Јакимовски: Османи води жирафа политика - Ќе каже ли нешто за убиствата на цивили во Газа?

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски вечерва се обрати од Битола.

- Мене ми е жал што господинот Бујар Османи во оваа изборна кампања не можам да го слушнам да каже нешто за животот во Република Македонија и за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија, туку ни пропагира политика на жирафа.

Жирафата млекото го дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, односно, господинот Бујар Османи свој леб јаде, туѓо гајле бере. Цело време го слушаме како бере гајле за Косово, за Косоварите, но никако да предложи нешто за подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Па оттука ни кажува дека ако Косово некаде не било повикано на состанок, дека тој нема да присуствува како Претседател на Република Македонија, или морало да се гласа за влез на Косово во Советот на Европа.

Јас само би го прашал господинот Османи: Зарем Македонија не стори доволно за Косово? Го дадовме небото за да биде бомбардирана СР Југославија, дадовме простор во Катланово, во Петровец и во Куманово за воени бази на НАТО за напад на СР Југославија од Македонија, го признавме Косово, ја демаркиравме границата и досега сме гласале во сите институции за Косово.

За возврат Косово и Албин Курти се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија и кога јас ќе бидам претседател ние мора да му покажаме и на Косово и на Албин Курти дека ние сме држава, дека тој не е! И дека натаму нема да добива наша поддршка.

Но во исто време сакам да го прашам господинот Османи: Води ли сметка дека во оваа држава има и други етнички заедници и води ли сметка дека ние имаме и некој друг сосед? Што лошо ние имаме со Србите? Покрај тоа што сме го дале небото за бомбардирање на Србија, Србите ни ја признаа црквата, поштено вратија тоа што земале 1918 година, се однесоа крајно комшиски за време на короната и ние не можеме да ги нарушуваме односите со така голем сосед и битен тговски партнер за Република Македонија.

Значи ние мораме да имаме избалансиран однос со сите соседи, вклучувајќи го и Косово и Република Србија и Албанија, Грција и Бугарија. Значи ние не можеме да водиме политики кој како сака и само да бидат тоа еднонасочни политики.

Од друга страна, што толку се меша околу прашањето на Средбреница и прогласување на геноцид во Сребреница? Таа си е работа српска, хрватска, босанска итн. Што воопшто се меша во тие работи? Пак ќе кажам, води ли сметка за нашите комшиски односи со Србите?

Но во исто време јас сакам да го прашам господинот Бујар Османи како муслиман, како министер за надворешни работи, пред сѐ како човек, како татко, ќе каже ли нешто за овие 32.000 жртви во Газа, ќе каже ли нешто за над 15.000 деца убиени во Газа, убиени цели фамилии по принципот на спржена земја?

Далеку од тоа дека јас ги амнестирам Хамас и нивниот терористички напад, убивање на цивили и заробување на цивили, но ако Хамас е држава, Израелците треба, Израелската држава да се бори со банда и да ја елиминира бандата и да ја неутрализира бандата. Но зошто убива недолжни граѓани, недолжни цивили и господинот Бујар Османи, коректно е и принципиелно ќе биде да каже и за ова некој збор.

Но овде очигледно треба да се додвори на нечија политика и тука е помал од „маково зрно“, а овде нам ни предлага да излеземе од Отворен Балкан, кој е интерес на Република Македонија да излезе од Отворен Балкан кога Европа не нѐ пушта во нејзиното преддворје? Напротив, ние треба да го развиваме Отрворен Балкан и сите држави треба да се потрудиме дури и да водиме заедничка надворешна политика vis a vis Европската унија која се однесува крајно потценувачки кон земјите од Западен Балкан, истакна Јакимовски.

На прашањето како ги оценува досегашниот тек на изборите и пораките кои ги праќаат неговите противкандидати, Јакимовски одговори:

- Прво што нема дуел, тоа е срам за Република Македонија, тоа е срам за демократијата, тоа само покажува дека имаме канидати коишто земаа по милион и 650.000 евра и се рекламираат небаре се фолк ѕвезди, но во исто време тоа што го зборуваат и тоа што го предлагаат не се подготвени да го спротивстават со своите противкандидати. Јасно е дека тие не се подготвени за разговор, тие не се подготвени за дијалог. Ако не се подготвени за дијалог и разговор со своите колеги во предизборната кампања, како ќе ја водиш државата и како ќе воспоставуваш дијалог меѓу власт, опозиција, различни интереси во државата? Но во суштина се крие нивната неспособност, нивното незнаење, нивната невозможност за минута и пол да конципираат квалитетна мисла и нивниот страв од тоа да се види дека „царот е гол“.

Јас не можам да разберам, господинот Стево Пендаровки, пет години да бидеш претседател на Република Македонија и потоа да бегаш од дуел. Пет години да ја работиш таа работа, па ти треба сите да ги имаш во мал џеб и со такво познавање на работите, со такви материјали, разузнавачки податоци, средби со странски служби, средби со странски државјани, треба суверено да ја владееш материјата. И во исто време се чудам за госпоѓата Силјановска, да ибегнува дуели коишто на граѓаните треба да им овозможат да ја видат понудата на лице место и врз база на таа понуда да донесат одлука.

На ваков начин се трудат да практично во матно да се изере претседател на Република Македонија, на крајно шверцерски начин. Знаете ли вие кога шверцерите во автобус ќе ви украдат нешто? Кога има гужва. Па сега да се згужваат и претседателските и парламентарните избори и во ваква гужва ако може да се избере еден претседател кој ќе биде сервилен спрема надворешните предивици и кој ќе биде сервилен на политичките партии кои ќе бидат водечки во парламентот.

Јас сум претставник и гласот на граѓаните, гласот на народот и јас го зборувам тоа што граѓаните го мислат и ако имаат знаење од внатрешна политика, од политичкото уредување на Република Македонија, од геополитиката, од геостратегијата, бујрум да ги спротивставиме знаењата.

Можно ли е едни двајца кандидат предлагаат промена на Устав со кој Македонците ќе бидат избришани од последното место кај што пишува Македонец, тоа е од Уставот. Можно ли е да немаме дебати, се предлага избор на претседател во Парламент, да претседателот биде продолжена рака на политичките партии, а во исто време силата на претседателот да не извира од секој граѓанин и во исто време се предлагаат да се избришат оние 20% од Уставот за етничките заедници. Значи се предлагаат тектонески поместувања во уставно-правниот систем и политичкиот живот во Република Македонија без дебата, без притоа да се извадат аргументите на лице место и навистина мислам дека вината и одговорноста за неатрактивноста на оваа кампања и за лошиот излез на овие избори токму овие двајца кандидати ќе ја сносат и тоа им е целта, да оваа кампања биде неинтересна, да што помалку граѓани излезат на изборите, што е навистина срамно, нагласи Јакимовски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Г.Скопје: Продолжува реализацијата на првата фаза на изградбата на подземната инфраструктура

Продолжува реализацијата на првата фаза на изградбата на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска.

Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна мрежа која произлегува од градската програма за работа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, денес извршија увид во реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект.

Во оваа фаза од изградбата на водоводната мрежа која се движи на трасата по новопроектираниот булевар Хрватска и заради формирање на прстенеста циркулациона мрежа и создавање на подобри хидраулички услови во градската водоводна мрежа предвидено е поврзување на двата магистрални доводи на вода Рашче со профил од Ф1600 и постоечкиот цевковод со профил од Ф700 на булевар Александар Mакедонски.

Со почеток на реализација на предвидениот магистрален цевковод со профил од Ф700 милиметри, по новопредвиден булевар Хрватска во првата фаза, започнати се градежните активности на поврзување на булевар Александар Македонски кај Естекада. Вкупната предвидена должина на магистралниот цевковод по булеварот Хрватска изнесува 2,8 километри. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.

Град Скопје

Фајненшл Тајмс му дозволи на ЧатЏПТ да ги користи неговите написи за обука

Фајненшл тајмс потпиша договор со OpenAI за лиценцирање на содржината на весникот за развој на модели со вештачка интелигенција и дозволи ChatGPT да одговара на прашања со резимеа што му се припишуваат на весникот.

Развивачот на вештачка интелигенција склучил договор за лиценца со британскиот деловен весник и ќе може да користи написи од Фајненшл Тајмс, се вели во соопштението. ChatGPT, исто така, ќе може да одговара на прашањата на корисниците со информации од написите на Фајненшл Тајмс, вклучително и линкови до веб-страницата на весникот.

Во последниве месеци, германската Axel Springer Group и францускиот весник Монд (Le Monde) потпишаа договори со OpenAI. Од друга страна, Њујорк Тајмс во декември ја изведе компанијата на суд, тврдејќи дека ChatGPT бил обучен со написи на весникот без дозвола.

ChatGPT го поттикна интересирањето околу вештачката интелигенција пред повеќе од една година.

Ваквите генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција се обучени со огромни количини на информации и можат да формулираат текстови на лингвистичко ниво на човек, да пишуваат софтверски код и да сумираат информации.

Принципот зад ова е дека чет-ботовите проценуваат од збор до збор како треба да продолжи реченицата, врз основа на веројатност.

Манчестер јунајтед именуваше тројца играчи кои нема да го напуштат клубот на лето

Раководството на Манчестер јунајтед одлучи за фудбалерите околу кои ќе го гради тимот во блиска иднина.

Според „The ​​Telegraph“, станува збор за крилниот напаѓач Алехандро Гарначо, играчот од средниот ред Коби Мејну и напаѓачот Расмус Хојлунд. Забележано е дека овие играчи нема да бидат достапни за трансфери во други клубови.

Деветнаесетгодишниот Гарначо оваа сезона одигра 45 натпревари за Манчестер јунајтед на кои постигна девет гола и забележа пет асистенции.

Врсникот на Гаранчо, Мејну има 27 натпревари, три гола и една асистенција.

Дваесет и едногодишниот Хојлунд постигна 14 гола и направи две асистенции на 38 натпревари за тимот од „Олд Трафорд“.

притисни ентер