Јадење од тиквици и сирење кое не се пропушта – Направете го од вечер и имајте спремен појадок - Канал 5

Јадење од тиквици и сирење кое не се пропушта – Направете го од вечер и имајте спремен појадок

Оваа пита лесно се приготвува, вкусна е и практична. Идеална за појадок за време на викендот или за носење на работа.

Јадење од тиквици и сирење кое не се пропушта – Направете го од вечер и имајте спремен појадок

Оваа пита со тиквички и сирење е брзо и лесно јадење кое може да го приготвите за појадок или ужина. Идеална е за вечерна подготовка, може да ја однесете на работа и да уживате во вкусниот оброк наредниот ден.

Во продолжение следува рецепт за овој оброк кој сигурно ќе ве воодушеви.

Потребно е:

1 тиквичка 400 г.

3 јајца

200 мл јогурт

100 г сирење

4 полни лажици пченкарно брашно

4 полни лажици бело брашно

1 прашок за печиво

Сол, бибер, сусам

Подготовка: Изрендајте ја тиквичката сосе кора на крупно. Вишокот течност исцедете го, посолете и додајте бибер по вкус. Сето тоа измешајте го со лажица. Јајцата изматете ги во посебен сад, додајте ги на тиквичката. Измешајте со лажица и додајте 200 мл јогурт во смеса. Потоа додајте го пченкарното брашно, белото брашно и прашокот за печиво. Повторно измешајте со лажица.

Изронетото сирење додајте го во вака приготвената смеса и повторно измешајте. Во тава ставете хартија за печење и истурете ја смесата. Посипете со сусам и печете во претходно загреана рерна околу 40 минути на 200 степени. За овој рецепт користена е тава со пречник 30 см. Кога питата ќе добие златна боја, извадете ја од рерна. Откако ќе се олади, може да ја послужите со јогурт. Уживајте!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Расте бројот на заболени со западнонилска треска.

Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци

Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот.

Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми.

Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човек

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од Лублин

Видео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри

Кратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи.

„Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот.

По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение.

Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот.

Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.

Во Собранието последна седница за пратенички прашања

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии.

Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер