Јаневска: Сојузништвото меѓу наставниците, родителите и заедницата е клучно за развој на просперитетни генерации - Канал 5

Јаневска: Сојузништвото меѓу наставниците, родителите и заедницата е клучно за развој на просперитетни генерации

Сојузништвото меѓу наставниците, родителите и заедницата е клучно за развој на просперитетни генерации со емпатија и критичко размислување.

Јаневска: Сојузништвото меѓу наставниците, родителите и заедницата е клучно за развој на просперитетни генерации

Наставниците се вистински магионичари - не само во однос на знаењето што го пренесуваат, туку и во обликувањето на карактерот и развојот на децата во целина. Тие ги поттикнуваат да размислуваат храбро, да се водат од вредности и да се подготвуваат за свет полн со предизвици. Но, за да успеат неопходна е поддршка и соработка со семејствата и заедницата. Ова беше истакнато на денешната панел - дискусија „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, која се одржа во Струмица.

Наставници, родители и стручни лица разменуваа идеи, добри практики и искуства за тоа како од најмала возраст да се создадат услови за поттикнување на детскиот развој во целина.

Во првиот дел од панел-дискусијата учествуваа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, Ана Витанова – Рингачева, вонреден професор на катедрата за македонски јазик и литература на Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип и Стојне Митева, психолог и гешталт терапевт при ООУ „Маршал Тито“ од струмичко Муртино.

Министерката Јаневска посочи дека токму наставниците имаат клучно влијание во развојот на децата и порача дека нивната улога е да го поттикнат потенцијалот и да им помогнат на младите да станат храбри, мислечки и сочувствителни личности.

„Кога наставникот ќе му даде на детето простор да се изрази, да прашува и да истражува, тогаш се случува вистинската магија, тогаш растеме генерации кои веруваат во себе и во моќта на знаењето“, истакна министерката.

Во вториот дел на панелот свои искуства и мислења споделија Трајче Бјадов, наставник по македонски јазик при ООУ „Герас Цунев“ - Просениково, Струмица, Архелос Туранов, директор при ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица и Мери Доневска Костуранова, родител и претседател на Совет на родители при струмичкото СОУ „Јане Сандански“. Сите беа согласни дека развојот на критичко размислување, храброст и сочувствителност од најмала возраст се клучни во градењето на личноста и истакнаа дека тие не се создаваат преку едно предавање, туку преку секојдневна, внимателна поддршка од наставниците и родителите.

Денешниот панел потврди дека кога знаењето и посветеноста на наставниците се комбинираат со поддршка од заедницата и родителите, се создава силна основа за иднината, односно за генерации кои се самоуверени, со способност за критичко размислување и емпатични.

Панелот се реализираше во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, посветена на препознавање и поддршка на наставничката професија како движечка сила на општествениот напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Извештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.

Извештајот на ЕК  пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската Унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народот

ВМРО-ДПМНЕ почнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народот

До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.

На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните.

Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери.

И ВМРО-ДПМНЕ нема да сопре тука, на пролет продолжува со трибини меѓу граѓаните од село во село, од град во град, сè со една цел подобра иднина за секој еден граѓанин.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер