Јагуар повлекува над 170.000 возила во САД поради губење на силата - Канал 5

Јагуар повлекува над 170.000 возила во САД поради губење на силата

„Јагуар Ленд Ровер“ повлекува 170.169 возила во Соединетите Американски Држави поради потенцијално губење на енергија, соопшти денеска Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата.

Јагуар повлекува над 170.000 возила во САД поради губење на силата

Според регулаторот, проблемот е поврзан со дефект во конверторот DC-DC, кој може да го спречи полнењето на 12-волтниот систем, што во некои случаи би довело до целосно губење на енергијата и надворешното осветлување на возилото, а NHTSA наведува дека повлекувањето вклучува неколку модели на теренски возила, вклучувајќи ги Range Rover, Discovery, Range Rover Sport и Defender, пренесува Ројтерс.

DC-DC конверторот е електронски уред кој конвертира едно ниво на еднонасочна струја (DC) во друго.

Со други зборови, уредот зема струја од одреден напон и ја прилагодува на нивото потребно за другите системи во возилото или уредот.

Американската агенција наведува дека решението за решавање на проблемот сè уште не е утврдено, а сопствениците на возилата ќе бидат навремено информирани за понатамошните чекори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра

Гордана Лолеска – претседател на „Ретко е да си редок“ се вклучи со свое видео-обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.

Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра

- Секој ден започнува со надеж, но за многу семејства секој ден е само уште едно долго неизвесно чекање. Ја сум Гордана Лолеска, претседател на здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид. Како активист, како човек често се прашувам: што е пострашно? Дали моментот кога ќе ја слушнеш ретката дијагноза за која што со години нема лек или оној момент кога ќе ти соопштат дека со тек на времето ќе доведе до откажување на некој витален орган. Многумина не знаат дека голем дел од пациентите со ретки болести во текот на својата борба се соочуваат со токму со оваа реалност. За нив, трансплантацијата на бубрег, црн дроб или бели дробови, е единствениот преостанат спас за живот, вели Лолеска .

Нагласувајќи дека денес не говори само како активист, туку со со целото нејзино битие, со сета нејзина ранливост и сила, како мајка, како родител, чие дете се наоѓа на листата на чекање на органи и додава дека кога во семејството страда еден член, тогаш страда и целото семејство.

- Тогаш секојдневието станува борба во која иднината зависи само од еден повик, од една одлука. Како родител нема поголема болка од тоа да ја гледаш немоќта пред болеста, но нема ниту поголема сила од надежта во градите. Во нашиот дом секоја секунда е борба, а секое отчукување на срцето е молитва за шанса за нов живот. Органодарителството е највисокиот чин на човечност. Тоа е одлука со која во моменти на најголема тага и загуба избирате да бидете нечиј спасител и да подарите живот токму онаму каде што надежта згаснала, порачува таа.

На крај таа повторно потенцира дека едно ваше „да“ пишува нови поглавја во еден нечиј недовршен живот. Може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра. Од се срце му благодарам на Министерството за здравство што ме покани да бидам дел од оваа важна кампања. Ова е мисија за будење на нашата совест. Ве молам да не замижуваме пред туѓата болка, да зборуваме гласно, да разбереме дека хуманоста не прави поголеми луѓе. Подарете надеж. Подарете живот. Биди донор. Биди херој.

Видео обраќање од Гордана Лолеска – претседател на „Ретко е да си редок“ во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џани Инфантино: „Сакаме Светско првенство со 64 репрезентации“

Првиот човек на светската фудбалска асоцијација, Џани Инфантино ја најави можноста за проширување на Светското првенство на 64 репрезентации, што би можело да донесе нови можности за помалите земји.

Џани Инфантино: „Сакаме Светско првенство со 64 репрезентации“

Пред самиот крај на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека во блиска иднина на турнирот би можеле да учествуваат дури 64 екипи.

Проширување за 16 репрезентации би можело да се очекува уште за следниот турнир, кој ќе се игра во дури шест земји на три континенти.

Како што е познато, домаќините Уругвај (домаќин на првото Светско првенство во 1930 година), Аргентина (светски шампион во 2022 година) и Парагвај (каде што се наоѓа седиштето на Јужноамериканската фудбалска конфедерација – КОНМЕБОЛ) ќе бидат домаќини на по еден натпревар на почетокот на турнирот, додека останатите натпревари ќе се играат во Мароко, Португалија и Шпанија. Дали ќе ги има уште повеќе отколку на ова Светско првенство?

„Турнирот со 64 репрезентации е секако тема што ќе се разгледува и за која ќе се дискутира во надлежните комисии по ова Светско првенство“, изјави Инфантино во интервју за швајцарскиот „Bluewin“ и додаде дека турнирот е наменет за целиот свет, а не само за Европа и Јужна Америка.

„Секоја земја треба да има право да сонува за настап на Светското првенство. Може да се види дека квалитетот на репрезентациите е исклучително висок и постојано расте низ целиот свет. Ако не им се даде можност на помалите земји, тие ќе ја изгубат мотивацијата за напредок.“

Првиот човек на јужноамериканскиот фудбал, Алехандро Домингез, изјави дека негов сон е дури 64 репрезентации да се натпреваруваат на Светското првенство во 2030 година, додека УЕФА е против тоа.

Исто така, селекторот на Гана, Карлос Кеироз, протестираше и рече дека квалификациите го изгубиле своето значење. Сепак, поддржувачите на турнирот со 64 репрезентации велат дека би било „пофер“ бидејќи само првото и второто место од групите би продолжиле понатаму, односно нема да имаме ситуација како на ова Светско првенство со трети места и дополнителен пласман.

Инфантино претходно се обиде да го воведе Светското првенство две години, што беше одбиено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка

Според МВР  инцидентот се случил синоќа околу 22часот и 35 минути  кога во семејниот дом таткото кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.

Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка

Шокантен настан ја потресе јавноста, син со нож го убил татка си, кој претходно ја нападнал неговата мајка триесет и едногодишниот скопјанец вчера бил приведен откако претходно во полициската станица „Бит-Пазар“ било пријавено дека со нож му нанел убодни рани на својот 52-годишен татко

Според МВР инцидентот се случил синоќа околу 22часот и 35 минути кога во семејниот дом таткото кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.

По ова синот му нанел убодни рани на својот татко.полициски службеници, по преземените мерки, го привеле синот , а неговата 54-годишна мајка била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ е укажана лекарска помош.по наредба на јавен обвинител, телото на таткото е предадено на обдукција, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер