Јанева: Мијалков не бил таргет на прислушување, тој ја дал наредбата

Сашо Мијалов, еден од обвинетите во случајот „Таргет – Тврдина", не бил цел на прислушување, туку додека бил директор на УБК по негова наредба се прислушувало, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Таа потенцира дека докази за тоа ќе бидат презентирани за време на рочиштата на судењото за случајот.

Јанева ова го кажа по презентацијата на вториот периодичен извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата на Мијалов дека бил предмет на прислушување и оти во судницата изразил сомнеж дека можеби се прислушувало надвор од УБК.

– Обвинетиот Сашо Мијалков не е таргет на прислушување. Таргет се други лица блиски до него, фамилијарни. Тој не е таргет. А тоа кој прислушувал во Македонија неспорно е докажано и има докази за тоа дека тоа се случувало во периодот кога тој бил директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, под негова наредба е вршено прислушување и има докази за тоа во предметот кој се надевам дека ќе го следите, рече Јанева.

Специјалната јавна обвинителка не сакаше да одговара на прашања за други предмети како на пример „Империја", упатувајќи ги новинарите писмено да се обратат до прес-службата на СЈО.

Патници останале збунети и мокри на 4 часовен лет кон Њујорк: Врне дожд во авионот (ВИДЕО)

Необичната сцена е снимена за време на четиричасовниот лет до Њујорк, а меѓу патниците била и тиктокерката Савана Говарти.

Таа објави клип кој за краток период го погледнале 3,6 милиони луѓе. Таа не открива со кое друштво патувала.

На видеото гледаме кабина полна со необична магла, а девојка со видно мокра коса и лице вели: „Што се случува?“.

Савана во еден момент ја соблекла натопената бела кошула и ја фрлила преку потпирачот, надевајќи се дека ќе се исуши, пишува Дејли Стар.

„Четиричасовен лет. Ладно ми е“, изјавила девојката пред камерата.

Пилотот на авионот, наводно, ја коментирал ситуацијата со зборовите: „Изгледа како да врне во авионот“.

@savinnyc Nothing better than being on a 4hr flight back to new york soaking wet and cold #flying #plane #vacation #pilot #fyp ♬ Paper planes M.I.A - songs for u <3

Нереалната сцена била резултат на кондензација на вода во системот за проток на воздух и уредите за ладење, пишува New York Post.

Вработена на крузер си го убила новородениот син во близина на брегот на Италија

Италијанската полиција уапси девојка (28) од Филипините, работничка на крузер, под сомнение дека е одговорна за смртта на нејзиното бебе.

Осомничената, која ја криела својата бременост од колегите и претпоставените, се породила на 17 мај на брод за крстарење, во моментот кога бродот бил блиску до пристаништето Санто Стефано. Два дена подоцна детето било пронајдено мртво, објави Анса.

Телото на момчето било пронајдено во кабината што осомничената ја делела со другите членови на екипажот.

Според обвинителството, девојка од Филипините е обвинета дека го убила детето кое го родила на крузерот Silver Whisper, кој плови под бахамското знаме.

Се претпоставува дека осомничената го оставила детето само во кабината и си заминала.

Колегите повикале полиција во неделата вечерта откако во кабината пронашле мртво новородено бебе. Инаку, осомничената ја делела кабината со уште две жени кои се дел од екипажот.

За жал, Брзата помош не можела да стори ништо за да го спаси детето и телото на бебето било пренесено на обдукција, за да се утврдат точните причини за смртта.

Според италијанските медиуми, мајката била пренесена во болница во Тоскана.

По истрагата, бродот го напуштил пристаништето, а мајката ќе биде приведена.

Како сопругата на Џорџ Клуни доби клучна улога во барањето на МКС за апсење на Нетанјаху?

Амал Клуни (46), сопруга на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни (63), одигра клучна улога во барањето на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на лидерите на Израел и Хамас за наводни воени злосторства за време на конфликтот во Појасот Газа.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, вчера најави дека ќе побара издавање налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, како и за министерот за одбрана Јоав Галант и за тројца лидери на Хамас, меѓу кои и Јахја Синвар. .

Како што објави „Дејлимејл“, Амал Клуни, која има британско државјанство и по потекло е од Либан, е позната адвокатка и нејзината специјалност е заштита на човековите права. Таа е една од шесте правни експерти ангажирани од обвинителот Карим Кан да ги проценат доказите за воени злосторства.

„Како адвокат за човекови права, никогаш нема да прифатам дека животот на едно дете е повреден од животот на друго дете. Не можам да прифатам дека некој конфликт може да биде над законот. И ниту еден сторител на кривично дело не треба да биде над законот“, наведе Амал во соопштението.

Веста за нејзината вмешаност во истрагата на МКС дојде по неколкумесечни критики кон неа затоа што не се изјаснила јавно за време на конфликтот во Појасот Газа и покрај извештаите за смртта на бројни цивили. Според палестинските изјави, од 7 октомври, кога Израел започна војна против Хамас, загинале повеќе од 35.000 луѓе, меѓу кои најмалку половина се жени и деца.

Израел започна воени операции по нападот на Хамас во кој беа убиени околу 1.200 цивили и војници, додека над 200 заложници беа киднапирани и одведени во Појасот Газа. Многумина од оние кои ја критикуваа Амал Клуни сега ја користат приликата јавно да ѝ се извинат.

Меѓународниот кривичен суд е основан во 1998 година според Римскиот статут. Тоа е независна институција која ги гони лицата обвинети за најтешките злосторства што ја загрижуваат меѓународната заедница. Овој суд истражува воени злосторства, геноцид, злосторства против човештвото и злосторства при агресија. Државите можат да ги гонат осомничените пред нивните судови.

Меѓународниот кривичен суд воспоставува јурисдикција само кога државите не се во можност или не сакаат да го сторат тоа - тој е „суд од последна инстанца“ Овој суд нема своја полициска служба и се потпира на државната соработка при апсењето на осомничените.

Казните што ги изрекува Меѓународниот кривичен суд се затвор и парични казни. Израел не е меѓу земјите-членки, а судот е надлежен доколку воените злосторства биле извршени во некоја од земјите што го потпишале нејзиниот основачки договор или биле извршени од некој нивни државјанин.

Ниту Русија, ниту Украина не се меѓу 124-те земји-членки, но Украина ја прифати неговата јурисдикција, што значи дека Меѓународниот кривичен суд може да истражува одредени наводи за злосторства. Од големите сили, САД, Кина и Индија не се членови на судот.

притисни ентер