Ја изневерувал сопругата со над 80 жени, таа му простила (ФОТО) - Канал 5

Ја изневерувал сопругата со над 80 жени, таа му простила (ФОТО)

Американски актер со кубанско потекло не губи време кога станува збор за жените

Ја изневерувал сопругата со над 80 жени, таа му простила (ФОТО)

Најпознатиот и најатрактивниот Американец, актерот Вилијам Леви ја изневерувал својата сопруга на секој чекор, а како што се наведува, тој ја изневерил со 80 жени, но се чини дека не и пречи или успеала да му прости (некако ), па таа се појавила со него на црвениот тепих.

Познатиот актер со кубанско потекло, Вилијам Леви, неодамна се појави на црвениот тепих со сопругата Елизабет Гутиерез, со која е во брак од 2003 година, и на тој начин ги изненади присутните и целата јавност.

Во текот на претходните години од неговата кариера и јавните настапи, биле откриени бројни скандали со колешките, вклучувајќи ги Хименез Наварет и Жаклин Бракамонтес, поради што дури и Леви бил на чекор до развод. Сепак, сето тоа „скрши“ кога излегоа и јавно прозбореа за аферата со актерот, а тој остро демантираше се`. Вилијам бил обвинет и за наводна измама со малолетничка, но обвинението набрзо било отфрлено.

Последниот скандал бил со Барбара Лопез, што за малку ќе го чинело брак.

Едвај чекал да ја одведе во кревет. За време на паузите, тој и кажал што сака да и направи, а таа паднала на неговиот шарм и, како и многу други, не можела да му одолее. За него тоа било само секс, но тој го платил со тоа што ја загубил мајката на своите деца - рекол извор за медиумите, додавајќи дека Леви ја изневерил својата сопруга со повеќе од 80 жени.

По тој скандал и афера, се зборувало дека неговиот брак дефинитивно завршил и дека неговата сопруга одлучила да стави крај на нивната приказна, па сепак, се чини дека успеале да најдат начин да ги надминат проблемите и да продолжат со нивната љубовна приказна.

Ќе видиме како ќе изгледа и колку долго ќе трае „брачната идила“ ...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари, насилство и имотни деликти

Граѓаните беа информирани за правата и мерките за заштита при постоење на родово базирано насилство.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожари, насилство и имотни деликти

Денеска (11.09.2026) во Тетово, Велес, Неготино и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, СВР Велес и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од имотни деликти, во рамки на кои, преку непосредна комуникација, ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби и измами, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен и печатен едукативен материјал.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Велес пак, на подрачје на ПС Карпош, како и општините Чашка и Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од пожари, укажувајќи им на граѓаните за потребата од соработка со институциите и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.

Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Кавадарци ПС Делчево и РЦГР Исток, во Велес, Кавадарци и Делчево спроведоа сообраќајни превентивни активности со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, посочувајќи им ја важноста од редовното одржување на техничката исправност на возилата, опасностите доколку користат мобилен телефон додека возат, како и потребата од почитување на сите сообраќајни правила.

Вчера (10.09.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола реализираа едукативни предавања за учениците од СОУ „Таки Даскало“ во Битола на тема „Превенција од зависности“ и „Спречување на врсничко насилство", со цел учениците да се информираат за последиците од различните форми на зависности како наркотици, алкохол, цигари, како и за начините како да се спречи врсничкото насилство. Полициски службеници од ПО Ропотово, во основното училиште „Исмаил Ќамили" во с.Црнилиште реализираа превентивна активност на тема „Безбедно во сообраќајот“. Денеска, пак, во Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип реализираше едукативни активности под мотото „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите со граѓаните им беа давани совети за заштита од насилство, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство.

Исто така, граѓаните беа информирани за правата и мерките за заштита при постоење на родово базирано насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина принцезата Астрид од Норвешка

Норвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот крал Харалд V, почина на 94-годишна возраст, соопшти кралската палата.

Почина принцезата Астрид од Норвешка

Нејзиниот брат Харалд почина минатиот месец на 89-годишна возраст, по повеќе од 35 години на тронот. Принцезата Астрид го имаше своето последно јавно појавување на неговиот погреб во среда.

Почина норвешката принцеза, сестра на кралот кој почина минатиот месец

„Принцезата Астрид го претставуваше кралското семејство на топол и совесен начин во текот на целиот нејзин долг живот“, изјави кралот Хакон VIII во соопштението.

Норвешка во среда одржа едноминутно молчење на погребот на Харалд V, современа личност која ги поврзуваше луѓето среде низа скандали што го означија крајот на неговото владеење. Значајни меѓу нив беа врските на неговата снаа Мете-Марит со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн и пресудата за силување на нејзиниот син Мариус Борг Хоиби.

Харалд се качи на престолот во 1991 година и беше најдолго владејачкиот монарх во Европа до неговата смрт. Тој секогаш одбиваше да абдицира и покрај бројните здравствени проблеми и беше исклучително популарен меѓу своите сограѓани.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања.

Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.

Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер