Јакимовски ќе поднесе кривична против Обвинителството–тврди дека затворската казна е политика - Канал 5

Јакимовски ќе поднесе кривична против Обвинителството–тврди дека затворската казна е политика

Градоначалникот на Карпош - Јакимовски најави дека ќе го возврати ударот за како што ја нарече политичката хајка. 

Јакимовски

Покрај тоа што ќе ја обжали пресудата до апелација, подготвува кривични пријави за лицата од Обвинителството и Финансова полиција кои го воделе случајот против него. Тврди дека било фалсификувано барање за легализација на општинските бараки кое се користело како доказ во предметот. Според него, ваквиот документ е направен во финансова полиција во недостаток на докази против него, кои, како што кажа, не успеале да ги изнудат покрај притисоците кои се вршеле врз вработени, инвеститори и неговото семејство.

-Јас со ова нема да се смирам, мора да одговара тој што го правеше фалсификатот, јас криминалец не сум. Цело време сакаат да прикажат дека се работи за диво изграден објект и внимавајте што направиле, не можејќи во тоа да најдат доволна поткрепа, направиле фалсификат мое барање, потпишано од факсимил, кој што е оставен во општината по моето заминување и антидатирано 2016 година. Како го констатиравме тој фалсификат, јас знам дека тавко нешто никогаш не сум потпишал, затоа што легализацијата на објектите е за изградени објекти до 03.03.2011, а овие бараки се изведувани 2012-2013. Дали сум јас чукнат во мозокот да поднесам барање за легализација на објекти кои се изградени подоцна и законот не го дозволува.

Јакимовски вели дека документот кој според него бил фалсификуван неговата одбрана не го добила од да го вештачи и ако неколку години го барале. Тој воедно и детално образложи од каков тип на градба се општинските бараки 1 и 2 кои се спорни во предметот. Вели дека според сите параметри и правилници, станува збор за мотнажни, времени објекти кои можат да се размонтираат за еден ден и законски за нив не може да се води кривична постапка.

-Што ние овде според овој правилник не сме ги исполниле условите за да овој објект има времен карактер? Цела општина, сите ние, заедно со јавните набакви знаеме дека градиме времени објекти, само за обвинителот и судијката ние сме изградиле диво изграден објект. Сами видовте дека се работи за изведба и за монтажа на објект од монтажно – демонтажни објекти. Бидејќи објектот е времен и они не можат да гонат кривично, затоа што е времен и за тоа имаме одлука на совет, за тоа имаме предвидено пари во програма имаме техничка документација, цело време сакаат да прикажат дека се работи за дивоградба,- -Стефчо Јакимовски – Градоначалник на О. Карпош.

На Јакимовски кривичниот суд му изрече единствена затворска казна од 3,6 години поради бесправно градење и злоупотреба на службената положба, а во казната ќе се сметаат и шестте месеци кои беше во домашен притвор.

Во случајот условно осуден е поранешен вработен во О. Карпош за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, а двајцата обвинети се задолжени да ја надомосетат штетата во буџетот, а притоа и бараките ќе бидат одземени од страна на државата.

Пресудата во моментов не е правосилна, а Јакимовски веќе најави дека ќе ја обжали до повисоките судови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер