1Сузуки го претстави најмалиот електричен автомобил во Европа, цената ќе биде под 20.000 евра (ВИДЕО)
МакедонијаЈаневска и Митески им доделија таблет уреди на четвртоодделенците во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“Општина Аеродром трета година по ред бесплатно доделува таблет уреди на сите ученици од четврто одделение на нејзина територија.Задоволство ми е што општина Аеродром овозможува модерната информатичка технологија да им биде достапна на учениците на нејзина територија и со тоа им го олеснува воспитно – образовниот процес, односно пристапот до повеќе извори на знаења и содржини кои ги интересираат, истакна министерката за образование и наука при денешната посета на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, каде заедно со градоначалникот Дејан Митески им доделија таблет уреди на учениците од четврто одделение, обезбедени со средства на локалната самоуправа. „Ова е особено важен проект за семејствата со пониски приходи, кои ете, можеби немаат прилика нималку да одвојат од семејниот буџет за да им купат таблет уреди на своите деца, па ете локалната самоуправа обезбедува соодветна поддршка и ги изедначува сите дечиња од тој аспект. Посакувам овој проект да продолжи и во иднина, а примерот на Аеродром да го следат и други локални самоуправи, бидејќи кога визијата на Владата и на општините за модернизација и дигитализација на образованието се совпаѓаат, тогаш стандардите полесно се следат и целите побрзо се остваруваат“, рече Јаневска. Министерката потенцираше дека Министерството за образование и наука и локалните самоуправи во изминатите три месеци имаат добра синергија и како што нагласи, сигурна сум дека доаѓаат подобри времиња за образованието и за оние кои се вклучени во образованието во Македонија. „Конечно по 7 години, за прв пат имаме печатени и навремено испорачани учебници на стартот на учебната година. Започнуваме со крупни промени за кои имаме голема поддршка, како на пример едносменското работење, продолжението престој во училиште, враќање на предметите кои беа обезвреднети во последните 2-3 години – историја, географија, хемија, физика и така натаму. Имаме и најголем број на образовни асистенти досега, над 1000 во основните училишта и како што најавивме - тие од денеска влегуваат во училиштата, а токму во ова училиште пред малку се видов и разговарав со дел од нив“, информираше министерката за образование и наука. Општина Аеродром трета година по ред бесплатно доделува таблет уреди на сите ученици од четврто одделение на нејзина територија. Годинава се обезбедени околу 850 таблети во вкупна вредност од 6 милиони денари. Според градоначалникот Митески оваа мерка на најмладите значително им го олеснува процесот на стекнување знаења и истата ќе продолжи и во иднина. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП БогородицаИнтензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот. „Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски, соопштуваат од МТ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаМицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргументПремиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома. Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри. „Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаПанче Тошковски во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Фемицидот во подем, како до брзи системски решенија за насилниците? До кога границата ќе биде швајцарско сирење и зошто се уште не знаеме кој и како ја спроведе Михаилова надвор од државата? „Сејф сити“ му донесе светска награда, но како да се спречи и дивеењето по улиците? Во двегодишниот мандат, преживеа и три опозициски интерпелации во Собранието, дали полицијата денес е подобра отколку пред 3 години? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook