Јаќимовиќ гледа многу придобивки од Отворениот Балкан, се надева дека и БиХ ќе стане членка - Канал 5

Јаќимовиќ гледа многу придобивки од Отворениот Балкан, се надева дека и БиХ ќе стане членка

„Кризите покажаа дека сме многу ранливи, ако не сме заедно, ако не соработуваме и затоа е важна иницијативата за поврзување на Отворениот Балкан“, вели амбасадорот на БиХ во Македонија.

Јаќимовиќ гледа многу придобивки од Отворениот Балкан, се надева дека и БиХ ќе стане членка

За стабилноста на земјата, па дури и на регионот, исто како и изградбата на куќа, потребна е добра основа, но овде секогаш како да правиме сè од нула, наместо да соработуваме. Кризите покажаа дека сме многу ранливи, ако не сме заедно, ако не соработуваме и затоа е важна иницијативата за поврзување на Отворениот Балкан, вели за Косово онлајн амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Драган Јаќимовиќ.

Тој е на служба во Скопје речиси четири години и истакнува дека гледа многу придобивки од Отворениот Балкан, изразувајќи надеж дека Босна и Херцеговина што поскоро ќе стане дел од таа иницијатива.

„Минатата година во Охрид претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина рече дека последен пат сме тука како гости на Отворениот Балкан и се надевам дека од оваа или следната година ќе бидеме полноправни членови. Тоа е и моја желба и се надевам дека ќе ја поддржат сите тројца членови на Претседателството на БиХ“, рече Јаќимовиќ.

YouTube video

Тој додава дека БиХ, да беше до Република Српска, „уште вчера“ ќе беше дел од Отворен Балкан, но дека другата страна, политиката што доаѓа од Федерацијата БиХ, не е за оваа иницијатива, односно само тишина доаѓа од таа страна.

Сите земји од регионот претендираат да станат членки на ЕУ и во таа смисла тој забележува дека во Федерацијата Босна и Херцеговина често се повикуваат на Берлинскиот процес, но забележува дека Отворениот Балкан не е кочница за ЕУ, туку чекор напред кон Унијата.

„Се надевам дека од лето ќе има „зелени коридори“ за Западен Балкан, па луѓето да не чекаат на границите. Македонија има големи можности кога станува збор за туризмот. Со градоначалникот на Охрид разговаравме за збратимувањето со Источно Сараево. Охрид живее во лето, а Источно Сараево, поради ски-центарот на Јахорина, во зима. Сакаме да ги споиме летото и зимата, да направиме чартер летови и да ги поврземе луѓето. Имаме идеја, ќе видиме колку време ќе биде потребно за повелбата. Се надевам, можеби од есен“, вели Јаќимовиќ.

YouTube video

Тој илустрира колку е важно да се поврзат луѓето во регионот и колку Отворениот Балкан придонесува за ова клучно прашање, со примерот на неговите пријатели од Македонија кои, како што вели, сакаат да одат во Јахорина, Бјелашница, но имаат проблем кога ќе слушнат дека треба да возат 12 часа до источно Сараево.

На прашањето колку последиците од геополитичките околности се чувствуваат во Македонија, а колку во Босна и Херцеговина, Јаќимовиќ забележува дека сите земји од Западен Балкан се многу мали и дека оваа последна криза, како и кризата со Ковид, покажа дека ако не сме заедно, и не си помагаме – сме многу ранливи.

Затоа посочува дека е важна добрата патна инфраструктура, железничките врски, економското поврзување... Во таа смисла изјави и дека со македонскиот државен врв се разговара за воведување директна авиолинија Скопје - Сараево или Скопје - Бања Лука.

„Сите имаме заедничка желба да се поврземе уште повеќе. За жал, на овие простори се случуваат некои грди работи на секои 40-50 години и секогаш правиме нешто ново. За доброто на државата, за стабилност ви треба, исто како кога ќе изградите куќа - добра основа, а ние постојано правиме нешто од нула и затоа сме таму каде што сме денес“, изјави амбасадорот Јаќимовиќ.

YouTube video

Извор: Косово Онлајн

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. 

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс.

Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат.

Истрагата е префрлена во Париз

Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот.

Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“.

Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот.

Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните.

Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Поранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. 

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост.

„Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“

За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката.

Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер