ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
1ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
МакедонијаИзвршен увид во реализација на неколку проекти во Општина КавадарциРеконструкција на градски базен, реконструиран интернатот за средношколци, изградба на спортска сала во село Марена, готова велосипедско - пешачка патека од Марена до соседното Глишиќ. Увид во реализацијата на овие проекти, денеска изврши премиерот Христијан Мицкоски. -Навистина има прилично голема динамика на реализација на капиталните проекти овде во Општина Кавадарци. Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на колегите во Владата коишто даваат се од себе за да обезбедиме некој денар плус за да може да се инвестира во општините и да покажеме разлика, тоа што во минатото се крадеше, сега се гради, истакна претседателот на Владата, во присуство на министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Тој нагласи дека во оваа насока ќе се продолжи и во иднина. - Општина Кавадарци во првите два повици доби околу седум милиони евра, нешто што претставува значаен драјвер и во локалната економија, но и го подобрува квалитетот на живот на самите жители на Кавадарци. Овој базен, градски којшто многу скоро од денес ќе биде пуштен во функција јас мислам ќе биде исклучително убаво место за кавадарчани да се дружат, да поминуваат дел од летните денови тука. И мислам дека ако се оди според динамиката, веќе следната година ќе го имаме во целосна функција, нагласи премиерот. Тој се заблагодари на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на колегите во Владата, на министерката за образование, на сите они, како што рече, коишто навистина вложуваат атом повеќе енергија за да граѓаните добијат поквалитетен живот. Градоначалникот Митко Јанчев појасни дека изградбата на спортска сала во село Марена, со корисна површина од 400 квадратни метри која ќе биде во склоп на подрачното општинско училиште ,,Страшо Пинџур’’, е нов модорен простор кој располага со соблекувални, тоалети и просторија за наставниците. Вистинска инвестиција во младите и спортот и во руралните средини, инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари. Тој се осврна и на велосипедско-пешачка патека Глишиќ – Марена. - По повеќе од 20 години, за сите љубители на пешачењето и велосипедизмот, конечно е изградена нова велосипедско-пешачка патека Глишиќ – Марена! Патеката е долга 854 метри и нуди безбедно и убаво место за рекреација. Инвестицијата од 10.000.000 денари е реализирана од Општина Кавадарци, сподели тој. Јанчев потсети дека ученички Дом „Крсте Петков Мисирков’“ во 2023 година со одлука на совет е под надлежност на Општина Кавадарци. -Самиот ученички дом располага со сопствена зграда од П+2 601 квадратен метар приземје, подрум, 1 кат од 438 квадратни метри и дополнителен трет кат од 430 квадратни метри и подкровје како четврти кат од 249 квадратни метри. Долгот на ученичкиот дом по преземањето под надлежност на општината беше 5.000.000 денари. Располага со вкупна површина и зелен простор од 4519,22 квадратни метри. Изминатиот период овој ученички дом имаше целосна реконструкција која опфаќаше комплетно реновирање на собите, тоалетите, кујна, ходници, фитнес простории и влезни партии, целосно надворешно осветлување. Вкупниот капацитет за сместување на ученици е 100 легла и најчесто ученици кои што се сместени се од Берово, Пехчево, Гевгелија, Дојран, Богданци. Со оваа реконструкција општината има вложено околу 10.000.000 денари, информираше градоначалникот. Тој појасни дека со комплетна реконструкција на Градски базен Кавадарци, се предвидува, нивото да се намали со комплетно нови плочки, нов пумпен систем за вода и филтри. На дел од големиот базен ќе се постават и топогани, а другиот дел ќе си остане рекреативен. Во малиот детски базен ќе се постават детски реквизити за водните лудории за децата, а во партерот ќе има и детско игралиште на гумена подлога. Комплетно ново реновирање на тоалети, соблекувални, тушеви, партер околу целиот базен, соба за доктор, влезни партии, нови кровови на постоечките шанкови, лежалки и се што е дополнително потребно за да Градскиот базен функционира како забавен воден парк и за младите и за повозрасните. Инвестиција во висина од 48.000.000,00 денари, од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!Со „освоеното“ 41. место меѓу 48 европски економии и со проектиран БДП од едвај 11.760 долари по жител, Македонија е официјално меѓу последните десет економии на нашиот континент. Ова не е само лоша статистика, туку сериозно предупредување за економската состојба и развојната перспектива на државата. Додека Владата помпезно се фали за економски успеси, инвестиции и развој, реалноста е дека Македонија останува меѓу најслабите европски економии. Граѓаните се соочуваат со низок животен стандард, слаба куповна моќ и сè поголема неизвесност, а државата нема убедлива стратегија како да го промени овој тренд. Наместо економија што создава домашна вредност, продуктивност и добро платени работни места, продолжуваме да се потпираме на увоз, евтина работна сила и инвестиции без речиси никаква развојна визија. Домашното производство е запоставено, земјоделството е сè понеизвесно, а зелената транзиција останува на маргините на економските политики. Дури и новите инвестиции, вклучително и дата-центрите, мора да се оценуваат според нивниот вистински придонес за економијата, отворањето квалитетни работни места, потрошувачката на енергија и вода и заштитата на јавниот интерес. На Македонија не ѝ требаат уште владини прес-конференции за економски успеси. Ѝ треба економија во која граѓаните ќе живеат подобро, домашното производство ќе има иднина, а инвестициите ќе создаваат долгорочна вредност. ДОМ бара Владата да престане да ги слави ваквите „резултати“ како успех и конечно да понуди сериозна развојна стратегија заснована врз зелена економија, домашно производство, енергетска сигурност и одржливи инвестиции. Економијата не се мери преку партиски соопштенија, туку преку вистинските показатели за куповната моќ и квалитетот на живот на секој граѓанин!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МетеоДождлив викенд со температура до 19 степениВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 13 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 15 Лазарополе, 16 Крушево, 17 Берово, 18 Претор, 19 Охрид, 20 Ѓуриште, 21 Виница, 22 Крива Паланка, Штип, 23 Прилеп, 24 Демир Капија, Струмица, Тетово, Битола, 25 Гевгелија, 27 Велес, 28 Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје – Петровец. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше засилен до силен ветер од јужен правец, кој повремено во Струмица достигнуваше брзина од 39 km/h, во Демир Капија, Виница и Прилеп 64 km/h, Во Штип и Крива Паланка 68 km/h, Во Ѓуриште 72 km/h, во Битола 75 km/h и во Тополчани повремено достигнуваше брзина од 84 km/h. До крајот на денот брзината на ветерот ќе се намали, а во крајните западни и северни делови ќе има услови за краткотраен слаб дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БалканСе обрати Вучиќ по апсењето на градоначалничката на Смедерево: Ја уапсивте поради депонија (ВИДЕО) Лидерот на листата „Александар Вучиќ - Единствена Србија“, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста во врска со апсењето на градоначалничката на Смедерево.- Ја уапсивте поради депонијата! Не поради пари, туку поради депонијата - забележа тој на почетокот од своето обраќање, тврдејќи дека насилниците дошле во нејзината канцеларија за да ја принудат да поднесе оставка, што таа во тоа време го одбила, објави Телеграф. Теророт е во тек, тврди Вучиќ, како и „затворањето на медиумите, мечот над главата на Информер, но и на сите други кои се осмелуваат да бидат непослушни“. - Не го кажувам ова за себе, туку за тие луѓе, за нивните семејства да знаат дека сме со нив и дека не се криминалци. И второ, заради историјата, за да знаат дека утре ќе дојде, и дека ова сега ќе се нарече „вчера“. Бакиќ мисли дека тој е гениј, а ние сме глупави. Сите директно расистички изјави и никој од РЕМ не сака да ги казни за тоа. Едно знам дека има луѓе кои гласаа за Студентскиот список, а кои не го сакаа ова - рече Вучиќ. - Луѓето сакаа мир и стабилност, а не нестабилност и непознавање на елементарната демократска пракса. А денес, додаде тој, добил информација дека португалски инвеститор, со кого преговарал 2 години за инвестиција во Бачка Топола, како што стојат работите, се откажува. - Дека една од најважните компании, која требаше да ни покаже нешто величествено и различно на ЕКСПО, се откажува. Ќе добиете официјално известување за ова во понеделник. Причините се едноставни: луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не ја чувствуваат стабилноста каква што отсекогаш сме имале и што отсекогаш сме ја обезбедувале. И можете да им кажете на луѓето, и можете да ги предупредувате секој ден: работите се влошуваат - рече Вучиќ. - Ќе трошат огромни суми пари за здравствена заштита, нема казни за предвремено пензионирање. Па кој ќе работи за нас тогаш, луѓето ќе се пензионираат масовно - изјави Вучиќ и праша „а како ќе ја финансирате државата“. - Некој многу посериозен мора да ја заврши таа работа. Па, да седнеме во фотелјата, да видиме кој ќе ја заврши таа сериозна работа. Им рече на обвинителите и судиите дека ќе одговараат за она што го прават. - Доаѓа време за пленуми и газење на демократијата. На луѓето во Србија кои нè поддржуваат, само сакам да кажам, знам колку ви е тешко. Знам што значи јавно да се срамат луѓе кои немаат ништо. Сè е исто како во времето на Демократската партија кога се правеа списоци на соодветни обвинители и судии - рече Вучиќ. Тој рече дека Единствена Србија ќе биде столб на стабилност и дијалог.Тагови: Александар Вучиќ градоначалничка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook