Јаневска: Набргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност - Канал 5

Јаневска: Набргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност

 Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. 

Јаневска: Набргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност

Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи - изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска коментирајќи ги случувањата на Филозофскиот факултет на УКИМ, каде што од 2019 година противзаконски се запишувале студенти на едногодишни магистерски и докторски студи иако додипломските им биле тригодишни стручни, а не академски.

Се работи за седуммина запишани на магистерски и четворица на докторски студии и нивните уписи, по решение на ДПИ, се поништени и им е прекинато студирањето. Досега не докторирал ниеден, а магистрирале осумина, за кои нема решение дали дипломите ќе им бидат важечки.

Јаневска рече дека Државниот просветен инспекторат (ДПИ), чиј извештај го добила доцна вчера, утврдил каде се пропустите и според тоа ги донел и одлуките како треба да се постапува. Како што рече, Инспекторатот постапувал по поплкаки и жалби на поединци.

- Во текот на викендот ќе го обработиме (извештајот) и в понеделник веќе ќе носиме решение. Министерството и Државниот просветен инспекторат немаат избор, тие мора да постапуваат по закон. Го разбирам, апсолутно, револтот на студентите, но постојат други институции каде што тие ќе си ги бараат своите права. Она што е во ингеренции на МОН од понеделник ќе биде завршено. Сè друго во соодветните институции за да биде и по закон и правадата задоволена. Она што јас како министер и оваа Влада се залагаме и многупати сме го рекле е дека ќе се работи по закон. Постои закон по кој студентите требало да бидат запишани на втор и трет циклус студии. Државниот просветен инспекторат вели дека тој закон е прекршен. Мене ми е многу жал за тоа што им се случува, но кога се запишувале на втор и трет циклус, некој требало да им каже и тие самите да проверат каде се запишуваат - изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на новата лабораторија на Стоматолошкиот факултет при УКИМ.

Посочи дека Агенцијата за квалитет во високото образование од формирањето до пред осум месеци не направила ниедна евалуација, а дека во изминатите осум месеци се направени голем број евалуации со кои се утврдуваат неправилности.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и кандидатка за реизбор, Биљана Ангелова, изјави дека откога ќе заврши целиот процес, ќе објават официјален став за тоа „кој е исходот од целата оваа ситуација“ на Филозофскиот факултет на УКИМ.

- Оваа состојба е затекната за сите нас. Се случувало во периодот помеѓу 2019 и 2022 година во едно сосема друго опкружување и друго раководство. Останува да бидеме трпеливи и да го почекаме конечниот извештај на инспекцијата и да се постапи и тогаш ќе дадеме официјално известување за исходот од целата оваа состојба - рече Ангелова.

На новинарско прашање дека се засегнати и студенти, кои со завршени тригодишни стручни студии се запишале на едногодишни магистерски во изминатите две-три години, ректорката одговори дека мора да го види извештајот за, како што рече, да не се манипулира со податоци за одделни студенти.

- Повторно ќе се испита и нивната состојба и тие се дел од оваа анализа и ќе гледаме во иднина да го премостиме ова. Веројатно ќе се акредитираат и нови студиски програми, ќе се презапишат ако е потребно, меѓутоа законската регулатива мора да биде исполнета. Претходните биле стручни студии и не може да продолжат во понатамошна едукација на академски студии - рече ректорката.

Биљана Ангелова ќе учествува во трката за втор мандат за ректор на УКИМ. Изборите ќе се одржат во вторник, 28 април, нејзин противкандидат е проф. Дарко Данев од Машинскиот факултет. Таа вчера не учествуваше на претставувањето на двајцата кандидати за прв човек на УКИМ, кое го организира Независниот академски синдикат (НАкС).

- Тоа не беше во организација на Универзитетската изборна комисија, ниту на Универзитетот. Информацијата од НАкС ја добив во понеделникот и им најавив дека во текот на вчерашниот ден нема да бидам присутна затоа што веќе претходно имав закажано конференција, која беше во Охрид. Инаку, нашето претставување, на сите единици на Универзитетот и пред целата академската заедница, беше направено во текот на овој изборен период - рече Ангелова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. 

Четири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот

Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си.

Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати.

Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост.

По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката.

Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS).

Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен.

„Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП.

Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат.

Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината.

Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. 

Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“.

Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина.

Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење.

„На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“.

Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави.

Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација.

Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред.

Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците.

Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето.

„Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата.

Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот.

Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. 

Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)

Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса.

Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“.

Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро.

Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил.

Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште.

Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил.

Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот.

Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега.

„Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот.

Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената.

„Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот.

Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло.

До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер