Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра - Канал 5

Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра

Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра во рамки на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“.

Извршен мониторинг на преку 250 православни културни добра

Скопје, 10 август 2022 (МИА) – Во текот на мај, јуни и јули извршен е мониторинг на состојбата на вкупно 253 православни сакрални објекти (цркви и манастири) во осумте епархии на МПЦ-ОА, што се наоѓаат на територијата на државава, во рамки на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ спроведуван од страна на ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.

– Во Скопската и во Повардарската епархија, извршен е увид на вкупно 48 православни добра, во Дебарско-кичевската епрахија на 71, во Преспанско-пелагониската епархија извршен е увид на 46 православни објекти, во Тетовско-гостиварската и во Кумановско- осоговската епархија на 50, а во Струмичката и во Брегалничката епархија извршен е увид на состојбата на 38 православни објекти, се наведува во соопштението од ИКОМОС Македонија.

Мониторингот на состојбата, спроведуван од страна на пет стручни тимови од ИКОМОС Македонија, се одвива континуирано и непречено во текот на летните месеци, благодарение и на срдечната соработка со надлежните лица од епархиите на МПЦ-ОА и со локалното население во посетените општини.

Во рамки на овој двегодишен проект, предвидено е да биде направин увид на состојбата на вкупно 700 православни сакрални објекти, кој ќе послужи за изработка на специјализирана база на податоци која ќе биде достапна за јавноста, и за давање препораки за превентивни и заштитни конзерваторски интервенции за невижното православно културно наследство.

– Специјализираната база на податоци ќе биде достапна онлајн и ќе содржи информации во однос на опфатените православни објекти како: основни податоци за црквата/манастирот, опис, состојба, претходни интервенции на доброто, зачуваност на изворната состојба/автентичност и интегритет и препораки за заштитни интервенции, кои ќе му користат на секој познавач или љубител на православното културно наследство. Истата планирано е да биде ставена во употреба на есен, соопштија од ИКОМОС Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)

Единаесет лица загинаа, а 16 други се повредени во пожар што зафати бензинска пумпа на тајландскиот остров Пукет, познат како туристички рај, соопштија официјални лица.

Трагедија во туристички рај: Десетина мртви и повредени во пожар во Пукет (ВИДЕО)

Пожарот на патот Фангмуанг Саи Кор избувна околу 3:15 часот наутро кога трансформатор експлодираше покрај патот, зафаќајќи бензинска пумпа на монети пред продавница за изнајмување мотоцикли, објави „Бангкок пост“.

Пожарот прво зафати една продавница, а потоа се прошири на четири соседни продавници во четирикатна зграда. На пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го стават пожарот под контрола.

Канцеларијата за односи со јавноста во Пукет соопшти дека бензин и мазива се складирани и во продавницата за мотоцикли и дека работниците живеат на горните катови од зградата. Осум жени и тројца мажи загинаа во пожарот, додека четири мажи и 12 жени беа повредени.

Командантот на полицијата во Пукет, генерал-мајор Сурачаи Суксаи, рече дека полицијата има снимки од надзор и сведоци и веќе ја исклучила можноста за палење.

Гувернерот на Пукет, Чотенарин Кердсом, рече дека првичната истрага утврдила дека веројатно се случил краток спој на столб на трафостаница пред продавница за мотоцикли за време на бурата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебата во Собранието за извештаите на ЕК за владеењето на правото

Во Брисел самит, а во Скопје дебата околу извештаите на ЕУ за владеењето на правото.. 

Дебата во Собранието за извештаите на ЕК за владеењето на правото

Корупцијата го кочи напредокот на земјата кон Унијата, затоа е потребно функционално владеење на правото и доследното спроведување на законите за враќање на довербата во правосудството, порача известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц. Тој во видео обраќање пред македонските пратенции во дебата посветена на владеењето на правото порача дека земјава ги спровела реформите и дека доколку го надмие спорот со Бугарија може да биде предводник во преговорите со ЕУ. Дека е потребно усвоените реформи во правосуството да не останат на хартија, туку да се спроведат и на дело од дебатата порачаа и швајцарскиот и шведскиот амбасадор во земјава.

За последните оценки во Извештајот за напредокот на земјава во однос на влАдеењето на правото и борбата против правосуството ставовите ги вкрСтија и власта и опозицијата.

На собраниската дебата беа презентирани забалешките за владењето на правото кои се повтруваат во псоледните три извештаи од Европската Комисија, а кои пред се се однесуваат на борбата против корупцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА

Македонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА..

Македонското друштво за патишта се зачлени во Европската асоцијација за асфалтни коловози – ЕАПА

Со ова членство се овозможува поголема вклученост на македонските стручни кадри во европските професионални мрежи како и можност за следење на новите технологии и стандарди во областа на асфалтните коловози.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер