Јанчева: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка - Канал 5

Јанчева: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка

Ако на некој досега не му беше кристално јасна криминалната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и привезокот од ЗНАМ, денес на седница на Советот на град Скопје тоа стана кристално јасно. 

Јанчева: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денес ја повлекоа сопствената точка за дискусија од дневниот ред на Советот на град Скопје бидејќи доцна забележаа дека во нивната предложена точка имаат побарано дискусија за „дивоградби во општина Сарај и други општини во градот Скопје“.

Откако сфатија дека советниците на седницата на Советот на град Скопје ќе имаат можност да дискутираат и за дивоградбите во Сарај но и во Чаир и другите општини, кренаа бунт за да ја спречат седницата која сами ја бараа.

Што крие Мицкоски и кого штити Панче Тошкоски?

Зошто свесно советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ влегуваат во одбрана на криминалци кога тие добиваат само трошки од матните зделки на Мицкоски, Ганиу и Меџити?

До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе владее со урбаната мафија во Скопје и во државата?

Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност?, рече Љубица Јанчева, координатрока на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

YouTube video

Филипче: Срамни и понижувачки се антинационалните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Бришењето на термините „македонски јазик и идентитет“ од Извештајот за напредокот на земајава е пораз на владината дипломатија и е резултат на застранувањето на власта од стратешките позиции на државата, смета опозицискиот лидер Венко Филипче. 

Филипче: Срамни и понижувачки се антинационалните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Според него Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ветувала гордост, а донела понижување на државата и не остварила ниту едно од ветувањата за подобра преговарачка позиција со Унијата. Порача дека македонаката интергација во ЕУ е се подалечна поради политиките на сегашната власт.

„ Одлуката на Европскиот Парламент и усвојувањето на извештајот се резултат на застранување од јасно утврдените стратешки позиции на државата и злоупотребата на јазикот и на идентитските прашања од страна на Владата, за сопствена политичка кампања. Тоа е директен резултат на дипломатските импровизации и целосна негрижа на Владата за зачувување на меѓународните позиции на државата. Секој нов пораз во надворешната политика, Владата го оправдува со сè подраматични и празни прес-конференции, обвинувајќи ги другите за сопствениот неуспех. Антинационалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се обидуваат да го загрозат нашиот јазик и идентитет за сопствени политики се срамни, се понижувачки и се спротивни на здравиот разум на секој што ја сака оваа земја“ – рече – Венко Филипче, претседател на СДСМ.

На повикот од премиерот Мицкоски за сојузништво околу евроинтегративниот пат Филипче одговори дека се отворени за соработка и за разговори во секој момент и дека СДСМ и досега повикувала покренувала иницијативи за обединување околу националните интереси и европскиот пат на државта. Тој е на став дека не е потребно раскинување на Догвоорот за добрососедство со Бугарија, напротив смета дека тој треба да се искористи за подобрување на односите.

„Сметам дека не треба да се повлекуваме од договорите. Договорите се прават за да служат, да некои односи се надградуваат во духот на добрососедството, во духот на Копенхашките критериуми, во духот на Европа. Ништо нема да направиме ако се повлечеме од некој. Добро, треба да бидеме принципијални, да бидеме коректни“, порчаа Филипче.

На радикалните изјави и провокациите кои доаѓаат од бугарски политичари Филипче смета дека државата треба да одговори со умешна и решителна дипломатија и со фер и добрососедско однесување, а не со конфорнтанции, а Европа како што рече да биде сведок на провокациите кои доаѓаат од другата страна.

YouTube video

Уапсени три лица во реонот на Гази Баба, со намера да подметнат пожар- кај Смилковско езеро биле најдени изгорени гуми и ракавици

Пиромани, невнимателност или смислено сценарио, кој и зошто предизвикува пожари во Македонија? 

 Уапсени три лица  во реонот на Гази Баба, со намера да подметнат пожар- кај Смилковско езеро биле најдени изгорени гуми и ракавици

Досега официјално се поднесени две пријави за предизвикување на пожар, а од денеска под лупа се и тројца малолетници, странски државјани, кои синоќа пред полноќ биле фатени во скопски Илинден со полн ранец со бензи, петарди, запалка и течен лепак. Се уште се расветлува нивната намера... Во екот на се погласните сомнежи дека пожарите во земјава не се случајни, се повеќе се разгорува и политичката пресметка и станува мегдан за меѓупартиски обвинувања.

Од Македонски шуми велат дека повеќето од пожарите не укажуваат на подметнувачи кои имаат бизнис интереси, односно се повеќе гори ниска вегетација, а не дрвја кои потоа би можеле да се откупат за ниска цена. Според него, пожарите се исто така предмет на подметнување.

Дека станува збор за подметнати пожари денеска потврди и премиерот Мицкоски.

-Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, имаме и приведени лица кои што тоа го правеа, особено на територијата на Скопје, затоа што пожарот, последниот кој што вчера се случи во близина на Смилковско езеро, беше навечер, после 9 часот и тоа што го најдовме таму, но и три лица кои потоа беа обезбедени, укажуваат на тоа дека постои основано сомневање за координирана и добро осмислена акција, особено во Скопје,- -Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Во однос на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ пак, дека СДСМ се „сити“ поради состојбите, претседателот на партијата Венко Филипче вели дека „подадената рака“ за заедничко справување го демантира таквиот наратив

-Ниту еден од СДСМ, поединец, ниту функционер ниту градоначалник има намера да се сити со некаква криза, за се што се случуваше во изминатата една година имаме критика која што е сериозна, истовремено имаме и конкретен план како заеднички да настапиме да го надградиме системот,- -Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Инаку, обвинителството во моментов прибира докази и ги истражува околностите под кои се запали депонијата во скопско Визбегово, чиј сопственик беше приведен поради напад врз новинарска екипа и за него се бара притвор. За осомничената пак е предложена мерка домашен притвор, бидејќи имала две малечки деца.

YouTube video

Собранието донесе повеќе законски решенија по скратена постапка

Во продолжението на 59. седница Собранието денеска ги донесе измените и дополнувањата на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија по скратена постапка.

Собранието донесе повеќе законски решенија по скратена постапка

На седницата беа изгласани по скратена постапка и измените и дополнувањата на законите за научно-истражувачка дејност, за платежни услуги и платни системи и за воздухопловство, по скратена постапка.

Пратениците по скратена постапка ги донесоа и измените и дополнувањата на законите за возила и за здравствено осигурување.

Претходно Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител. Беше прифатен и предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Прифатени и на натамошно второ читање беа дадени предлог-законите за изменување и дополнување на законите за туристичката дејност, за заштита на културното наследство и за библиотеките, како и измените на Законот за државните награди. Пратениците не го прифатија предлог законот за дополнување на Кривичниот законик.

Собранието ги усвои извештаите за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство, годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар, сите за во 2024 година. Ова беа последните точки за расправа со што беше исцрпен дневниот ред на 59. седница.

притисни ентер