Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии - Канал 5

Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии

Законот вели дека право на ваучери имаат студентите на додипломски студии и на интегрирани студии до 29 години. Тоа е законот и според него студентите ќе добијат ваучери, рече Јаневска .

Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии

По наводите дека студенти запишани на магистерски (постдипломски) студии успеале да се пријават за доделување ваучери од 15.300 денари за купување електронски уреди, иако владиниот проект е наменет за студенти запишани на прв циклус студии, министерката Весна Јаневска денеска рече дека законот е јасен и се однесува на студентите на додипломски студии.

-Уште еднаш ќе потсетам дека тоа е акција на Генералниот секретаријат (на Владата). Ние сме посредници во остварувањето на правата на студентите. Законот вели дека право на ваучери имаат студентите на додипломски студии и на интегрирани студии до 29 години. Тоа е законот и според него студентите ќе добијат ваучери, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на кампањата против дискриминација во фудбалот.

Аплицирањето за набавка на електронски уреди почна во понеделникот, 17 ноември. Со ваучерот од 250 евра, студентите што ќе се пријават на повикот може да купат електронски уреди - лаптоп, таблет или персонален компјутер.

Како што е наведено во повикот, може да аплицираат студентите до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети. Аплицирањето е на линкот: https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-apliciranjeto-za-elektronski-vauceri-za-studenti-preku-nacionalniot-portal-za-e-uslugi .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер