Јанева: Сите предмети од СЈО се активни и се работи по нив

СЈО си го заслужи местото во институциите на државата.

Покрај тоа што ќе продолжи да работи во неограничен мандат, најважно е што протокот на предметите што ги работеше досега нема да заврши со ниедно законско решение. Тоа значи дека без разлика дали ние ќе ги работиме одредените предмети или обвинителството за организиран криминал, сите предмети се активни и се работат.

Ова го изјави денеска специјалната обвинителка Катица Јанева, по потпишувањето на меморандумот за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари на кој се обратија министрите за правда, за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација, Рената Дескоска, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, како и на претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

За државниот јавен обвинител Љубомир Јовески новиот закон за јавно обвинителство, во кој е инкорпорирано СЈО, содржи добри одредби кои овозможуваат натамошно функционирање и на СЈО и на ЈО.

– Се она за што не ќе може да постапува СЈО, а што ќе може да се води, ќе го преземе надлежното обвинителство, согласно кривичното дело за кое се водат постапките, рече Јовески.

На новинарско прашање дали СЈО ќе работи без „бомбите" во предметите како „Империја", обвинителката Катица Јанева посочи дека од првиот момент кажала дека „бомбите" секогаш биле проблематични, уште во моментот кога не биле признати од страна на судот како доказни средства. Нагласи дека СЈО секогаш во своите истраги и предистраги се трудело да прибави колку што може повеќе материјални докази и искази од сведоци за конкретните настани поврзани со „бомбите".

– „Бомбите" ги олеснуваше и појаснуваше некои работи во склоп на сите други материјални и вербални докази, но сметам дека и начинот на работа без „бомби" е предизвик за специјалните јавни обвинители и ќе се потрудиме да бидеме на висина на задачата, изјави Јанева.

Новинарите ја прашаа дали СЈО има доволно докази за случајот „попис" за Али Ахмети и дали може наскоро да се очекува обвинение, Јанева одговори дека се работи на предметот, што се уште е во истрага.

Прашана дали со новиот закон нема да се спаси некој од политичарите односно функционерите ако „бомбите" нема да бидат докази, таа рече дека се е можно.

– Може некој да се спаси, а некој може да биде плус обвинет. Но, ние во суштина сме задоволни што ни се проширува надлежноста. Не сме ограничени само на бомбите бидејќи во периодот што го анализиравме сметаме дека има и други прекршувања на Кривичниот законик. Така можеби сега во одредени предистраги ќе отвориме и многу покрупни предмети од овие што ги имаме, појасни таа.

Прашана дали очекува СЈО да ја добие поддршката од пратениците, таа рече дека не сака да шпекулира, но, истакна, се задоволни од начинот на кој се пристапило кон донесување на законот. Посочи дека повеќето од пратениците се за законот за СЈО и изрази надеж дека довербата на граѓаните е се уште силна во СЈО.

За одлуката на Врховниот суд за случајот „Империја" за пуштањето од куќен притвор на дел од осомничените, и дали е следен Сашо Мијалков, Јанева смета дека најважно е што СЈО има доволно докази по предметите за да се продолжат истрагите и одредени предистраги на кои се работи за овие лица.

– Можеби во иднина и во најбрз можен рок, ќе побараме по други предмети одредени мерки за определени лица, рече таа, додавајќи оти е можно за Мијалков да побараат притвор за друг предмет ако биде пуштен за „Империја".

Во однос на обвинувањата од страна на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски дека имало од нејзина страна уцена за одмрзнување на имотот на партијата за поддршка од пратениците за законот, Јанева информира дека имала средба со него по негова иницијатива, преку трето лице присутно таму, на која немало никакви закани и уцени. Имало неврзан разговор за критиките дека само одредени лица се предмет на истрага од страна на СЈО.

– Мислев дека е добро да се поразговара и да го замолам Мицковски да го поддржи доколку дојде до закон за СЈО со кое му се продолжува мандатот за неопределено време како дел од правосудниот систем, дека може да го разгледа тоа прашање во неговата партија за да може да изразат поддршка, изјави Јанева. /МИА

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер