Ја бришат од социјалните мрежи зашто била ,,премногу секси” (ФОТО)

Бујната манекенка Нејлин Ешли (31) од Мајами го обвини ТикТок дека „ја дискриминирал поради нејзиното тело“ затоа што и ги отстраниле „премногу секси“ снимките.

Нејлин тврди дека платформата е најпозната по снимките на корисници кои танцуваат и изведуваат разни скечови и ги отстраниле снимките, иако истите снимки на други жени се уште се достапни.

„Тажна сум за тоа“,објави русокосата, која ја следат два милиони луѓе на Инстаграм.

Таа додаде дека бришењето на видеото и било особено болно затоа што во последните месеци наоѓала утеха во ТикТок.

"За време на карантинот, се заљубив во ТикТок. Мојот прв контакт со социјалните мрежи беше смешна снимка на Вајн, која денес е затворена. Кога Вајн беше затворен, се префрлив на Инстаграм. ТикТок беше излез за мојата духовитост, сè додека не сфатив дека тие ме дискриминираат поради мојот изглед “, рече таа.

Убедена е дека причина за тоа се нејзините бујни облини и дека алгоритмот ТикТок ја казнува како пример за другите.

"Сите позираат во бикини ова лето. Кога објавувам такво видео, дури и да не се гледа многу деколтето, веднаш ги бришат моите снимки и ги отстрануваат следбениците. Тие тврдат дека ги кршам правилата на заедницата", се пожали таа.

Целокупната ситуација и создава и финансиски проблеми, бидејќи наплаќа по 1.000 долари за спонзорирани објави. Освен ТикТок и Инстаграм, таа е активна и на Твич.

Таа се пожали и дека покрај мрежата, била дискриминирана и од нејзините следбеници.

„Добивам многу негативни коментари и навреди дека сум пластична што ме повредува, но така е на социјалните мрежи“, рече таа.

ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче

Нема вакцини за грип, нема проширени болнички капацитети, ниту план и стратегија.

Реакциите и активностите на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче се задоцнети и непромислени. Власта предлага мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ посочи дека треба да бидат направени уште во март, кога почна пандемијата. Тогаш власта немаше слух и сега ги гледаме последиците од тој нивен игнорантски однос.

Филипче тврдеше дека во текот на целата пандемија ќе заболат 2000 луѓе, сега тој број на луѓе заболува за само една недела. И кога виде дека се што презема не вродува со плод, почна да спроведува тоа што ВМРО-ДПМНЕ кажа, но со задоцнување од 7 месеци.

Ротацијата на кадар на инфективните одделенија од сите здравствени установи е мерка која што требаше да биде направена уште во март, дополнително на располагање на јавното здравство треба да се стават сите млади лекари и пензионери, исто така власта требаше да го искористи летниот период за зголемување на болничките капацитети. Но ништо од тоа не е направено.

Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче. Иако сме длабоко навлезени во есента нема вакцини против сезонски грип, не се проширени болничките капацитети, ниту пак има план и стратегија како да се бори против вирусот од кој секој ден се заразуваат неколку стотици наши сограѓани.

Целиот хаос по болниците и стравот кај граѓаните е предизвикан од неспособноста и надмениот однос на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче. Токму затоа Филипче треба да си даде оставка, и да се формира нова специјална комисија, се друго е манипулација со граѓаните и работење на нивна штета.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, прв дигитален

Владејачката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки.

Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници.

Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.

По завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги презентира донесените одлуки. Прес конференцијата ќе се реализа преку дигиталната платформата Зум.

Денеска времето ќе биде променливо обчачно со повремени врнежи од дожд

Дденеска времето ќе биде променливо обчачно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови.

Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.

притисни ентер