Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ
„Спремни за средно!“: Оваа среда бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците од Општина Кисела Вода
1Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ
2„Спремни за средно!“: Оваа среда бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците од Општина Кисела Вода
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!Првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев на фејсбук објави дека продолжуваат градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!Продолжуваат градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар! Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина. Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани. [✔️] Побрз сообраќај [✔️] Поголема безбедност [✔️] Подобра поврзаност Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!- стои во објавата на Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Рецепти„Гответе со Дракче“ - МакарониВо пoнеделник (01.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Томас ДимитровскиСостојки за денешниот рецепт: 1 пакување ситни макарони 100 - 150 гр. растителен кашкавал 200 гр. кисела павлака 1 - 2 лажици сенф 1 лажица мед 1 главица кромид 100 гр. брокула половина зелка 1 морков 100 гр. суви сливи масло и балсамико по потреба сол и и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин КонаковиќМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Сараево оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка меѓу двете држави, како и конструктивниот политички дијалог што се одвива на сите нивоа. „Одржуваме редовен и содржаен политички дијалог на сите нивоа и немаме отворени билатерални прашања. Во денешните геополитички околности, тоа претставува редок и позитивен пример во нашиот регион“, истакна министерот Муцунски на заедничката прес-конференција по средбата. Соговорниците разговараа за актуелните политички состојби во регионот, европската интеграција и политиката на проширување на Европската Унија. Притоа беше нагласено дека проширувањето претставува стратешки интерес и за земјите од Западен Балкан и за самата Европска Унија, особено во услови на засилени геополитички предизвици. „Нашите две држави ги поврзуваат заеднички стратешки цели, пред сè европската перспектива на регионот, како и заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на Западен Балкан и Европа“, нагласи Муцунски. Во разговорите беше потврдена и подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план. Беше истакната потребата од почести бизнис-форуми, подобрување на транспортната поврзаност и повторно воспоставување на директната авиолинија Скопје – Сараево. „И покрај одличните политички односи, постои значителен простор за унапредување на економските врски меѓу двете земји. Во таа насока, иницираме организирање на бизнис-форуми, надминување на оперативните предизвици во транспортот и подобрување на транспортната поврзаност, вклучително и преку повторно воспоставување на директната авиолинија Скопје – Сараево“, истакна министерот Муцунски. Соговорниците разменија мислења и за актуелните безбедносни предизвици во регионот, при што беше нагласена важноста од зачувување на стабилноста, суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на Босна и Херцеговина, во согласност со Дејтонскиот мировен договор. „Цврсто стоиме зад суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на Босна и Херцеговина. Почитувањето на државните симболи и меѓународно признатиот субјективитет на БиХ останува наш принципиелен и конзистентен став“, истакна Муцунски. Осврнувајќи се на евроатлантската перспектива на Босна и Херцеговина, министерот Муцунски нагласи: „Како земја-членка на НАТО, силно ги поддржуваме евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина и напорите за спроведување на реформите во соработка со Алијансата и меѓународните партнери. Истовремено, сметаме дека ангажманот на НАТО и Европската Унија, заедно со присуството на ЕУФОР-Алтеа и Канцеларијата на високиот претставник, остануваат од суштинско значење за зачувување на стабилноста, безбедноста и целосната имплементација на Дејтонскиот мировен договор.“ Воедно, беше потенцирана и важноста од меѓусебната поддршка во рамките на актуелните кандидатури во меѓународните организации и форуми. „Убеден сум дека денешните разговори ќе дадат нов импулс во натамошното јакнење на нашето партнерство и пријателство, засновано на доверба, меѓусебна поддршка и заедничка визија за стабилен, безбеден и економски просперитетен регион“, истакна министерот Муцунски. Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за натамошно зајакнување на политичкиот дијалог, економската соработка и партнерството меѓу двете пријателски земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Македонија„Спремни за средно!“: Оваа среда бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците од Општина Кисела ВодаПод мотото „Спремни за средно!“, оваа среда деветтоодделенците од Општина Кисела Вода ќе имаат своја голема и бесплатна полуматурска забава. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, овозможувајќи им на сите 560 ученици кои го завршуваат основното образование заеднички да го прослават крајот на деветте изминати училишни години. Забавата ќе се одржи на 10 јуни со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ и ќе трае до 23 часот и 30 минути. За одличната атмосфера ќе се погрижат популарното дуо 2Bona и диџеј Марио Трампет, а ќе има настапи и од самите ученици. Ова е втора година како се одржува ваква бесплатна полуматурска прослава за деветтоодделенците од Кисела Вода. Годинешниот концепт за прославата произлезе директно од самите ученици. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска претходно оствари средба со претставниците на полуматурантите од сите основни училишта за да ги сослуша нивните идеи и желби, со цел настанот да биде осмислен исклучиво преку нивната призма и реализиран според нивните замисли. -Општина Кисела Вода ги третира младите како сериозни соговорници чие мислење мора да се вреднува. Сакав да ги слушнам директно нив, нивните очекувања, идеите и креативноста што ја носат. Овие млади луѓе покажаа извонредна зрелост во предлозите за тоа како да ја одбележат својата полуматура. Нашата задача како институција е да им дадеме простор да одлучуваат за прашањата што ги засегаат и да овозможиме нивните визии за заедничка прослава да станат реалност. Се надевам дека одлично ќе си поминат во среда и дека од ова дружење ќе понесат најубави спомени кои ќе ги паметат долго, пред да зачекорат во новите предизвици од средношколските денови- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter