Јаќимоски: Отворивме Центар за обуки на административни службеници во Аеродром - Канал 5

Јаќимоски: Отворивме Центар за обуки на административни службеници во Аеродром

Отворивме Центар за обуки на административни службеници во Аеродром, преку работа и проекти до ефикасна администрација во служба на граѓаните.

Јаќимоски: Отворивме Центар за обуки на административни службеници во Аеродром

На денешната трибина во Кичево „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ се обрати Лазе Јаќимоски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер за јавна администрација којшто истакна дека макотрпно се работи на закони и проекти со цел функционална, квалитетна и ефикасна администрација во служба на граѓаните.

„Во минатото многу малку се правело во јавната администрација, од тие причини, јавната администрација треба да биде двигател во системот затоа што тука се околу 1400 институции што зависат или треба да соработуваат. За да биде една администрација функционална, квалитетна, ефикасна и предвидлива таа не смее да биде изолирана структура туку треба да биде во сервис на граѓаните на бизнис заедницата. А за да биде таква мора да поседува квалитет, брзина во услугите и предвидливост,“ истакна Јаќимовски и додаде:

„Иако сме ново министерство со упорност со работа и поддршка од Владата целосно успеавме да навлеземе во процесите и паралелно со тоа да ги донесеме реформските закони. Иако на самиот почеток наследивме девастирани уништени институции. Моравме да се справуваме и со тие предизвици. Воведовме реформи во администрацијата кои се во насока на поквалитетна и побрза администрација. Тука се 1400 институции, плановите за вработување, систематизациите, тука се функционалните анализи без кои институциите не можат нормално да функционираат,“ кажа Јаќимовски.

Јаќимовски нагласи дека и покрај сите предизвици во администрацијата се работи на многу проекти меѓу кои и Центарот за обуки на административните службеници во Аеродром.

„Пред две седмици промовиравме еден унапреден, апдејтиран систем за управување со човечки ресурси. Денес го отворивме центарот за обуки во општина Аеродром и тоа е во насока да се подобрат услугите на граѓаните. Со новиот закон, таму е предвидено да се формира една академија којашто ќе ги опфати сите институции и таму ќе можат да се обучуваат сите административни службеници и оние идни млади луѓе коишто ќе конкурираат за работни места во јавната администрација. Планирани се два или три такви регионални центри и еден главен центар, овој денес беше регионален центар во Аеродром, целосно реновиран со најсовремена опрема,“ истакна Јаќимовски, се наведувава во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Компир манџа

Во понеделник (09.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Коки Јанков.

„Гответе со Дракче“ - Компир манџа

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. свинско месо

4 компири

1 главица кромид

1 морков

4 кисели краставички

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат  Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер