Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен
2Герасимовски: Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен
3Меџити: Чаир го решава проблемот со дивоградбите, 6 во Скопје, а 10 во државата по бројот на дивоградби
3Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра
АвтомобилизамJaguar Land Rover го менува името и идентитетот (ФОТО)Jaguar Land Rover сè уште постои, но сега под друго име.Со новата прераспределба, концернот ја носи ознаката JLR, а под неа се четири специјални брендови: Range Rover, Defender, Discovery и Jaguar. Сосема е јасно дека фановите на некогашниот теренски бренд загубија најмногу бидејќи Land Rover сега паѓа во втор план. Бидејќи воопшто не се споменува во соопштението, се добива впечаток дека веќе не постои како име. Сепак, достапните информации покажуваат дека SUV моделите ќе продолжат да ги носат ознаките на Land Rover, односно дека компанијата нема лесно да се откаже од легендарното име кое постои веќе 75 години, според Motor1. „Денес е возбудлив ден бидејќи го откриваме новиот идентитет на нашата компанија како дел од нашиот пристап „Куќа на брендови“. Уверен сум дека ова совршено ја илустрира амбицијата на JLR во модерниот луксузен простор“, рече извршниот директор Адријан Мардел. Креативниот процес зад новиот идентитет е фокусиран на елеганцијата, модерноста и суштината ориентирана кон иднината за да ја покаже насоката и амбицијата на компанијата, се вели во официјалното соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини објави секси видео и ги „сруши“ социјалните мрежиХоливудската убавица, сексапилната актерка Синди Свини повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи. Позната по своите бујни облини и цврсти гради, актерката Сидни Свини ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со својата најнова објава. Таа на Инстаграм направи – па, да речеме – жешка промоција на својот бренд за долна облека „Syrn“. Ја немаше подолго време, а потоа се појави на социјалните мрежи и ја „запали'“ јавноста на Инстаграм со едно жешко видео. Таа објави видео во бело чипкасто боди од нејзината најнова колекција, а вниманието на јавноста го привлекоа нејзините провокативни пози што ја разгореа имагинацијата на многумина. Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото Атрактивната водителка „гори“ во бикини,таа е секс-бомба и има 55 годиниМегапопуларната водителка и членка на светски познато музичко шоу, 55-годишната Аманда Холден со години плени со својот изглед на малите екрани, но и на социјалните мрежи, а нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема.Водителката Аманда Холден често воодушевува со својата прекрасна фигура и смели модни изданија. Со почетокот на летото, Аманда ужива да носи бикини и редовно објавува фотографии на социјалните мрежи. Во интервју за „Дејли мејл“, водителката ја откри и „својата тајна“, со оглед на тоа што, секогаш кога ќе ја видат, сите прашуваат само едно – како е можно да изгледа толку добро во својата шеста деценија. Како што самата истакна, таа го следи советот на Елизабет Харли за еден квалитетен оброк дневно. За појадок обично јаде омлет од белки со спанаќ, фета-сирење и авокадо, пие зелен сок, а потоа не јаде ништо сè до вечерата. „Јас сум вегетаријанка, па мислам дека веројатно затоа сум прилично здрава; ја сакам храната и го сакам алкохолот, особено Аперол во вакво време“, рече таа. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Ефикасни мерки за одржување на јавната чистота во КарпошИнспекциските служби од Општина Карпош презедоа акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. Оваа иницијатива произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви дежурства. За време на акцијата, дежурните инспекциските служби кои работеа во две смени, вршеа контроли на повеќе критични локации низ општината, кои во оваа ситуација ги следеа активностите поврзани со одлагањето на кабастиот отпад, како и постапките за почитување на законските надлежности. Со присуството на инспекциските служби на теренот низ општина Карпош се овозможи навремено постапување, а во случаите во кои беше забележано неправилно постапување на одложениот отпад, на правните односно на физичките лица им беа изречени прекршочни мерки. Оттука, во текот на месец мај и јуни беа изречени околу 30 казни за граѓаните кои не се придржувале кон пропишаните правила. Самата постапка говори за позитивниот ефект и придонесот за подобрување на фактичката состојбата со регуларното одлагање на отпадот. Во таа насока, Општина Карпош ќе продолжи со ваквите активности и во наредниот период, кои директно се насочени кон зачувување на животната средина и унапредување на јавната хигена во интерес на сите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook