МакедонијаЈаневска: Образовниот систем aктивно се трансформира за младите да ги стекнуваат вештините кои се клучни за економијата Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес учествуваше на научна конференција „Креирај дома, продавај глобално“, со која се означи отворањето на Технолошкиот парк - Н99. Говорејќи на панел дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација, оцени дека образовниот систем веќе активно се трансформира со цел младите да ги стекнуваат потребните компетенции кои ќе бидат клучни за економијата во иднина. Јаневска посочи дека Министерството за образование и наука е посветено на следење на глобалните трендови и интегрирање на вештините на 21 век во наставниот процес, почнувајќи уште од основното и средното образование. „Вештачката интелигенција веќе е реалност во училниците. Министерството во соработка со државни и приватни факултети од областа на информатиката, изработи водич за примена на вештачка интелигенција, наменет за наставници, ученици и родители, со цел етичка и безбедна употреба на технологијата, заштита на личните податоци и препознавање на злоупотреби. Паралелно ги обучивме наставниците и сега веќе има ментори во сите училишта што го пренесуваат знаењето на останатите“, нагласи министерката, додавајќи дека голем број училишта се опремени со модерна технологија и безбеден интернет, процес кој ќе продолжи и во наредниот период. Јаневска рече дека Македонија активно се приклучува кон глобалните напори за одговорна примена на вештачката интелигенција, потсетувајќи дека државата ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција. Осврнувајќи се на влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот, министерката кажа дека трансформацијата на работните места е неминовна, но дека постојат професии како наставниците и докторите кои ќе останат незаменливи. Во однос на технолошкиот развој на државата, Јаневска рече дека Македонија веќе има усвоено Стратегија за паметна специјализација со поддршка од ЕУ, во која се дефинирани четири приоритетни области - паметно земјоделство, паметно градежништво, туризам и ИТ секторот. „Одлучивме да обезбедиме рекорден буџет за научно-истражувачки проекти на универзитетите, факултетите, МАНУ и бизнис заедницата кои се поврзани со целите на Стратегијата за паметна специјализација. За две години двојно ги зголемивме средствата за наука и очекувам овој тренд да продолжи“, истакна Јаневска. Говорејќи за улогата на научно-технолошките паркови и истражувачките центри, министерката потенцираше дека тие претставуваат клучна алка во поврзувањето на образованието, науката и бизнис секторот и во таа насока, Владата веќе работи на мега проект за основање на првиот државен научно-технолошки парк, кој, според првичните планови, треба да проработи наредната година. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter