Сопственикот на Кожувчанка, Јанчев ја демантира СДСМ за водата набавена од Владата за Гостивар - Канал 5

Сопственикот на Кожувчанка, Јанчев ја демантира СДСМ за водата набавена од Владата за Гостивар

Како општествено одговорна компанија која донирала во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Украина преку 88 мил денари, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. 

Сопственикот на Кожувчанка, Јанчев ја демантира СДСМ за водата набавена од Владата за Гостивар

- По обвинувањата од СДСМ дека владата без јавен оглас и тендер склучила договор за набавка на вода за пиење за Гостивар со Кожувчанка, како сопственик на Кожувчанка можам да кажам дека по јавниот оглас кој што го имаше Владата, односно општата служба за заеднички работи и по мои насоки, Кожувчанка конкурираше на огласот и го доби самиот оглас во вредност од 6 милиони денари со цена на чинење на вода од 12,5 денари за 1,5 литри шише односено до Гостивар со вклучен ДДВ. Сакам да кажам дека моите насоки до управителот беа редовната цена која што ја имаме од 25 денари за шише од 1,5 литри Изворска да биде со 50 проценти намалена, односно да биде намалена на 12,5 денари, со тоа што и самата компанија Кожувчанка партиципира во цената, истакна Јанчев.

Со демант се јави и Компанијата Кожувчанка, соопштението го пренесуваме во целост.

Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари. Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија. Кожувчанка гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општината Гостивар, а се’ со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа е им најпотребно. Уверени сме дека во вакви околности, најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време

Портокаловата фаза со високите температурите кои деновиве достигнуваат и до 40тиот степен го засилија предупредувањето за  заштита на здравјето на граѓаните но пред се на работниците кои на овие темеператури се директно изложени.

Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време

При обиколка на главниот град каде денеска температурата достигнува и до 38 степен, на дел од градилиштата во претпладневните часови можеа да се забележат работници, на дел не. Оние граѓани, пак кои поради работни или некој друг вид на обврски морале да излезат од дома, генерално ги почитуваа препораките за заштита од топло време од наделжните, како што е носење на лесна и светла облека, заштитни очила, капа.

Работодавачите мора да ги заштитат работниците од тополниот бран – побараа денеска од Сојузот на синдикати, особено велат оние кои работат на отворено. Од синдикатот и денеска побараа законски измени со цел задолжително да се вметне во регулативата на кои температури плус и минус не треба да се работи на отворено.

„ Ова наше барање е долгогодишно, но работодавачите немаат глух за него. Сепак нашите заложби ќе останат, и ние не отстапуваме од барањето имајќи во предвид дека мерките за заштита на здравето на работниците во услови на работа при топлотен бран или при минусни температури не смее да останат само препораки, туку обврска на работодавачите.“ -ССМ.

Од Управата за Хидрометеоролошки работи велат земјава останува под влијание на топла воздушна маса од југ и на одредени места температурите во деновите кои следат може да надминат и над 40тиот степен.

„Денес и во следните два дена се наоѓа во портокалова фаза од високи температури. Температурите дневни во следните денови ќе бидат во интервал од 33 до 39 степен. 40 степени наместа особено во јужното повардари очекуваме во деновите од викднот но може и 41 да имаме. Во Скопје во текот на утрешнито ден мак 38 во следните денови 39 степени... “-Јулијана Фиданска Мишковска – УХМР.

Засега за заштита од екстремно високите температури има само препораки но не и мерки од надлежните.

Синоптичарите очекуваат топлно време и понатаму, од УХМР најавуваат следанта недела температури кои би биле за степен, два пониски од сегашните но сепак велат ќе се над просекот за месец август.

Инаку високи температури се забелеќани насекаде во регионот и Европа, а во Словенија е прогласена и црвена фаза...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху лут: „Не се согласуваме со планот на Комитетот за мир во Газа“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не се согласил со планот на Комитетот за мир во Газа, поддржан од САД, дури и по добивањето уверувања дека израелската армија ќе се повлече од Појасот Газа.

 Нетанјаху лут: „Не се согласуваме со планот на Комитетот за мир во Газа“

Како што истакна Нетанјаху, условот поврзан со Ерусалим е разоружувањето на палестинската милитантна група Хамас.

Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху изјави дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој раководи со Комитетот за мир, „верува оти може да доведе до разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Претседателот Трамп смета, или неговиот тим смета, дека можат да го принудат Хамас да се разоружа и да ја демилитаризира Газа. Ние го разгледуваме тоа. Тие ни испратија нацрт-текст. Ние не се согласивме со него. Тоа не беше наш нацрт. Ги повлековме нашите забелешки“, рече Нетанјаху.

Тој ги повтори изјавите што се појавија во медиумите во изминатите неколку дена, а кои им се припишуваа на „високи израелски функционери“, наведувајќи дека Израел нема да се повлече „од своите сегашни позиции“ во Газа „сè додека Хамас целосно не се разоружа“.

Тоа е спротивно на планот за разоружување, кој бара од Израел да се повлече до првобитната „жолта линија“ во Газа – позиција до која се повлече како дел од договорот со Хамас од октомври 2025 година за прекин на огнот и ослободување на заложниците, но оттогаш ја прошири својата контрола врз Појасот Газа од 53 на над 60 проценти.

Иако Комитетот за мир посочи дека Израел нема да мора да се повлече зад првобитната „жолта линија“ сè додека Хамас барем не почне да го предава своето оружје, Нетанјаху изјави дека израелските сили воопшто нема да се повлечат сè додека Хамас не биде целосно разоружан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисок

Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство.

Нов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисок

Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство и дека премиерот Енди Бурнам се согласил да се сретне со жртвите.

Даунинг стрит ја ублажува изјавата на министерката Иако Дејвис-Џонс рече дека се разгледува можноста за јавна истрага, извори од Даунинг стрит подоцна посочија дека премиерот во моментов не подготвува ниту активно размислува за покренување на таков процес, објави „Индипендент“.

Министерката нагласи дека Барнам сериозно му пристапува на случајот и сака да разгледа системски промени што би ја подобриле состојбата за сите жртви на сексуално насилство.

Полицијата веќе ги истражува наводите.

Британската полиција веќе ги истражува обвинувањата поврзани со Епстајн, вклучително и можни случаи на сексуална злоупотреба на деца, трговија со жени преку британските аеродроми и злоупотреба на службената должност.

Дејвис-Џонс изјави дека евентуалната поширока истрага би можела да ги опфати и наводите против покојниот сопственик на „Хародс“, Мохамед Ал Фајед, кого стотици жени го обвинија за сексуално насилство.

Таа се врати на својата министерска функција откако во мај ја напушти владата на Кир Стармер, откако го обвини тогашното раководство дека не ги слушало доволно жртвите на Епстајн, пренесува „Анадолу“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер