НБАМарк Спирс: Леброн ќе ги напушти Лејкерси на лето Инсајдерот на „ESPN“, Марк Спирс, верува дека Леброн Џејмс ќе ги напушти Лејкерси претстојното лето.- Леброн Џејмс ќе биде слободен агент. Не го гледам во дресот на Лејкерси - никој од Лејкерси не ми го кажал тоа, тоа е само моја претпоставка. И би претпоставил дека Кливленд е неговата опција број еден, а Голден Стејт веројатно втора варијанта. Ова се само гласини, работи што ги слушнав од луѓе, изјави Спирс за радиото „95.7 The Game“. Оваа сезона, Леброн Џејмс има просек од 21,3 поени, 5,7 скока и седум асистенции по натпревар. Леброн кариерата ја почна во Кливленд кавалирс во 2003 година. Од 2010 до 2014 настапуваше за Мајами хит. Следните четири години ги помина во Кливленд, а од 2018 настапува за Лос Анџелес лејкерс. Тагови: Леброн Џејмс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветШвајцарија на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиониШвајцарија денес ќе бара на референдум одговор на прашањето – може ли една држава да постави фиксна граница на бројот на жители?Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната средина. Швајцарската влада, сите други поголеми партии, деловните лидери и синдикатите го нарекоа предлогот „иницијатива за хаос“, тврдејќи дека ќе ги лиши болниците и хотелите од многу потребниот кадар. Швајцарија инаку има над 9 милиони жители, од кои дури 27% се странциТагови: референдум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРасчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина КарпошНа 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје - Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул."Волгоградска", во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во ИлинденДенес во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.За време на настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми .Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter