Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија - „Бистро-Матно“

Според  барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забечешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и об

Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија за април по нивното следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“, во „бистрите“ настани ги посочува уапсените 17 припадници на затворската полиција поради поврзаност со бегство на затвореник и МВР ќе поднесе две кривични пријави поврзани со изборите.

Според барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забечешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и обвинителството, како и оценката од Фридом Хаус за назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Македонија. Посочни се и случаите на Управниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, жалбите од граѓаните кај Омбудсманот за долги предистражни постапки на ОЈО Скопје со што застаруваат кривичните дела и Управниот суд кој поништи над 3.000 решенија за унапредување и вработување во Министерството за финансии и јавниот сектор.

Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело, одлучи Апелациониот суд во Скопје.

Како што соопштија од судот, ова решение е по жалбата на мијалков на одлуката на Основен кривичен суд Скопје, а го донеле на нејавна седница одржана на 14 мај годинава. Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Денеска предизборен молк, утре се прегласува на седум избирачки места

Денеска е изборен молк, а утре ќе има прегласување на седум избирачки места во петата и шестата изборна единица за парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај.

Во периодот од 7 до 19 часот ќе се прегласува на по две избирачки места во Крушево и во Долнени и на по едно избирачко место во Струга, Охрид и Желино. Одлуката за прегласување на сите седум избирачки места ја донесе државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби против решенијата на Државната изборна комисија.

На сите овие избирачки места, комисијата ги разреши и претседателите, замениците и членовите на избирачките одбори. Еден ден пред изборниот молк пак, вчера Државната изборна комисија информираше дека е подготвена за прегласување на седумте избирачки места како од технички и организациски аспект, така и во однос на надзорот.

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Грчкиот авиопревозник Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за планираната нова линија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот на јуни со линијата Атина - Скопје - Крф - Скопје - Атина, објави порталот exyuaviation.com.

Летовите требаше да се одржуваат двапати неделно во вторник и сабота, а авиолинијата Скопје - Атина да се реализира во среда и недела наутро.

Според ревидираниот распоред, се чини дека Ејџијан Ерлајс целосно откажува два неделни лета, намалувајќи ја вкупната фреквенција меѓу Скопје и Атина од секојдневни летови на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.

Компанијата не исклучува и дополнителни промени во редот на летање, наведува exyuaviation.com.

Како што објави ТАВ Македонија на 2 април годинава, сезонска авиолинија меѓу Скопје и Крф требаше да почне од 1 јуни.

притисни ентер