Јанчев: Фекална канализација со комплетно нови шахти во село Бохула

Ј.П. Комуналец Кавадарци работи на поставување на фекална канализација со комплетно нови шахти во село Бохула, напиша на својот профил на Фајсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Ј.П. Комуналец Кавадарци работи на поставување на фекална канализација со комплетно нови шахти во село Бохула, во должина од 520м2 со коругирани цевки Ф315.

Инвестиција на ЈП Комуналец и Локална самоуправа Кавадарци.

Кожувчанка ДОО донираше изворска вода

на Армискиот полигон Криволак!

Криволак е армиски полигон за воени вежби во Македонија кој е изграден уште пред 70-ина години.

Капацитетите на самиот полигон се погодни за спроведување на различни видови обуки и стрелби, како што е стрелање со повеќе видови оружје, стрелање од авиони, тактички вежби на ниво на баталјон, обука на инженерски единици, обука на специјални единици, работа на контролна точка, обука за конвои, обука за надминување на водни препреки и други видови обука.

“Mисијата на полигонот како центар за обука е да се обезбеди поддршка за спроведување на вежбите на припадниците на нашата армија, а мисијата на Компанијата Кожувчанка е секогаш да ја обезбеди потребната помош и поддршка!” - изјавија од Кожувчанка ДОО.

Затоа, денес, Кожувчанка од Кавадарци донираше 10.000 литри Изворска вода на армискиот полигон Криволак.

Да го чуваме и негуваме своето и да го вратиме статусот на Криволак како центар за армиска обука со полн капацитет, кој ќе им понуди на илјадници војници место за вежби.

17- годишен играч на бадминтон почина на терен

Кинескиот 17-годишен играч на бадминтон, Џанг Жиџие почина за време на натпревар на младинското азиско првенство во Индонезија.

Џанг играше против Јапонецот Казума Каван кога доживеа ненадеен срцев удар додека се подготвуваше да му сервира на противникот.

Се онесвести, а лекарите не беа пуштени на терен додека судијата не им даде дозвола. Беше доцна, беше пренесен во болница, лекарите се обидоа да му помогнат, но не можеа. Пораки со сочувство до семејството на младиот кинески спортист упати кинеската асоцијација за бадминтон.

Бајден се правда поради лошиот настап на дуелот со Трамп:Имав „џет лег“, речиси заспав на сцена

Американскиот претседател Џо Бајден за лошиот настап во минатонеделната дебата со Доналд Трамп го обвини „џет-лег“, велејќи им на новинарите дека „не е многу паметно“ да се патува низ светот неколку пати пред неговото појавување во Атланта.

Како што јави Би-Би-Си, Бајден се врати во САД на 15 јуни од патување од Европа, каде што присуствуваше на самитот на Групата 7, помалку од две недели пред дебатата на 27 јуни.

„Не ги слушав моите соработници. За малку ќе заспав на сцената поради тоа“, рече Бајден.

Претседателот се огласи откако, според бројни медиуми, настана паника во Демократската партија поради неговото здравје и откако демократот Лојд Доџет, конгресмен од Тексас, го повика Бајден да се повлече од претседателската трка.

„Се надевам дека ќе донесе болна и тешка одлука да се повлече“, рече Доџет.

За време на дебатата, Бајден зборуваше тивко, мрмореше, често беше нејасен, а неговите реченици беа некохерентни.

„Ова не е изговор, туку објаснување“, додаде Бајден на настан за собирање средства во Вирџинија.

Тој се извини и за лошиот настап на дебатата. Американскиот претседател минатиот месец двапати отиде во Европа. Интересно е што Белата куќа веднаш по дебатата објави дека претседателот имал проблеми со настинка.

Бајден се подготвуваше за дебатата шест дена во центарот Кемп Дејвид, недалеку од Вашингтон.

Цитирајќи неименуван извор запознаен со дневниот распоред на Бајден, Њујорк Тајмс објави дека работниот ден на Бајден започнува во 11 часот секое утро и дека тој има доволно време да дреме секој ден.

Весникот исто така објави дека Бајден бил толку исцрпен од патувањето што неговите подготовки за дебатата биле прекинати два дена за да може да се одмори во неговата куќа на плажа во Делавер.

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас ја продаваат вилата во Њујорк за 12 милиони долари

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас ја продаваат својата вила во Њујорк, а американската агенција за недвижности објави фотографии од луксузниот ентериер. 

Сместена северно од Њујорк и свртена кон реката Хадсон, куќата има четири ката, осум спални соби и 12 бањи.

- Кога го купив нашиот дом во Ирвингтон, знаев дека нашето семејство ќе сподели многу среќни времиња овде, па така и беше, изјави Зета-Џонс за „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal).

На почетокот на овој месец, глумците објавија дека нивната куќа покрај реката во приградското село Ирвингтон во округот Вестчестер во Њујорк е на продажба за 12 милиони долари.

На првиот кат има затворен базен, вежбалница и просторија за рекреација. Свечена дневна соба, салон, работна и семејна соба и кујна се исто така меѓу погодностите што ги има вилата. Кујната е направена во стил на рурална селска куќа, со ѕидови со бели плочки, мермерни површини, уреди од германскиот бренд „Миеле“ (Miele) и златни мотиви. Посебна просторија е двокатната библиотека со камин на дрва, од црна тула, и француски прозорци со заоблен врв.

Холивудската двојка, која се венча во 2000 година, го купи замокот за 4,5 милиони долари во 2019 година и ја реновира куќата, зачувувајќи ги нејзините изворни одлики и изглед од 1920-тите. Парот поседува и друг недвижен имот ширум светот, а вилата одлучиле да ја продадат бидејќи, како што велат - „повеќе време поминуваат на Бермудите и во Европа“. /MИА

притисни ентер