МакедонијаЈанчев: Најостро го осудувам нападот кон ФФМ„Како градоначалник и доминантен сопственик на клубот се оградувам и најостро го осудувам нападот кон ФФМ и најодговорно и професионално тврдам дека ниту една политичка партија ниту пак функционер досега нема никакво влијание во работењето на ФФМ.“Како градоначалник на општина Кавадарци која е доминантен сопственик на ГФК ТИКВЕШ, во изминатите години клубот го водиме кон успех кој се издвојува преку влегувањето во првата македонска лига, опстанок во истата, излегувањето во европската лига, како и враќањето на спортскиот фудбалски дух во нашето Кавадарци. Како градоначалник и доминантен сопственик на клубот се оградувам и најостро го осудувам нападот кон ФФМ и најодговорно и професионално тврдам дека ниту една политичка партија ниту пак функционер досега нема никакво влијание во работењето на ФФМ и спортските клубови, односно ГФК ТИКВЕШ 1930 Кавадарци. Помеѓу ФФМ, ГФК ТИКВЕШ и Митко Јанчев има одлични релации и соработка како во професионалниот дел така и во подигање на спортската култура во градот и младинските категории. Досега заедно со претседателот на ФФМ г-динот Масер Омерагиќ не сме имале никакви недоразбирања туку секогаш сме дејствувале исклучиво во интерес на фудбалот. Се оградуваме и ги осудуваме сите навреди упатени кон ФФМ и кон клубот, од страна на поединци кои што се дел од фудбалските клубови во првата македонска фудбалска лига. Како доминантен сопственик заедно со останатите акционери ќе ја разгледаме потребата и можноста за промени како во стручниот штаб така и во самата управа на клубот. Познати по нашата спортска транспарентност, квалитет и успешност пред се пред својата кавадаречка публика претставувајќи ги боите на ГФК ТИКВЕШ ќе продолжиме со крената глава кон нови спортски успеси, чесно и поштено! Со почит, Митко Јанчев градоначалник на општина КавадарциТагови: Митко Јанчев ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХуман гест на КК ТФТ - Скопје -Донирана хуманитарна помош за Гостивар Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје со голем хуман гест се вклучи во акција за помош на загрозените граѓани по прогласената епидемија во Гостивар.Од ТФТ Скопје, преку својата новоформирана фондација, донираа вода за граѓаните на Гостивар како знак на поддршка и солидарност. -Не секоја победа се освојува со кош. Некои победи се освојуваат со срце. [❤️] [💧]Во текот на вчерашниот ден, Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, преку својата фондација TFT Cares, беше рамо до рамо со граѓаните на Гостивар и донираше вода како знак на поддршка и солидарност. Кога е најпотребно — стоиме заедно. Заедно за Гостивар. [🤝] Повеќе од кошарка. Повеќе од победа. [🏀] [❤️] #TFTCares #WeComeOne, истакнуваат од ТФТ -Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
ЕвропаГори француски туристички бисер, туристите бегаат во паникаФранцуските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Фере (Леж-Кап-Фере) – едно од најпознатите крајбрежни одморалишта на југозападниот брег на Франција Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Фере (Леж-Кап-Фере) – едно од најпознатите крајбрежни одморалишта на југозападниот брег на Франција – додека стотици луѓе го напуштаат подрачјето со чамци поради пожар што се шири. Станува збор за популарна туристичка дестинација. Софи Брокас, претставничката на француската влада за департманот Жиронд, рано утринава ја нареди финалната фаза од евакуацијата. На жителите им било наложено да го напуштат подрачјето преку главниот пат кон Бордо, додека на другите им беа ставени на располагање чамци на четири пристаништа, во периодот од 07:00 до 10:00 часот по локално време. По одлуката за евакуација на целиот полуостров – кој вообичаено е многу популарна туристичка дестинација – илјадници луѓе беа принудени да заминат. Пожарот што избувна во вторникот во градот Саумос, во југозападна Франција, продолжи да се шири во текот на изминатите неколку дена, при што пламените јазици зафатија 8.700 хектари. Двајца пожарникари загинаа во вторникот додека се бореа со огнената стихија во близина на аеродромот во Бордо, а надлежните утрово соопштија дека нема нови повредени. More than 100 homes have been damaged by an out-of-control wildfire near Biscarrosse in southwestern France, officials said, as the blaze threatened additional residential areas and forced the evacuation of about 23,000 people. pic.twitter.com/i9DP7uG7JW — Open Source Intel (@Osint613) July 24, 2026 Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека ситуацијата со шумските пожари во земјата е „многу напната“, при што посебно го спомена регионот Жиронд. Макрон наведе дека побарал помош од Европската унија, додавајќи дека наскоро ќе пристигнат авиони од Хрватска, Португалија, Чешка и Словачка за да ѝ помогнат на земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
ЗдравјеТинејџер изел колбас и починал, мајката во шок: „Не знаев дека може да биде толку сериозно“Животот на австралијката Мифанви Веб се променил засекогаш откако нејзиниот 15-годишен син Џереми починал поради ретка алергија на месо, предизвикана од каснување од крлеж.Сè започнало по семејна прослава во ресторан, кога момчето добило проблеми со дишењето и почнало да повраќа. Лекарите се посомневале на алергија на месо, но случајот на крајот го поврзале со неговата астма и го пуштиле дома. Повеќе од една година подоцна, во јуни 2022 година, Џереми починал откако на кампување со пријатели изел говедска колбасица. Првично, причината за смртта повторно била заведена како астма, но по дополнителна истрага било утврдено дека доживеал смртоносен анафилактички шок предизвикан од алфа-гал синдром – ретка алергија на месо од цицачи. Ова е првиот познат смртен случај во светот поврзан со оваа алергија. Според експертите, алфа-гал синдромот може да се појави по каснување од одредени видови крлежи. Кај заболените, организмот реагира на шеќерна молекула која се наоѓа во месото од цицачи, а симптомите можат да бидат различни – од осип и стомачни проблеми, па сè до опасен анафилактички шок. Мајката на Џереми вели дека долго се сомневала дека нејзиниот син има проблем со месото, но семејството не знаело дека состојбата може да биде опасна по живот. „Мислев дека станува збор само за нетолеранција на храна, не знаев дека може да биде толку сериозно“, изјавила таа. Лекарите предупредуваат дека бројот на случаи со оваа алергија расте, а многу луѓе можеби имаат антитела без да знаат дека се изложени на ризик. Извор: НовостиТагови: алергија крлежи смрт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter