Јамал се спореди со Леброн: Ме инспирира, сакам да направам исто што и тој (ВИДЕО) - Канал 5

Јамал се спореди со Леброн: Ме инспирира, сакам да направам исто што и тој (ВИДЕО)

Ламин Јамал, младата ѕвезда на Барселона, предизвика големо внимание во Шпанија со своите потези пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Јамал се спореди со Леброн: Ме инспирира, сакам да направам исто што и тој (ВИДЕО)

Неговото појавување на прес-конференцијата и промената на социјалните мрежи беа протолкувани како порака на надеж за каталонскиот тим.

Сè започна минатата недела кога Јамал ја смени својата слика на профилот на Инстаграм. Тој објави слика од кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс како го прегрнува трофејот од НБА во 2016 година. Тој потег не беше случаен, туку носи подлабока симболика.

„Леброн е еден од луѓето што можат да ме инспирираат за играта и затоа го избрав за мојата слика на профилот“, рече Јамал, додавајќи: „Размислувам за тоа како го направи пресвртот и се надевам дека ќе можам да го направам истото“.

Споредба со историската пресвртница

Таа година, Леброн и неговите Кливленд Кавалирс беа во речиси безнадежна ситуација во финалето против моќните Голден Стејт Вориорс, кои остварија рекордни 73 победи таа сезона. Сепак, тие успеаја да надоместат за дефицитот од 1-3 во серијата и да ја освојат титулата, нешто што никој претходно не успеал во историјата на финалето на НБА.

Голем предизвик во Мадрид

Барселона е во слична ситуација, барајќи начин да се врати во играта по поразот од 0-2 во првиот натпревар на „Камп Ноу“. Затоа, Каталонците имаат тешка задача во реваншот на стадионот „Метрополитано“. Дека влоговите се огромни и дека се обрнува внимание на секој детаљ, потврдува и потегот на тренерот Ханси Флик, кој веќе поднесе жалба до УЕФА за висината на тревата на теренот на Атлетико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер