра Грозданова национален координатор за имунизација.

Од здравствен дом Скопје најавија дека ќе бидат повикувани родителите со невакцинираните деца во пунктовите.

„Родителите во наредниот период ќе бидат повикани да ги вакцинираат своите деца кои не биле навреме вакцинирани“д-р Самир Исени здравствен дом Скопје.

Преставниците на СЗО и УНИЦЕФ во Македонија апелираат за правилно информирање за важноста на вакцините.

Во Македонија во 2019 година имаше епидемија на морбили над илјада луѓе беа заразени, а починаа три деца од компликации од морбили.

YouTube video

притисни ентер