Јагуар најави откривање на службеното име за моделот што го шокира светот - Канал 5

Јагуар најави откривање на службеното име за моделот што го шокира светот

Jaguar ќе го објави сериското име за својот нов електричен гранд турер на 12 мај, што означува целосен пресврт за британската марка.

Јагуар најави откривање на службеното име за моделот што го шокира светот

Автомобилот, досега познат како Тип 00 според концептот презентиран во декември 2024 година и под внатрешната ознака на кодот X900, ќе носи различно име во сериската верзија.

Презентација и нов почеток

Официјалната презентација на готовиот автомобил беше најавена за септември, додека првите испораки до клиентите треба да започнат на почетокот на следната година. Овој модел претставува целосно ресетирање за Jaгуар, како во однос на дизајнот, така и во однос на технологијата. Сè уште не е познато дали ќе носи едно од историските имиња, како што е F-Type наследен од E-Type, или ќе биде сосема нова ознака.

Технички основи на новата ера

Ниско поставениот GT се наоѓа на новата платформа Jaguar Electric Architecture, развиена исклучиво за претстојниот бран електрични возила. Според досегашните информации, тоа е автомобилот на Jaguar со најригидна каросерија досега, со торзиона цврстина од 50.000 Nm на степен. Исто така, тоа е аеродинамички најефикасниот модел на брендот, со коефициент на отпор на воздух помал од 0,25.

Погон со повеќе од 1000 коњски сили

Погонскиот склоп ќе се состои од три електрични мотори - еден на предната оска и два на задната - кои заедно ќе испорачуваат повеќе од 1000 КС и 1299 Nm вртежен момент. Батеријата со капацитет од околу 120 kWh треба да обезбеди опсег од повеќе од 640 километри. Двокоморни воздушни пружини и прилагодливи амортизери на сите четири тркала се одговорни за суспензијата. Автомобилот ќе доаѓа стандардно со 23-инчни тркала, додека 21-инчни тркала ќе бидат достапни како опција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило

Кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило, сопственост на две лица од Струмица.

Кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило

СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 и „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 од Кривичниот закон.

На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица. По интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица пожарите биле изгаснати, а повредени лица нема.

В.К. бил лишен од слобода и задржан во просториите на Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Тој бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните.

Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина

Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на природните ресурси.

Во таа насока, започната е изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река, за што се обезбедни 376 милиони денари. Со уредувањето на оваа делница долга речиси 12 километри, од патот за с. Бојане до вливот во Треска кај с. Глумово, трајно се решава децениски проблем за илјадници граѓани.

Успешно е завршено уредувањето на коритото на Мала Рада, а во тек е и реализација на проектот за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Лениште, во вредност од над 21 милиони денари.

Исто така, проектот за замена на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев“ и улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ленинова“, во вредност од над 7 милиони денари е во завршна фаза. Со реконструкцијата се намалуваат загубите на вода во системот и се подобрува квалитетот на услугите.

Почната е изградба на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга, инвестиција вредна над 91 милиони денари, целосно финансирана преку Вториот повик од Унгарскиот кредит. Овој проект опфаќа изградба на комплетна примарна и секундарна канализациона мрежа, поставување ревизиони шахти и приклучоци за домаќинствата, како и обезбедување контролиран одвод на отпадните води.

Во тек е и изградба на пречистителна станица во Чучер Сандево, која започна минатата година во октомври, а инвестицијата е во вредност од околу 70 милиони денари и значи континуирана надградба на системите за третман на отпадни води, зајакнување на инфраструктурата на локално и национално ниво и поздрава животна средина.

Обезбедени се средства и започната е реализација на над 300 инфраструктурни проекти од различен обем, вклучувајќи модерни водоводни и канализациски системи, како и пречистителни станици низ целата држава.

Почитувани,

Овие проекти се темелите на зелениот пресврт кој го градиме и на кој Владата е целосно посветена. Ќе продолжиме да го зајакнуваме и партнерството со домашните и меѓународните партнери во справувањето со предизвиците од климатските промени, шумските пожари, нелегалната сеча, бесправната градба, нелегалниот лов и другите закани за природните ресурси, со единствена цел за поздрава животна средина и подобар квалитет на живот за сите граѓани, рече Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штета

Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба час поскоро да разберат дека лагите кои ги кажуваат за Гостивар се на нивна штета.

Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штета

Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар.

И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса.

Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во Гостивар е на друштвото СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лиман е кадар токму на оваа дружина.

Значи, како што им укажуваме на погоре наведеното извесно време ќе им повториме и во оваа прилика дека одговорност треба да побараат во своите редови, за почеток кај личноста кои тие ја кандидираа на локалните избори.

За нивно добро е час поскоро да разберат дека повторувањео на лаги секој ден е на нивна штета. Политики поени со лаги не се добиваат.

Во меѓувреме, на санирање на штетата во Гостивар се работи деноноќно, се овозможува технички исправна вода која се користи за лична хигиена и хигиена во домаќинствата, а неделава или кон крајот на неделава се очекува во Гостивар да има и бездна вода за пиење, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер