Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
ЖивотЈахтата „Eclipse“ на Абрамович чини милијарда фунти и има систем за противракетна одбранаСупер јахтата „Eclipse“ на рускиот милијардер Роман Абрамович е долга 166 метри има 24 кабини за гости, два базени и ноќен клуб.Абрамович зад себе остави седум имоти во Британија, вклучително и две куќи во Лоундес, кои заедно вредат повеќе од 150 милиони фунти. Сепак, неговата најраскошна и најекстравагантна резиденција е неговата суперјахта „Eclipse“. Абрамович потрошил 350 милиони британски фунти за изградба на овој брод, иако многумина велат дека таа бројка надминала милијарда поради сите додатоци за луксуз и безбедност. Според медиумски сознанија во времето кога рускиот олигарх ги добил клучевите од својата јахта во 2010 година, таа била најголемата приватна јахта во светот и веројатно најекстравагантната играчка од тој вид. Заедно со сите надградби и трошоци за одржување, таа ја достигна цената од преку милијарда британски фунти. Неговиот брод долг 166 метри има 24 кабини за гости, два базени и ноќен клуб, па дури и систем за противракетна одбрана… Јахтата без посета на пристаниште за танкирање на гориво може да мине дури 6000 милји. Јахтата Eclipse на Роман Абрамович има девет палуби, додека највисоката од нив содржи две хелиодроми и гаража. Хелиодромот сместен во предниот дел се отвора за да му овозможи на Eurocopter EC155 удобно да се смести во хангарот подолу. Осмата палуба содржи базен и простор за сончање, со вградена скара и рерна за пица. Главниот салон има камин и масивна скулптура која потекнува од Индонезија. Има и базен кој се наоѓа на седмата палуба, чија длабочина може да се прилагоди, додека неговиот под се крева и спушта, за да може да се трансформира и во подиум за танцување. Главниот апартман на Абрамович е блиндиран, а целата јахта „Eclipse“ има прозори отпорни на куршуми и ласери кои ги спречуваат папараците да направат какви било фотографии. Долната палуба содржи апартмани и кабини, а јахтата може да биде домаќин на 32 патници и 100 членови на екипажот. Секоја кабина има сопствен приватен кино екран, џакузи, спа и специјални безбедносни системи. Сите прозорци на јахтата се отпорни на куршуми, додека самиот брод е заштитен со антибалистички ракетен одбранбен систем инсталиран од германски специјалисти АСТ. Јахтата Eclipse е опремена и со подморница за три лица, која може да се спушти до длабочина од 48 метри. Сепак, суперјахтата на Абрамович, која моментално е закотвена во Хамбург, е многу скапа за одржување - се проценува дека трошоците за одржување достигнуваат бројка од 40 милиони британски фунти годишно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ФудбалЧетири клуба пред сите други дознале за одлуката за вината на Манчестер Сити?!Бурата околу скандалот поврзан со финансиското работење на Манчестер Сити не стивнува.Имено, четири клуба од Премиер лигата, пред сите останати, добија две важни известувања во врска со случајот што Премиер лигата го води против Манчестер Сити. Од сите претседатели на клубови било побарано да потпишат договори за доверливост пред да ги добијат документите поврзани со случајот на Премиер лигата против Манчестер Сити и одлуката на Независната комисија, која го прогласи Манчестер Сити за виновен по 114 точки за прекршување на правилата. Сепак, четири клуба ја добиле информацијата пред сите други. Оваа вест сега би можела да шредизвика земјотрес во англискиот фудбал. Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем биле информирани за одлуката на Независната комисија пред сите останати клубови. Исто така, истите четири клуба добиле известувања пред останатите, уште во 2024 година, за тоа како можат да поведат постапка за отштета против Манчестер Сити доколку Сити биде прогласен за виновен – што сега и се случи. Овие четири клуба се разликуваат и по тоа што претседателите на Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем не морале да потпишуваат договор за доверливост. Всушност, овие четири клуба биле информирани за одлуката порано од останатите токму затоа што пред две години им беше дадена можност да поведат правна постапка против клубот од „Етихад“. Се разбира, фактот што останатите клубови не добиле известувања за можното покренување на постапката во 2024 година, не значи дека не можат да го сторат тоа сега или откако ќе заврши жалбената постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаАндоновски: Нашата цел е електронските услуги да стигнат до секој граѓанинМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, го посети новиот Центар за услуги – ЕТУ Струмица, сместен во општинската зграда. Со отворањето на 18-тиот Центар за услуги во Македонија, граѓаните на Струмица и на околните општини добиваат пристап до 350 услуги од Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, со непосредна помош од вработените во центарот. Во изјавата за медиумите, министерот Андоновски истакна дека новиот центар е резултат на успешната соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација и локалната самоуправа, која го обезбеди просторот. „Како што ветивме во текот на кампањата и како што разговаравме со градоначалникот, Струмица е во фокусот на Министерството за дигитална трансформација. Големо е задоволството што тука го отвораме 18-тиот Центар за услуги во Македонија. Во одлична соработка со локалната самоуправа, нашите вработени сега се достапни да им ги понудат 350-те услуги од Националниот портал на граѓаните од Струмица и од целиот регион“, изјави Андоновски. Министерот посочи дека центарот е наменет за сите граѓани, особено за оние кои немаат можност, не сакаат или не знаат самостојно да ги користат електронските услуги од својот дом. Со поддршка од вработените, тие ќе можат полесно да пристапат до потребните услуги на едно место. „Секој граѓанин кој не е во можност или не знае како да користи електронски услуги од дома, тоа ќе може да го направи тука, во Центарот за услуги. Уверението за државјанство, потврдите за неосудуваност, за кривична и казнена евиденција, изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени, како и услугите од Агенцијата за катастар, се достапни на едно место во Струмица“, нагласи министерот. Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, се заблагодари за успешната соработка со Министерството за дигитална трансформација и изрази желба таа да продолжи и во иднина, во интерес на граѓаните на општината. Тој ги повика граѓаните да ги користат услугите на новиот Центар за услуги, кои ќе им заштедат време и ќе го олеснат процесот на добивање на потребните документи. Покрај пристапот до услугите, центарот има и едукативна улога, преку која граѓаните ќе добиваат насоки и помош за користење на електронските услуги. Андоновски истакна дека соработката со Општина Струмица продолжува и преку други проекти за подобрување на дигиталната достапност. „Намената на центарот е и едукативна, а соработката со општините не запира тука. Во Струмица реализиравме и две зони за бесплатен интернет преку проект на ГИЗ и Европската Унија. Во периодот што следи, граѓаните треба да очекуваат новини од соработката на Министерството со општините, секако и со Општина Струмица“, рече Андоновски. Министерот ја потврди заложбата до крајот на годината да бидат отворени 20 центри за услуги, најавувајќи дека следни се Ресен, Кичево и Гостивар. Воедно, најави и кампања од пролет за доближување на електронските услуги до жителите на руралните средини. „Целта е до крајот на мандатот да стигнеме до секој граѓанин. Ветив дека до крајот на годината ќе имаме 20 вакви центри за услуги и тоа ќе го исполниме. Следни се Ресен, Кичево и Гостивар, со што веќе покриваме најголем дел од градовите во Македонија. Од пролет најавувам и кампања за руралните средини, за електронските услуги да ги доближиме до сите граѓани, бидејќи само во тој случај дигиталните услуги се корисни“, порача Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава180 тркачи на стартот на првото издание на „Каменица Треилс“На 10 октомври Македонска Каменица ќе биде домаќин на првото издание на „Каменица Треилс“, нова треил трка која ги поврзува градот, Калиманското Езеро и Осоговските планини.Интересот за првото издание е голем – пријавени се вкупно 180 тркачи. Трката е организирана во две категории: „Сива Кобила Треил“, долга 33 километри со 1.800 метри висинска разлика, и „Буов Треил“, долга 15 километри со 700 метри искачување. Двете патеки стартуваат и завршуваат во Македонска Каменица. Дополнително ќе има организирано и детска трка која ќе биде од ревијален карактер. „Каменица Треилс“ е создаден со идеја преку планинското трчање да се промовираат природните убавини и туристичкиот потенцијал на овој дел од Источна Македонија. Трките тргнуваат од “Паркот на Рударите” во Каменица и набрзо се искачуваат кон планината, низ шумски предели и отворени планински пространства, со панорамски погледи кон Калиманското Езеро и Осоговските планини. Првото издание на „Каменица Треилс“ ќе биде можност за тркачите да запознаат нова планинска дестинација, но и почеток на една нова спортска приказна во Македонска Каменица. На 10 октомври, Каменица трча кон планината. Агенда на настанот Петок, 09 октомври 17:00 – 21:00 | Дом на Културата – Каменица Подигнување на стартни пакети и можност за запознавање со организацијата и информациите за трката. Сабота, 10 октомври 07:00 – 08:45 | Дом на Културата – Каменица Подигнување на преостанатите стартни пакети. 09:00 | Парк на Рудари 🏃 Старт на Буов Треил 15К и Сива Кобила Треил 33К 09:45 – 10:00 | Парк на Рудари 👧 Детска трка 10:30 | Парк на Рудари 🏁 Очекуван прв финишер на Буов Треил 15К 12:40 | Парк на Рудари 🏁 Очекуван прв финишер на Сива Кобила Треил 33К 14:00 | Парк на Рудари 🎵 Музички настап – Grooveitup 15:00 | Парк на Рудари 🏆 Прогласување на победниците и доделување на наградите 15:30 – 16:00 | Парк на Рудари 🎵 Музички настап – Grooveitup 17:00 | Парк на Рудари Крај на настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter