Јанчев пред дербито Тиквеш - Вардар, да навиваме како што знаеме - Канал 5

Јанчев пред дербито Тиквеш - Вардар, да навиваме како што знаеме

Пред утрешниот натпревар помеѓу ГФК Тиквеш и ФК Вардар, апелираме до сите, ајде да навиваме како што знаеме и како што веќе покажавме дека можеме, без никакви провокации, спортски, фер и коректно. 

Јанчев пред дербито Тиквеш - Вардар, да навиваме како што знаеме

Да нема навреди, да не се даваат никакви епитети на клубот против кој се игра.

Затоа што ние сме Кавадарци. И затоа што само така во спортска атмосфера, на нашите момци ќе им биде полесно да стигнат до целтта.

Напред Тиквеш! [🔴], напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме“, рече Чо.

Јужна Кореја: Зеленски, вашето извинување не беше доволно“

Јужна Кореја доби извинување од Украина во врска со обелоденувањето информации за префрлањето на двајца севернокорејски воени заробеници во Сеул, но тоа не ги исполни очекувањата на јужнокорејската влада, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Чо Тае-јул.

„Пораките што ги добив содржеа извинување. Сепак, тоа не беше на нивото што го очекуваме, па затоа имаме намера да преземеме решителни мерки“, рече Чо за време на парламентарниот надзор над работата на министерството, како што пренесе агенцијата Јонхап.

Тој додаде дека владата разгледува различни опции, вклучително и можноста за отповикување на јужнокорејскиот амбасадор во Украина, Парк Хи-квон.

Чо истакна дека уште од самиот почеток постоел договор префрлањето да се чува во тајност со цел да се заштитат двајцата војници и нивните семејства во Северна Кореја.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, претходно ја опиша ситуацијата како „дипломатско недоразбирање“.

Според јужнокорејските власти, двајцата севернокорејски војници биле заробени во јануари минатата година додека се бореле на страната на Русија во регионот Курск, а во Јужна Кореја пристигнале во средината на септември.

Јужна Кореја се обидува да го реши спорот преку дипломатски канали, истовремено одржувајќи ги односите со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? 

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана.

Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.

Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. 

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“.

Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз.

Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – ​​задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок.

Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер